Животот и предвидувањата на Нострадамус – духовно истражување

Резиме:

Овој напис обезбедува духовна перспектива за животот и предвидувањата на познатиот јасновидец Нострадамус. Духовната цел на неговиот живот беше да ја надмине својата приврзаност кон натприродните моќи, кои што ги имаше стекнато преку обавување духовна пракса во текот на многуте претходни животи. Поради желбата за слава и прекумерната фасцинација за неговите натприродни моќи, отстапил од патот на својата духовна цел во животот на Земјата. Приказната за неговиот живот служи како предупредување за оние кои се обдарени со некои натприродни моќи или шесто сетило.

Ова истражување засновано на духовна наука беше обавено, преку активираното и високо развиено шесто сетило на Г-ѓа Анѓели Гадгил, трагателка од SSRF. Нејзината духовна анализа беше проверена и потврдена од страна на Неговата Светост Др. Атавле.

1. Вовед

MKD-Nostradamus-artМишел де Ностредаме (1503 – 1566), популарно познат како Нострадамус, беше еден од најпознатите светски јасновидци. Неговите предвидувања за 500 години во иднината, како и за денешните времиња, го фасцинираа целиот свет. Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), неодамна спроведе истражување засновано на духовната наука за духовниот живот на Нострадамус, кое се однесува и на неговиот извонреден дар. Целата содржина во овој напис е добиена преку медиумот на високо развиено шесто сетило (ESP).

Во сите случаи каде едно лице има психички способности или е во состојба да гледа во иднината, во суштина тоа е дар добиен поради духовната пракса која лицето ја обавувало во претходните животи. На кој начин го користиме овој дар, може да влијае на нашето духовно патување и на регионот во кој одиме после смртта.

2. Духовно истражување засновано на духовната наука – причините за дарот на предвидување на Нострадамус

Пред својот живот на Земјата (Булока), тој обавувал духовна пракса во суптилниот регион на Рајот (Сваргалока). Како резултат на оваа духовна пракса, Нострадамус добил два типа на натрприродни моќи:

  1. Натприродна моќ на визија т.е. можеше да види што ќе се случи во иднината.
  2. Натприродна моќ на говор т.е. можеше да го вербализира она што ќе го видеше или она што ќе му беше кажано преку суптилната димензија и тоа ќе се оствареше.

3. Истражување засновано на духовната наука – причината за раѓањето на Нострадамус и целта на неговите предвидувања

Луѓето кои имаат натприродни моќи обично имаат тенденција да ги користат за световни причини за себе или за општеството. Според Духовната наука, користењето на натприродни моќи за да се оркестрира било какво исполнување на световни желби за луѓето, или за да се добие популарност, може да има негативен ефект на духовниот раст на лицето кое ги користи своите натприродни моќи за ваквите цели. Поради оваа причина на луѓето кои имаа натприродни моќи им се препорачува да ги користат своите моќи за нивната понатамошна духовна пракса со цел Богоспознание, и да ги користат под водство на духовно возвишен водач (Гуру). Гуруто го насочува ученикот да ги користи своите духовни моќи за Богоспознание.

Нострадамус мораше да се роди на Земјата, за да се ослободи од влијаниата, односно контролата која ја имаа неговите натприродни моќи над него. Неговата духовна цел беше да добие насочување во практикувањето Духовност и да го продолжи своето духовно патување кон понатамошните позитивни региони.

4. Духовно истражување засновано на духовната наука за животот и предвидувања на Нострадамус од духовна перспектива

Преку медиумот на неговите натприродни моќи, Нострадамус направил многу точни и прецизни предвидувања. Многу пати тој јасно ќе можел да ја слушне или види иднината преку медиумот на звук или визија. Во почетокот на неговата кариера, го водеа три божествени суштества од повисоките суптилни региони. Тие тоа го правеа, користејќи ја натприродната моќ на Нострадамус како медиум.

Со текот на годините, Нострадамус стана прекумерно амбициозен и инвестираше многу време во неговиот дар, гледање во иднината. Тој претходно ќе примаше оригинални информации за многу настани преку неговите божествени натприродни моќи. Бидејќи тој ќе сакаше да го соопшти она што ќе го видеше, луѓето ќе дојдеа до знаење за идните опасности и ќе можеа да преземат заштитни мерки против нив. Ова ги разлути духовите, бидејќи нивните планови да им создаваат проблеми на луѓето пропаѓаа. Како резултат на тоа, суптилни мантрици од 4-от регион на Пеколот (Патал), почнаа да го напаѓаат неговиот мозок, преку медимот на конци од црна енергија. Овие суптилни мантрици имаа способност на создавање илузорни визии.

Поради нападите од духовите, неговиот мозок беше под нивно влијание и препреки беа создадени да стимулите стигнат до неговиот мозок. Како резултат на тоа, неговото однесување стана чудно и ексцентрично.

Како резултат на тоа, во неговите подоцнежни години, тој патеше од напади на депресија. Тој, исто така, немал Гуру, што значи дека немал ни на кој да се обрати на духовно ниво. Затоа ја немал ни духовната сила на Гуруто, која би го штитела, ниту неговото духовно водство. Духовното истражување засновано на духовната наука, покажува дека неговиот личен живот бил полн со внатрешна тага, за која луѓето околу него воопшто не биле ни свесни.

Во почетокот, врз основа на неговата натприродна моќ на визија, Нострадамус ќе добиеше предвидувања преку визии и сцени. Со текот на времето славата и признанијата од луѓето го понесоа. Овој дефект на неговата личност, духовно го ослабил. Суптилните мантрици (најмоќни духови) ја искористија оваа духовна ослабенсот. Создаваќи илузии, суптилните мантрици почнаа да прекунуваат некои од неговите визии, уфрлувајќи во нив свои визии. Тие го нападнаа Нострадамус со црна енергија, прошарана во илузорните визии со кои тие го снабдуваа. Ова е ефективна метода која духовите ја корситат за да ги напаѓаат јасновидците. Како последица од тоа, неговите очи добија остар и агресевен изглед и влијанието на црната енергија од суптилните мантрици стануваше очигледно.

Поради ова суптилно влијание на духовите и неговата лична желба за слава, суптилната атмосфера околу него имала суптилен непријатен мирис. Наместо да се чувствуаат позитивно во негово присуство, луѓето почнале да се осеќаат непријатно. Многу од сатвик луѓето кои биле негови пријатели и колеги, почнале да се дистанцираат од него. Токму оваа суптилните мантрици сакаа да се случи.

Нострадамус ја искористил својата слободна волја, за да добие дополнително зацврстување во неговата фасцинација за натприродните моќи и слава. Како резултат на тоа, тој сам себе се лиши од понатамошна духовна пракса на Земјата. Ефектот на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) само дополнително ја влошија целокупната состојба. Полека, залихите на неговата духовна пракса од неговите претходни животи, беа исцрпени. Заради тоа, во времето на неговата смрт, суптилното тело на Нострадамус, беше заробено од страна на оној истиот суптилен мантрик и мораше да живее во регионот на Чистилиштето (Бувалока). На кратко, наместо да го искорсити своето време на Земјата да обавува духовна пракса, со што би постигнал повисок позитивен регион, тој после неговиот живот на Земјата, назадауваше од суптилнот регион на Рајот, во суптилниот регион на Чистилиштето.

5. Предупредувачки точки кои можеме да ги научиме од животот и предвидувањата на Нострадамус

Нашето духовно патување може да биде една лизгава патека, полна со опасности, поради нашите лични недостатоци на карактерот. Иако, Нострадамус бил обдарен со натприродна моќ на предвидување, тој не ја искористил за да го зголеми својот духовен раст. Само по себе, предвидувањето на иднината не спаѓа во духовна пракса. Ако неговиот примарен фокус беше на неговата духовна пракса, тогаш неговата иднина дефинитивно би била различна.

Поседувањето на натприродни моќи не е доволно; туку е неопходно да лицето континуирано обавува духовна пракса, да работи на смалување на своето его, и разградување на умот и интелектот. Под разградување на умот и интелектот, се подразбира надминување на нашите површни световни чувства и мисли, бидејќи на тој начин добиваме пристап до вишиот, божествен Универзален Ум и Интелект. Нашиот ум и интелект се условени од нашите искуства и навики, и затоа неможат да излезат надвор од бариерата на времето, ниту надвор од минатото, ниту надовор од иднината. Бидејќи Универзалниот Ум и Интелект е божествен, функционира преку Апсолутното знаење на целото минато и иднина, и не е ограничен со условување на индивидуалното искуство. Не ослободува од канџите на индивидуалната волја, и ни овозможува да ја разбереме Божјата волја. Како резултат на тоа, едно лице може да нурне во сопствената Душа (Бог во секој од нас) и да го достигне врвот во Духовноста – да се соедини со Бога.

Во молиме погледнете го написот за духовното ниво кое покажува дека со зголемување на нашето духовно ниво се разградува умот и интелектот.

На пример, некои од трагачите на SSRF кои имаат високо развиено шесто сетило на визија, го користат за да цртаат, цртежи засновани на суптилното знаење, како би го едуцирале општеството за духовната димензија. Тие тоа го прават како дел од нивната духовна пракса, под водство на Неговата Светост Др. Атавле. Под никакви околности тие не го користат својот дар за профит и слава. Тие се постојано будни, како не би станале горди на својата дарба, и како последица на тоа да се зголеми нивното его.

Историјата е полна со примери за тоа како духовно возвишени луѓе, назадувале духовно со тоа што ги понела демонстрацијата на нивните натприродни моќи. Тие станале идеални цели за суптилните мантрици кои ги намамиле а потоа ги оставаат заробени во таа состојба во текот на многу животи. Нострадмус е пример за таква духовно возвишена личност која духовно назадувала, бидејќи бил заробен во демонстрирањето на неговите натприродни моќи.