Живот пред раѓањето – период пред зачнувањето

За полесно да го разберете овој напис, ве молиме прочитајте ги и следниве написи:

1. Вовед во животот пред раѓање

Дали овој живот е се што имаме? Од каде доаѓаме пред да се родиме? Каде заминуваме кога умреме?

Овие прашања без сомневање ќе ни бидат познати на повеќето од нас. Пред некое време го објавивме написот  ’Живот после смртта’. Со духовно истражување во серија од два написи ќе го откриеме нашиот живот пред раѓањето. Тие два дела се:

Причината за објавување на двата написи, живот пред раѓањето и живот после смртта, е да го свртиме вниманието на тоа дека животот го живееме од некоја причина. Законот на кармата владее со целиот наш живот. Животот што го живееме во овој живот, го одлучува квалитетот на следниот живот. Парадоксално, додека повеќето луѓе се интересираат за духовниот живот пред раѓањето или за животот после смртта, само неколкумина сакаат да направат нешто конкретно по прашањето за својот духовен живот на Земјата. Тоа е важно за подобар живот после смртта и во наредното раѓање и што поскоро да излеземе од кругот на раѓање и умирање.

2. Каде се наоѓаме пред раѓањето?

Кога умреме на Зенјата, ние (те. нашите суптилни тела) заминуваме во некој од регионите на Универзумот зависно од духовното ниво и стекнатите заслуги и гревови. Таму остануваме некое време пред да добиеме шанса поново да бидеме родени на Земјата (Погледнете ја точката 2.4 – во кои суптилни региони најчесто одиме.)

2.1 Живот пред раѓањето: Регионот на Рајот и над него

Во денешно време, само двајца од нас 100 ќе можат да ги достигнат позитивните региони на Универзумот како што се Рајот (Сваргалока), Махалока итн. Во вишите региони на Универзумот, преовладуваат среќа и Блаженство.

Останатите заминуваат или во Чистилиштето (Бувалока) или во некои од регионите на Пеколот (Патал). Таму преовладува несреќна состојба и екстремно страдање.

2.2 Живот пред раѓањето: Чистилиште (Бувалока)

Страдањето кое се чувствува во Чистилиштето (Бувалока) генерално е многу поголемо отколку на Земјата, затоа што таму нема многу слободна волја. Суптилните тела од вишите региони, како што се Рајот и Махалока духовно водат 10 % од суптилните тела во Чистилиштето (Бувалока). Овие 10% суптилни тела се трагачи кои чезнеат по духовниот напредок. Во овој регион, во просек 2% од суптилните тела се потполно контролирани од судбината, а просечно 88% суптилни тела се опседнати од духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.) кои што ги контролираат. Овие суптилни тела се во потполност свесни дека се опседнати од духовите, но не можат да се заштитат, затоа што немаат ниту најмалку духовна енергија.

2.3 Живот пред раѓањето: Регионите на Пеколот (Патал)

Дури и најтешкиот дел од животот на некое лице на Земјата е подобар од оној во регионот на Пеколот. Во пеколот суптилните тела 100% се контролирани од помоќните негативни енергии. Се што повеќе се оди подлабоко во регионите на Пеколот, страдањето и болката се повеќе се зголемуваат. Во регионот на Чистилиштето во просек остануваме од 50 до 400 години пред да станеме достоинствени за повторно раѓање на Земјата. Во случај на Пеколот, можеме да страдаме илијадници години пред да добиеме можност повторно да се родиме на Земјата.

2.4 Духовна пракса во суптилните региони

Следната табела ја покажува веројатноста во кој суптилен регион ќе заминеме после смртта во овој живот.

3-MKD_Which-subtle-region-table

Единствено што може да го намали страдањето во нижите суптилни региони на Универзумот е духовната пракса. Меѓутоа, веројатноста за вршење на духовна пракса во нижите суптилни региони на Универзумот (Чистилиштето или Пеколот) е еднаква на нула. Интензивното страдање заедно со нападите од моќните духови ја прави околината невозможна за вршење духовна пракса, а суптилните тела се фокусираат на преживување за да ја поднесат суровоста на средината.

Во суптилниот регион на Рајот (Сваргалока), среќата е толкава да суптилните тела се понесени од тие искуства и тешко дека ќе вршат било каква духовна пракса. Значи, додека суптилните тела во Рајот теоретски можат да вршат духовна пракса, веројатноста дека тоа ќе се случи е минимална поради разните задоволства што им го одземаат вниманието од Бога.

Духовната пракса може да се врши и навистина единствено се врши во вишите суптилни региони Махалока до Сатјалока. Суптилните тела што се наоѓаат во овие региони не мораат повторно да се раѓаат на Земјата за да ја подмират сметката на земање и давање или да вршат духовна пракса.

Животот во регионот на Земјата е од големо значење, затоа што тоа е единствено место на кое луѓето од нижите региони можат да се родат за да вршат духовна пракса, да ја подмират сметката на земање и давање и така да излезат од кругот на раѓање и умирање.

2.5 Дали сме свесни за нашите претходни животи додека сме во суптилните региони?

Просечното суптилно тело генерално само се сеќава на случувањата од последниот живот на Земјата. На претходните раѓања не се сеќава освен доколку не се многу впечатливи. Ова зависи од времето во кое суптилното тело повторно ќе се роди на Земјата. Желбата да знаеме нешто од претходните животи не е најважна работа во регионите како што се Чистилиштето или Пеколот. Избегнувањето на несреќи, одбраната од влијанието на духовите и агонијата на одвоеност од луѓето за кои се врзани, генерално највеќе ги окупира суптилните тела во Чистилиштето.

2.5.1 Зошто не се сеќаваме на претходните животи во овој живот?

Кога доаѓаме на овој свет, ги забораваме претходните животи во суптилните региони како и животите на Земјата. Нашите физички сетила го надвладеат шестото сетило и ја губиме способноста за согледување на минатите животи. Тоа е Божја милост што не можеме да се сетиме на претходните животи. Само замислете колку ќе биде тешко секој ден да ги преживуваме ситуациите во овој, сеќавајќи се на претходните животи, како на пример врската од претходниот живот што сме ја имале со луѓето од овој живот. На пример, татко и син во овој живот во претходниот живот можеле да бидат маж и жена.

3. Зошто сме родени на Земјата?

На Земјата сме родени за да ги подмириме нашите сметки на земање и давање, или Кармата и да вршиме духовна пракса. Во Чистилиштето или во Пеколот е речиси невозможно да се врши духовна пракса, затоа што мораат да се подмируваат сметките на земање и давање.

Поврзано со написот – Смисла на животот.

После смртта, повторното раѓање на Земјата не е во рацете на тоа лице (на неговото суптилно тело). Раѓањето на Земјата е ретко. За секое влегување на суптилното тело во ембрионот се натпреваруваат милиони други суптилни тела за да се родат на Земјата и да го почувствуваат световниот живот. Но само на оние суптилни тела на кои им е судено да станат ембриони ќе се родат на Земјата.

4. Кои фактори одлучуваат кога, каде и како повторно ќе се родиме на Земјата

Два главни фактори кои го одредуваат нашето раѓање на Земјата се:

  • Дали условите на Земјата се погодни да се подмири сметката на земање и давање?
  • Во кој регион сме биле пред раѓањето на Земјата?

4.1 Сметка на земање и давање и повторно раѓање

Нашата сметка на земање и давање е единствениот најважен фактор кој ги одлучува:

  • Временскиот период во кој ќе се родиме
  • Во кое семејство, итн.

Нашата сметка на земање и давање одлучува за времето на нашето зачнување на годината, месецот, часот и секундата. Ова значи дека животот на Земјата го започнуваме точно во времето кое е најповолно за нас, за да ги отплатиме максимум акумулираните сметки на земање и давање. Затоа се раѓаме во исто време кога и луѓето со кои имаме големи сметки на земање и давање се во околината и кога надворешните ситуации на Земјата се поволни. Да го погледнеме следниот пример:

Господинот А го украл целото богатство на господинот Б. Така е створена негативна сметка на земање и давање помеѓу господинот А и господинот Б. Ако господинот А умре а не го отплати долгот, тој мора повторно да се роди за да го врати долгот и ја подмири сметката со господинот Б. За да го исполни ова, ќе се роди повторно или веднаш, додека господинот Б е уште жив, или ќе причека господинот Б повторно да биде роден. Исто така, ако господинот А продолжи да живее занимавајќи се со измамнички работи мора да се соочи со големи несреќи во едно или повеќе наредни раѓања, за да се откупи за тоа. Секако, мора да биде роден во време на општа криза. Значи, не може да биде роден во релативно поволни времиња.

Важен дел во врска со сметката на земање и давање е тоа дека не е воспоставена според тоа колку пари треба да бидат вратени, туку според единиците на среќа и несреќа што е нанесена. Во наведениот пример, ако господинот А, измамувајќи го господинот Б за одредена сума пари е одговорен за 1000 единици несреќа на господинот Б, тогаш господинот А може да биде роден како мајка на господинот Б, а господинот Б како нејзино дете. Детето (господинот Б во претходниот живот) е полно со љубов и послушно и добива многу љубов од мајката. И ненадејно умре во страшна несреќа, или од краткотрајна болест на возраст од околу 10 години. За тоа време, мајката станала многу врзана за детето и неговата ненадејна смрт предизвикува 1000 единици несреќа на мајката која во претходниот живот била господинот А.

Религијата во која сме родени е од помала важност во споредба со сметката на земање и давање што ја имаме со родителите кај кои сме родени.

4.1.1 Што одлучува кој дел од сметката на земање и давање ќе се одигра според судбината на некое лице на Земјата?

Овде важи истото правило: ќе биде избран оној дел од акумулираната сметка на земање и давање кој може да биде максимално подмирен во животот што следува.

4.1.2 Дали родителите можат да привлечат напредно и сатвик суптилно тело пред зачнувањето преку духовна пракса како што е пеењето?

Да, можно е да се привлече напредно и сатвик суптилно тело во матката преку духовната пракса. Ова е можно единствено ако родителите вршат многу духовна пракса, (те. минимум 4-5 часа дневно според шесте основни принципи на духовноста вклучувајќи го жртвувањето на телото, умот и богатството за да му служат на Бога).

Во случај на духовна пракса на родителите, по претпоставка првото суптилно тело кое е на ред (според тежината на сметката на земање и давање со родителите) да влезе во матката не е толку сатвик, тоа ќе биде заменето со следното суптилно тело кое е повеќе сатвик. Некои од карактеристиките на сатвик деца се убаво однесување, интелигентни се и добро се прилагодуваат. Исто така шансите да се добие физички, или ментално оштетено дете, се помали. Причината поради која луѓето добиваат деца со пречки во развојот е негативната судбина. Судбината може да се надмине преку духовната пракса. Ако родителите вршат многу духовна пракса според шесте основни принципи на духовноста тогаш нивната негативна судбина се намалува.

Ако Светец (те. лице над 70% духовно ниво) треба да биде роден, тогаш духовното ниво на мајката треба да е најмалку 50-60% за да биде во состојба да ја поденесе позитивната енергија на бебето. Мајчиното духовно ниво има 70% значење во однос на духовното ниво на таткото.

4.1.3 Што одлучува дали некој ќе се роди во богато семејство, или кај родители на повисоко духовно ниво?

Ако суптилното тело има повеќе заслуги, ќе биде родено во добри услови, или кај добро ситуирани родители. Ако суптилното тело е на духовно ниво над просекот, ќе биде родено кај родители на повисоко духовно ниво кои ќе можат да го подржат неговото духовно напредување. Сепак, Светците кои се повторно раѓаат се над заслугите и гревовите и можат да се родат и во многу сиромашни семејства. Ова зависи од нивната мисија на Земјата.

4.2 Повторно раѓање на Земјата со акцент на регионот во кој сме биле пред раѓањето

Веројатноста повторно да се родиме на Земјата е помала доколку суптилното тело се наоѓа во:

  • Вишите региони на Универзумот како што е Махалока и над него или,
  • Нижите региони на Пеколот.

 4.2.1 Повторно раѓање од Махалока

Како што е спомнато претходно, кога суптилните тела го достигнат суптилниот регион Махалока и над него, тие се на духовно ниво над 80%. На духовно ниво тие достигнуваат Мукти, или ослободување од циклусот на раѓање и умирање. Доколку има преостанато било каква судбина, може сама по себе да се подмири во суптилниот регион преку духовна пракса.

Луѓето над 80% духовно ниво можат секако да се родат повторно на Земјата по своја волја. Во Махалока и Ѓаналока ’Јас’, или суптилното его е уште малку присутно, така да суптилните тела можат сами да одлучат дали повторно ќе се родат во време погодно за нивната мисија. Поради нивното високо духовно ниво, се раѓаат по сопствена волја и ќе бидат родени кај родители на високо духовно ниво. Дури и духовно возвишените суптилни тела од регионот на Тапалока одлучуваат и каде ќе се родат повторно. Во суштина, многу од овие возвишени суптилни тела веќе се родени за да го подржат претстојниот период од 1000 години на духовна обнова. Повеќе за тоа можете да прочитате во написот Армагедон.

4.2.2 Од регионот на Рајот

Доколку некој се наоѓа во регионот на Рајот, во просек е потребно околу илјада години повторно да се роди на Земјата.

4.2.3 Од регионот Пеколот

Во нижите региони на Универзумот како што е Пеколот, страдањето е значително зголемено. Со тоа, духовите на повисоко ниво директно влијаат на егзистенцијата на суптилните тела, наведувајќи ги да прават лоши дела. Овие суптилни тела затоа влегуваат во вителот на негативните сметки на земање и давање, и така ги задржува во нижите региони на Пеколот.

Суптилното тело кое се наоѓа во едниот од првите три региони на Пеколот може повторно да се роди на Земјата само кога ќе ја исполни својата квота на страдање. Дури и тогаш, веројатноста суптилното тело од првиот регион на Пеколот да биде родено на земјата е само 1 на 100,000 раѓања. Веројатноста за повторно раѓање од вториот и третиот регион на Пеколот е уште помала, додека веројатноста за раѓање од регионите под третиот е еднаква на нула.

Во просек од 350,000 раѓања кои секојдневно се случуваат ширум светот, само три суптилни тела ќе бидат од Пеколот, останатите воглавном ќе бидат од Чистилиштето и само неколку од Рајот.

Во некои ретки случаи, дури и во денешната ера, суптилни тела ќе се родат по прв пат. Бидејќи овие тела немаат претходни сметки на земање и давање, сите случувања во животот се според слободната волја. Исто така, како што немаат вкоренети раѓа-тама импресии во потсвесниот ум, можат да ја искористат слободната волја за духовна пракса. Со тоа, тие се во најдобра позиција да го спознаат Бога во своето прво раѓање.

5. Колкаво е временското растојание помеѓу смртта и повторното раѓање?

Не постои точно одреден временски период помеѓу смртта и повторното раѓање на Земјата. Во просек за суптилните тела од Чистилиштето (Бувалока) тој трае помеѓу 50 и 400 години. Суптилните тела можат да чекаат и по илјада години за повторно да се родат на Земјата.

Многу ретки се случаите лицето да умре и веднаш да добие можност повторно да се роди. Ако се случи тоа, ќе биде после првото тромесечје од бременоста. Со тоа, лицето повторно се раѓа во рок од шест месеци. Веројатноста да се случи тоа е 0.001% на сите раѓања.

Во уште поретки случаи суптилното тело на лицето кое само што преминало, може да истера некое друго суптилно тело во девет-месечната фаза и да се роди веднаш. Во овој случај, суптилното тело кое го истерува другото мора да биде на повисоко духовно ниво и има поинтензивна сметка на земање и давање со семејството во кое се раѓа.

6. Кога се одлучува за следното раѓање на лицето?

Кај повеќето луѓе наредното раѓање е одлучено уште за време на смртта во претходниот живот. Тоа е поради тоа што повеќето суптилни тела на вршат духовна пракса во животот после физичката смрт. Како што духовната пракса е единствен начин да се поништи сметката на земање и давање, кај повеќето суптилни тела сметката на земање и давање останува непроменета поради недостаток на духовна пракса во животот после смртта.

Само во случај на духовно возвишени тела кои доаѓаат од регионите Махалока и Ѓаналока, одлуката се донесува во моментот на нивното раѓање. Тоа е поради тоа што повторното раѓање се случува според нивната волја, те. не се одредени од судбината. Меѓутоа, суптилните тела од нижите региони како што се Чистилиштето и Рајот, и регионите на Пеколот се 100% одредени од судбината.

7. Колку раѓања сме имале?

Многу е тешко да се даде одговор кој би се однесувал на сите луѓе. Суштината е во тоа што сме можеле да имаме илјада животи како луѓе, а може исто така да се случи првпат да сме родени во овој живот. Прикажаната табела покажува разни видови на раѓања кои можел да ги помине човек на 20% духовно ниво за временски период од 1000 години. Забелешката е дека ова важи за лице кое е дојдено од Чистилиштето. Тоа може да биде родено во разни форми за да страда пред повторно да се роди како човек.

8. Дали лицето ја знае својата судбина, или кој ќе биде родител?

До самиот момент на зачнувањето лицето не знае во кое семејство ќе се роди. Дури после тоа постои веројатност дека местото во матката да се изгуби поради друго суптилно тело. Во моментот на зачнувањето постои свесност за сметката на земање и давање со семејството во кое ќе се роди. Тоа значи дека постои разбирање дали сметката е позитивна или негативна, како и причината за постоење на таа сметка. Лицето сепак нема свест каков ќе биде животот пред него.

9. Пред некој да се роди, дали постои некој совет од возвишено суптилно тело за тоа што се очекува од лицето?

Не, не се добива никаков совет.

10. Што го одлучува полот на детето?

Во првиот живот полот на новороденчето го одредува Бог. Од Божји аспект, да се биде роден како машко, или женско е важно прашање од перспектива на достигнување на основната цел во животот, те. достигнување на Богоспознание.

После првото раѓање, оние кои се родени како машки, генерално продолжуваат да се раѓаат како машки доколку тоа е преовладувачка импресија во потсвесниот ум на лицето. Ова се случува според правилото дека ’Не сме заинтересирани за она што не го знаеме’. Меѓутоа, ако лицето има лезбијски или геј форма во наредниот живот може да се случи да се роди како пол кон кој има поголема привлечност. Од гледна точка на исполнување на сметката на земање и давање да се биде машко, или женско не е важно, затоа што другите лични карактеристики како што е бесот, итн. остануваат. Исто така, од перспектива на Богоспознанието, не мора да биде предност да се биде роден како машко.

Во суштина, според духовната наука, мажот и жената не се супериорни, или инфериорни, затоа што тие се единство на Каналот на Сонцето (Сурија нади) и Каналот на Месечината (Чандра нади) на Универзалниот Систем на Духовната Енергија (Кундалини).

Меѓутоа во екстремните случи како на пример жена која со години го поднесува  мажот да ја малтретира и сака да му се освети на истиот начин така што во наредниот живот таа ќе биде сопруг на својот сегашен сопруг, а тој ќе се роди како жена, може да дојде до промена на половите.

Но, не мора да се родат како сопружници за да ги надминат горе наведените негативни судбини. Сегашниот маж може да помине преку потребните единици на несреќа на други начини.

11. Што одлучува дали животно ќе се роди како човек?

Можноста животно да се роди како човек постои само доколку човек претходно се родил како тоа животно и така страдал за своите недела. Ниту едно животно (кое првобитно го започнало животот како животно) никогаш не може да напредува до човечко раѓање. Дури тогаш кога животното кое првобитно било човек ја исполни квотата на страдање како животно може повторно да се роди како човек. Обредите што потомците ги вршат за своите преминати предци исто така помагаат.

Многу е тешко животно (кое од самиот почеток било животно) во наредниот живот да се роди како човечко битие, затоа што многу е тешко животно да врши духовна пракса. Меѓутоа, ако животното било во Сатасанг на Светец, добило Света Причест (Прасад), слушало песни посветени на Бога, или редовно пеење на Божјото Име, може во него да се развие желба за Богоспознание. Тогаш тоа духовно напредува до раѓање како човечко битие. Исто така, животното кое живее со Светец и Светецот ја упати својата намера (Санкалп) животното духовно да напредува и се роди како човечко битие, тогаш може да се случи животното да се роди како човек.

12. Дали преминатите предци можат да влијаат на раѓањето на суптилното тело во некое семејство?

Преминатите предци со повиско духовно ниво, или предците со помош на духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.) помоќните негативни енергии како што се Мантриците итн. можат да се вмешаат во тоа кое суптилно тело ќе биде родено во некое семејство, спречувајќи го раѓањето, или спречувајќи го суптилното тело со одреден пол да се роди во семејството, на пример да се роди машко дете. Во тие случаи се раѓа суптилно тело кое е следно на ред, или следното суптилно тело со најголема сметка на земање и давање. Ова мешање на преминатите предци се случува, или да свртат внимание на себе, или од освета, итн.

Видете го написот – Зошто нашите преминати предци сакаат да ни предизвикаат болка?

13. Заклучок:

Што ни зборува овој напис?

  • Работите по кои повеќето луѓе трчаат за време на животот, како што се работата, угледот, богатството и семејството малку влијаат на тоа како се однесуваме во сегашниот живот во однос на духовната смисла на животот, а не на животот после смртта. Единствено што е важно во животот после смртта е духовното ниво.
  • Гледано од духовен агол човечкото раѓање на земјата е многу скапоцено. Тоа е единствениот регион каде што можеме да вршиме духовна пракса за да ја надминеме судбината и конечно да излеземе од кругот на раѓање и умирање.
  • Во денешната ера мораме да чекаме со векови пред да се родиме на Земјата и тоа само ако стигнеме до Чистилиштето. Ако стигнеме до регионот на Пеколот веројано ќе се родиме на Земјата после неколку илјади години.
  • Во денешната ера само 30% од нас ќе стигне до регионот на Чистилиштето. Повеќето од нас ќе заминат во некој од регионите на Пеколот.
  • Во денешно време, те. времето помеѓу 1999 и 2022, светот ќе ги почувствува промените на мини ерите во главната ера на раздорот (Калијуга). Оваа ера е многу погодна за духовен раст затоа што во неа една година духовна пракса е еднаква на 50 години на духовна пракса во некоја друга ера.
  • Преку духовната пракса, кога еднаш достигнеме духовно ниво од 60% во сегашното раѓање, не мораме да се враќаме на Земјата да ја отплатуваме судбината.