1. Вовед
Во оваа анализа на случајот, опишуваме како изгорел олтар и сите слики од Божества кои биле поставени на него. Настанот е опишан во зборовите на г-ѓа Прити Гогар, трагателка која обавува редовна духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле.
2. Опис на настанот спонтано палење на олтар
Во 2005-та година, се преселивме во Баџанагар, Андра Прадеш во Индија. Во тоа време, трагачите не се трудеа да шират “Духовност” во Баџанагар. Не се одржуваше сатсанг, ниту пак постоеше сева кендра (сева кендра е место каде трагачите живеат заедно со цел колективно да служат и шират Духовност) во Баџанагар. Во нашата куќа средивме и наместивме посебна соба за медитација и почнавме да обавуваме Арти (обредно Богослужење кое се изведува со помош на ги ламба) двапати на ден. Многу брзо после тоа, трагачите почнаа повеќе да се трудат во ширењето на Духовноста. Сите трагачи кои ја користеа собата за медитација, осетија Божествена енергија во неа.
Едно утро, како и обично во 05 : 30 часот обавував Арти во собата за медитација. При обавувањето Арти користиме ги ламба. Откако ќе се изгасеше оганот во ги ламбата, како и обично ја затварав вратата од собата за медитација. Во 11 : 00 часот, осетив мирис во куќата како нешто да е запалено. Додека бев во потрага по причината низ куќата, забележав црн чад кој излегуваше под вратата од собата за медитација. Ја отворив вратата од собата за медитација и видов дека сликите од Божествата во собата горат. Шалот кој беше поставен под сликите исто така гореше, а изгорени црни парчиња од шалот паднале на фотографијата од Н.С. Др. Атавле. Трагачите кои тогаш беа присутни со мене во собата, осеќаа дека оганот е резултат на суптилен напад од страна на негативните енергии, кои сакаа да го запрат протокот на Божествена енергија која трагачите можеа да ја осетат во собата за медитација.
Следнава презентација од слики ја прикажува сцената и сликите на Божествата кои беа запалени
Олтар кој спонтано изгорел
3. Суптилна анализа на нападот
Спроведовме истражување засновано на духовната наука, односно суптилна анализа за овој случај на спонтано палење, со користење на развиено шесто сетило. Анализата ја спроведовме со цел да утврдиме што навистина се случило во духовната димензија, за да така автоматски се манифестира оганот во физичката димензија, без било каква рационална причина. Во овој случај, имаме и цртеж заснован на знаењето за духовната димензија кој го опишува актуелниот напад во духовната димензија. Г-ѓа Јоја Вале, трагателка со високо развиено шесто сетило, се врати назад во времето и виде што се случило во духовната димензија, а исто така ја виде и природата на ентитетите кои го предизвикаа пожарот. Погледнете ја сликата која следува.
Неговата Светост Др. Атавле ги проверува сите цртежи на Јоја и ја потврдува точноста на она што го видела. Овој цртеж е со точност од 80%, што укажува на високо ниво на точност.
Околу овој цртеж е поставена рамка која го содржи принципот на Шри Кришна со цел трагачите да не осетат било какви непријатности додека гледаат во сликите или цртежот заснован на знаењето за духовната димензија.
Јоја прво видела три форми од црна енергија кои се материјализирале во собата за медитација. Како што формите почнале да се кристализираат, таа ги видела како три демони. Претходниот цртеж заснован на знаењето за духовната димензија покажува како демоните изгледаат од позади. Трите демонски енергии имале скелетни форми и секогаш работеле заедно. Демонот во средината беше главен и пренесуваше енергија на другите двајца со држење на рацете. Околу главата на демонот во средина кружеше прстен од црна енергија. Сепак, трите демони беа само конечни извршувачи на нападот. Всушност тие дејствувале по наредба на мантрик (моќна негативна енергија) од 5-от регион на Пеколот (Патал).
Демонот во средина почнал да се концентрира на примање што повеќе црна енергија од мантрикот. Црната енергија потоа се пренесува на другите демони, кои потоа ја пренеле во собата за медитација. Потоа, одеднаш пренесената црна енергија ја исполнила и обвила целата соба и тогаш избил оган (како огнена топка). Веднаш оганот го зафатил прекривачот на олтарот и се разгорел. Пламенот потоа се проширил на секоја од сликите на Божествата. После тоа, демоните речиси моментално се де-материјализирале и исчезнале од местото.