Содржина
1. Универзални енергии и духовни книги
Постојат 3 видови на Универзални Енергии до кои може да се пристапи за да се добие знаење кога станува збор за пишување книга за Духовноста. Во зависност од видот на енергија до која се пристапува, добиваме различна длабочина на духовен увид достапен, како и различно ниво на Божествена свесност (Чаитанија).
1.1 Енергија на Универзумот – Апсолутна Волја (Иќа-шакти)
При самато стекнување на знаење за Духовноста, на ниво на Енергија на волјата (Иќа-шакти), едно лице може да пристапи до знаење на духовната димензија со согледување на нејзините особини, форма и боја.
За да го разбереме ова, можеме да земеме еден пример, жена која неможе да забремени од духовни причини т.е. поради нарушување предизвикано од суптулно тело на преминат предок. Медицнската наука овде нема да може да пронајде очигледна патологија т.е. причината за проблемот. Понекогаш духовната причина во таков случај, може да се манифестира како физичка причина, како што е запишен јајцевод или бенигнен тумор на матката. Обично во таквите случаи и покрај успешниот третман на она што се гледа како причина, тој проблем (т.е. неможноста за зачнување) не е решен.
Сепак, медицинската наука, не може да ги опише причините за проблемот на духовно ниво. Сега да претпоставиме дека некој со високо развиено шесто сетило, кој има пристап до Енергијата на волјата, го истражувало случајот на таа жена. Таквите лица, би биле во можност да го согледаат влијанието во форма на темен облак од црна (негативна) енергија, која ја опфатила утробата на жената. Па така, книгата напишана со таков увид на Универзално Знаење може да обезбеди увид од таква длабочина (или ќе овозможи доволен (поблизок, детален) опис на вистинската причина за проблемот). Колку степенот на знаење за причината е подлабок, толку повисоки се шансите за решавање на истата.
1.2 Енергија на Апсолутната Акција (Крија-шакти)
Додека пак пишување за Духовноста, на ниво на Крија-шакти (Енергија на Апсолутната Акција), поради пристапот до овој вид на енергија, лицата се во состојба да ја разберат и причината и ефектот од некоја појава.
Во истиот пример, наведен погоре, едно лице со високо развиено шесто сетило, кое може да пристапи до Енергијата на Апсолутната Акција, ќе може да согледа дека црниот облак од црна енергија бил предизвикан од суптилно тело на преминат предок.
1.3 Енергија на Апсолутното Знаење (Нијан-шакти)
Кога ќе се пристапи до духовно знаење на ниво на Нијан-шакти (Енергија на Апсолутното Знаење), лицата се во состојба да ја разберат духовната наука која лежи зад причината и ефектот од некоја појава.
Ајде и овде да го земеме истиот, горе-споменат пример. Едно лице со високо развиено шесто сетило, кое може да пристапи до Енергијата на Апсолутното Знаење, ќе биде во можност да ги согледа причните поради кои суптилното тело на преминатиот предок влијаело на жената. На пример, ако причината за влијанието била некоја неподмирена сметка на земање и давање помеѓу нив. Ова лице, односно лицата со високо развиено шесто сетило, исто така, ќе бидат во можност да наведат детали, како на пример, точната природа на кармата – сметката на земање и давање, кога почнала, во кој живот, како може да се реши, итн.
2. Кој може да пристапи до овие Универзални Енергии за да пишува книги за Духовноста
Кога едно лице е благословено со шесто сетило, тоа е во можност да пристапи до овие Универзални Енергии. А ова шесто сетило е развиено благодарение на духовната пракса обавувана во овој или во некој претходен живот.
До овие Универзални Енергии може најефикасно да се пристапи на следниве духовни нивоа.
Универзална Енергија | Духовно ниво |
---|---|
Енергија на Апсолутната Волја | 70-80% |
Енергија на Апсолутната Акција | 80-90% |
Енергија на Апсолутното Знаење | 90-95% |
Забелешка:
- До Енергијата на Апсолутната Волја почнува да се пристапува кога едно лице е на духовно ниво некаде околу 50%.
- Лицето кое има пристап до повисоките Универзални Енергии, исто така, има пристап и до овие ниските. На пример ако едно лице има пристап до Универзалната Енергија на Апсолитната Акција, исто така, има пристап и до Универзалната Енергија на Апсолутната Волја.
3. Ниво на Божествена свесност во книгата за Духовноста во зависност од пристапот до Универзалните енергии
Способноста да се пристапи до овие Универзални Енергии станува се повеќе и повеќе важна кога станува збор за пишување книги за Духовноста. Кога едно лице е во состојба да пристапи до вишите Универзални Енергии, тоа исто така е и во можност да пристапи до повисоки износи на Божествена свесност. Колку е поголем износот на Божествена свесност во книгата, толку подобро книгата ќе комуницира со она што е над зборовите, и на тој начин влијае на читателот и му донесува придобивка која го надминува самиот пишан текст. Обичните книги можат да комуницираат само преку зборови. Кога се пишуваат книги и притоа се има пристап до Универзалните Енергии, тие на читателите можат да им донесат духовни искуства. Овие духовни искуства се искуства како што се Духовна емоција (Бав), Блаженство (Ананд), итн. Овие искуства ја зголемуваат верата на читателите во Духовноста и на тој начин го забрзуваат нивното духовно патување. Следната табела прикажува колку една книга пишана со помош на пристапот до различни Универзални Енергии, содржи Божествена свесност. Табелата подолу исто така, го прикажува и нивото на книгата до кое може да ја пренесе Духовноста на читателот.
Универзална Енергија | % на Божествена Свесност | Ниво на кое комуницира (пренесува) / делува |
---|---|---|
Енергија на Апсолутната Волја | 5% | Воглавном збор |
Енергија на Апсолутната Акција | 30% | Збор и Божествена свесност |
Енергија на Апсолутното Знаење | 100% | Воглавном Божествена свесност |
Еден совет од авторите на духовни книги: Дури и ако едно лице е во состојба да пристапи до знаење од духовната димензија, се препорачува да лицето кое е во состојба да пристапи до таквото знаење, пишува книги само под водство на духовно возвиешен водач или Светец. Ова се препорачува затоа што, негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) можат негативно да го опструираат или влијаат на добиеното знаење, и на тој начин да ја намалат духовната ефикасност на книгата. Тие обично тоа го прават со тоа што на текстот од добиеното знаење, шират црна (негативна) енергија, која може да предизвика збунетост (непријатност, нарушување) кај читателите, или со давање на делумно или целосно неточни инфирмации.