Дупки предизвикани од негативните енергии во разни објекти и нивниот ефект

1. Вовед

При проучувањето на духовната димензија, SSRF наиде на необичен феномен на дупки кои се појавуваат во неживи објекти без било какво надворешно влијание. Ова воглавном се случуваше на предметите или во куќите на трагачите поврзани со SSRF. После проучувањето на бројни такви случаи преку истражување засновано на духовната наука, беше откриено дека овие дупки се створени од негативните енергии со цел да нападнат некој и да шират црна енергија во животната средина. Црната енергија е духовна енергија којашто е основно оружје на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

Преку истражување засновано на духовната наука откривме дека само негативните енергии од повисоко ниво т.е. суптилните мантрици, се способни да го предизвикаат овој феномен. Меѓутоа, негативните енергии од пониските нивоа под контрола на помоќните суптилни мантрици, се оние кои ја обавуваат конкретната работа на правење дупки.

[Повеќе информации за суптилните-мантрици  и другите видови на негативни енергии, се достапни во нашата секција за Духовите.]

2. Како да разликуваме дупки кои ги направиле негативните енергии од оние кои ги направил човек

Можно е да ги разликуваме дупките кои ги направиле негативните енергии од оние кои направил човекот, или од оние кои природно настанале со носење и кинење, врз основа на бројни фактори, како што се:

1. Без надворешно влијание: Пукнатини се појавуваат и покрај фактот што предметот стоел на безбедно место и немало никаков надворешен физички објект или штетници кои би можеле да нанесат штета т.е. да ги предизвикаат промените.

2. Брзина на случувањето: Клучна карактеристика на пукнатините кои ги прават негативните енергии е брзината на нивното појавување без било какви надворешни стимули.

3. Промени во пукнатините: Пукнатините се шират и го менуваат обликот или големината, со текот на времето.

4. Механизмот на создавањето дупки: Во некои случаи, начинот на кој негативните енергии создаваат дупки е со полевање на суптилна киселина која директно гори низ материјалот, како што е ткаенина. Меѓутоа, ова може да се забележи само преку развиено шесто сетило.

3. Видови на дупки коишто ги ствараат негативните енергии

Во следнава презентација од слики, претставуваме неколку примери на различни видови на дупки кои ги направиле негативните енергии.

 

4. Зошто негативните енергии ствараат дупки

Било каков вид на напад од страна на негативните енергии, формира суптилен слој од црна енергија кој на духовно ниво продолжува да ја загадува животната средина, објектот или лицето за подолг временски период. Преку овој чин негативните енергии се обидуваат да постигнат едно или повеќе од следново што е наведено:

  • Да му прават проблеми на општеството со ширење на црна енергија. Мачењето други им е вродено во нивната зла природа. Негативните енергии можат да го нападнат било кое место или објект, но сепак генерално на мета ќе имаат објекти кои се сатвик или објекти кои емитуваат голема количина Божествена свесност (Чаитанија).
  • Да им создаваат препреки на Божјите трагачи кои обавуваат редовна духовна пракса или да ги одвлечат од тоа. Тие исто така можат да нападнат и објект или облека која трагачите ја користат.
  • Да се спротивстават на позитивноста на Светците и нивната Божествена мисија. Негативните енергии се особено немилосрдни кога нивната енергија е насочена кон Светеци кои работат на воспоставување праведност (Дарма).

Овие видови на напади од негативните енергии се многу уникатни и се насочени кон оние коишто обавуваат духовна пракса за доброто на општеството и придонесуваат кон создавање на светот во Божествено Кралство.  Во многу ретки случаи, негативните енергии може да нападнат просечно лице од злоба, со намера да го заплашат. Веројатноста ова да се случи е 0.00001%.

Иако постои мала шанса овој феномен да му се случи на обичниот човек, вреди да се знае за тоа. Ова е слично на принципот кој стои зад нашата љубопитност за составот на Месечината или Марс, иако повеќето од нас никогаш нема да отидат таму.

5. Каков е специјалниот ефект на дупките во ширењето на црната енергија

Било кој предмет како што е парче облека или фотографија, прима соодветен проток на енергија. Количината и типот на енергија кој протекува низ објектот, генерално зависи од духовната состојба на лицето кое го користи. Кога лицето е на високо духовно ниво, неговите ствари воглавном и емитуваат и примаат позитивна духовна енергија. Со стварање на дупки во тие ствари, негативните енергии го попречуваат овој проток. Оваа дупка делува како пукнатина и како резултат на тоа, објектот не може да ја сочува позитивната енергија. Негативните енергии потоа ги користат истите овие дупки за да складираат црна енергија, да би можеле и понатаму да му прават проблеми на лицето на коешто му припаѓа предметот и луѓето кои го користат.

Во споредба со било кој друг вид на напад од страна на негативните енергии, правењето дупки бара максимална количина на суптилна негативна енергија. Исто така, откако ќе се направи дупка, многу е тешко да се поправи. На пример, облеката во која веќе е направена дупка, не може да биде составена како претходно. Ова е причината зошто, и покрај трудот кој треба да се вложи, негативните енергии ги избираат дупките како медиум за напад.

6. Видови на непријатности кои се јавуваат после напад од негативните енергии преку медиумот стварање дупки

Кога едно лице е погодено преку медиумот на стварање дупки од страна на негативните енергии, може да се јават непријатности на било кое или сите од следниве нивоа:

1. Физички: чувство на тежина, гадење, болки во стомакот, темни прстени под очите, осеќање лош мирис од предметот, вртоглавица, неизедначена боја на кожата, запишени уши, болка во увото, тешка главоболка, вкочането тело, чувство на убоди и боцкање од игли на рацете и нозете, итн.

2. Психолшки: неможност да размислува јасно, депресија, итн.

3. Духовни: Недостаток на ентузијазам за духовна пракса, чувство да сакаме да ја одложиме духовната пракса, итн.

7. Колку долго трае ефектот на дупките?

Ефектот од дупките кои ги створиле негативните енергии на предметите, може да остане засекогаш, но траењето на ефектот најмногу ќе зависи од силата на мантрикот кој ја создава. Во некои случаи лицето може да преземе духовни мерки како би го намалил или отстранил ефектот на дупката. Во други случаи, секоја понатамошна употреба на таквиот предмет може да предизвика големо вознемирување и поради тоа не се препорачува понатамошна употреба на предметот.

8. Ефектот на правање дупки врз негативната енергија (мантрик)

Негативните енергии, исто така се погодени кога ствараат дупки или прават слични промени на објектите, посебно на оние кои се поврзани со Светците од високо ниво, кои работат на повторно воспоставување на Правдата (Дарма). Ова беше случај со негативна енергија која нападна фотографија на Неговата Светост Др. Атавле  (прикажана под текстот кој следи).

Г-ѓа Јоја Вале, трагателка со развиено шесто сетило, го нацрта следниов цртежот заснован на знаењето за духовната димензија, кој ни прикажува детали за суптилниот ентитет кој го извршил нападот.

Негативниот ентитет во цртежот заснован на знаењето за духовната димензија е долг околу 20-25 сантиметри. Тој има остри нокти кои можат да држат и огребат било што. Негативна енергија се емитува од него во должина од 90 до 120 сантиметри или повеќе. Тој, исто така, може да добие и други илузорни форми. Тој ја изгреба фотографијата со голема сила и гнев, на тој начин ширејќи црна енергија на фотографијата.

Во случајот на претходната фотографија, според Божественото знаење преку истражување засновано на духовната наука, негативната енергија ја нападнала фотографијата на Н.С. Др. Атавле со намера да ја стопира фотографијата од духовно прочистување на животната средина. Негативната енергија ја нападнала фотографијата преку своите натприродни моќи користејќи го Апсолутниот Космички Елемент Оган (Теѓтатва), но Божествена енергија која се емитувала од фотографијата на Н.С. Др. Атавле, ја допрела заштитната обвивка на негативната енергија и почнала да ја топи.

Можеби се прашувате, зошто негативните енергии продолжуваат да ги напаѓаат Светците и трагачите преку дупки, и покрај штетниот ефект врз нив? Ова е затоа што нивната желба да го попречат духовниот напредок на човештвото кој се одвива преку Светците е многу голема, па така тие продолжуваат да се трудат во тоа. Поради високото его, тие ја користат оваа ситуација и да ги покажат своите духовни сили. Од ова може да се види штетниот ефект на егото.

9. Како да се заштитиме од негативниот ефект на дупките створени од негативните енергии

Најдобрата и најодржлива заштита против ваквите напади на негативните енергии е зголемување на духовната пракса во согласност со шесте основни принципи на духовноста.

Постојат и некои специфични мерки кои можат да се преземат како што се користење на Свет пепел (Вибути), прочистување на предметот со палење на миризливи стапчиња или духовно исцелување преземано од Светец кој е на високо духовно ниво. Меѓутоа, придобивката од овие духовни мерки ќе зависи од духовната емоција (бав) и духовното ниво на тоа лице, силата на нападот и други фактори.

10. Искуства поврзани со ефектот на дупките кои ги направиле негативните енергии

Анализа на случајот – 1

Од овој пример можевме да ја проучиме суптилната битка која се одвива помеѓу дупките кои ги створиле негативните енергии и духовната позитивност која ја емитувал погодениот објект (фотографија на Неговата Светост Др. Атавле)

Анализа на случајот – 2 

Оваа анализа на случајот го опишува ефектот на дупките кои спонтано се појавиле на дрвениот под во домот на трагач.

Анализа на случајот – 3 

Оваа анализа на случајот ја опишува појавата на дупки во пижами додека лицето спиело.