Живот после смртта

Резиме

Неброени забележани и истражени случаи на искуства на минатите животи, се доказ дека постои живот после смртта. Во сите забележани случаи на повторно раѓање, откриено е дека помеѓу смртта на лицето и неговото повторно раѓање на Земјата, постои период кој може различно да трае. Значи, каде заминуваме после смртта до повторното раѓање на Земјата? Постои ли живот после смртта? Дали тоа е едно место, или постојат разни региони на постоењето? Ако е така, кои се тоа фактори кои што одлучуваат каде заминуваме после смртта? Во овој напис даваме одговори, на овие и други прашања за оваа тема. Овие одговори се добиени преку многу развиено шесто сетило (ESP) на трагачите од Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF)

Забелешка: За подобро разбирање на овој напис, ви советуваме да го прочитате написот за трите основни суптилни компоненти сатва, раѓа и тама.

1. Што се случува после смртта?

Духовното истражување  покажа дека човекот се состои од следниве четири основни тела:

  • Физичко
  • Ментално
  • Каузално или интелектуално
  • Супракаузално тело или суптилно его

Следниот графички приказ, покажува од што е составено човечкото битие.

Живот после смртта
Живот после смртта

Кога човек умре, физичкото тело престанува да постои. Меѓутоа, остатокот од неговата свест продолжува да постои. Човек без физичко тело е познато како суптилно тело (линга деха), а се состои од ментално, каузално тело (интелект) и супракаузално тело. Ова суптилно тело потоа заминува во еден од 13-те региони на постоењето надвор од регионот на Земјата.

2. Разни региони на постоењето

Постојат 14 региони на постоењето во Универзумот. Од тоа 7 се позитивни и 7 негативни региони. Седумте негативни региони се познати како Пекол (Патал). Постојат многу под-региони во овие главни региони на постоењето.

Живот после смрттаСедум позитивни региони: Регионите кои што воглавном ги заземаат живите лица и суптилните тела кои што прават праведни дела и вршат духовна пракса во согласност со позитивниот пат, се познати како седум позитивни региони или Сатјалока. Под поимот ’позитивен пат’ мислиме на духовна пракса насочена кон спознание на Бога, што е конечна цел на духовното напредување.

Регионот на Земјата е единствен физички регион во Универзумот и првиот регион во хиерархијата на позитивните региони.

Седум негативни региони: Региони кои што воглавном ги заземаат суптилните тела кои што правеле неправедни дела и кои што се поврзани со духовна пракса во согласност со негативниот пат, познати се како седум региони на Пеколот. Под поимот ’негативен пат’ подразбираме духовна пракса насочена кон постигнување на духовна моќ те. натприродни моќи. Оваа духовна моќ првенствено се користи за да некој ја зајакне контролата над другите или за негативни цели. Според тоа, сите суптилни тела кои што заминуваат во некој од регионите на Пеколот, поради природата на своите зли намери, стануваат духови.

Ве молиме прочитајте го написот: ’Што се тоа духови

Подрегиони на Пеколот(Нарак): Секој регион на Пеколот (Патал) има под-регион, познат како Нарак. На пример, првиот регион на Пеколот во себе има под-регион познат како први Нарак. Наракот е наменет за најлошите негативни енергии во Пеколот. Духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.) кои што го заземаат првиот Нарак се соочуваат со нај строгата казна во подолг временски период, за разлика од оние кои што го заземаат првиот регион на Пеколот.

Следниот дијаграм ги покажува 14-те региони на егзистенцијата во Универзумот.

Живот после смртта

Забелешки:

1. Иако регионите се прикажани еден под друг, во реалноста тие постојат секаде околу нас. Само Земјата е во физичка, материјална рамнина и може да се види. Останатите региони бидејќи се прогресивно се посуптилни и посуптилни, се невидливи со голо око. Всушност, разни луѓе, иако живеат на Земјата имаат мисли и емоции кои што одговараат на разните региони на егзистенцијата, според своето духовно ниво и мислите. На пример Светците, те. духовно возвишените луѓе на духовно ниво од 70%, се во позитивните региони на постоењето, кои што одговараат на Рајот и над него. Наспроти тоа, лицето кое што планира кражба има мисли кои што одговараат на првиот регион на Пеколот, некој кој што планира исти чин, но со намера да ги повреди другите одговара на вториот регион на Пеколот и така по ред, да речеме лицето кое што планира убиство, има мисли кои што одговараат на седмиот регион на Пеколот. Меѓутоа, не можат да се доживеат два региони истовремено, на пример лицето не може да има мисли кои одговараат истовремено на мислите од два региони, на пример, Рајот и Махалока.

2. Чистилиштето (Бувалока) всушност е регион одвоен од Бога и поради тоа е негативен, но е означен како позитивен, затоа што суптилните тела од овој регион имаат можност повторно да се родат и да напредуваат духовно.

Еднаш кога веќе суптилните тела паднат во било кој регион на Пеколот, не постои повеќе можност  повторно да се родат на Земјата и да напредуваат кон Бога.

Објаснување на користените бои во претходниот дијаграм

  • Земјата е прикажана со црвена боја, затоа што таа претставува акција (те. основната суптилна раѓа компонента) и тоа е единствениот регион во кој што имаме физичко тело за нешто да работиме.
  • Рајот е прикажан со розова боја, што претставува изобилство на среќа.
  • Жолтата боја претставува духовно знаење и пораст на основната суптилна сатва компонента. На највисоко ниво таа станува речиси бела, што претставува голема блискост до не-манифестираниот Божествен принцип.
  • Регионите на Пеколот се претставени како нијанси на црната боја, поради порастот на основната суптилна тама компонента.

3. Рајот и останатите позитивни региони во Универзумот

 Регион1 Духовно ниво Процент на Сатва компонента Тип на лице  Преовладувачко6  тело Преовладувачка емоција
Земја 20% 33%  Просечно Физичко  Среќа / Несреќа
Чистилиште2  (Бувалока) 40%  40%  Просечно Дел од менталното тело – желби Среќа / Несреќа7
Paj (низок)  60% 60%4  Помалку  доблести Ментално тело Помалку среќа8
Рај (висок)  75% 75% Повеќе доблести Интелект / Каузално тело Повеќе среќа
Махалока  80% 80% Поседува знаење  Интелект / Каузално тело  Сатвик среќа (75%)Блаженство и спокој10 (25%)
Ѓаналока  85% 85% Со повисок степен на знаење  Интелект / Каузално тело Сатвик среќа (50%) Блаженство и спокој (50%)
 Тапалока 90% 90% Со висок степен на знаење Интелект / Каузално тело Сатвик среќа (25%) Блаженство и спокој (75%)
Сатјалока 95% 95% Речиси целосно сезнаечки Суптилно его /супракаузално тело Сатвик среќа (5%) Блаженство и спокој (95%)
Забелешки (врз основа на црвените бројки во горната табела):
  1. Секој позитивен и негативен регион надвор од регионот на Земјата (физичкиот регион на постоењето) е се посуптилен. Кога велиме суптилен, мислиме на оние региони кои што се надвор од сфаќањето на нашите пет сетила, умот и интелектот. Сатјаолка е најсуптилниот регион, те. најтешко е да го согледаме и сфатиме, единствено ако е постигнато највисоко ниво на развиеност на шестото сетило (ESP).
  2. Поради недостаток на духовна пракса, повеќето луѓе во сегашната ера заминуваат во Чистилиштето или во еден од регионите на Пеколот. Обично после смртта заминуваме во Чистилиштето ако нивото на гревови (стекнато поради погрешни дела на земјата) е во просек околу 30%. Гревови по правило вклучуваат злоба према другите и многу желби. Речиси е сигурно дека суптилните тела кои што одат во Чистилиштето ќе бидат мета на помоќните духови од долните региони на пеколот.
  3. Земјата е единствен регион на постоење во кој се мешаат повеќе луѓе со различни духовни нивоа. Меѓутоа, кога ќе продолжиме понатаму, одиме точно во оној регион на постоење кој одговара на нашето духовно ниво.
  4. Самашти духовно ниво се однесува на духовното ниво постигнато преку духовна пракса за доброто на општеството (самашти садна), додека вјашти духовна пракса се однесува на духовното ниво постигнато преку индивидуална духовна пракса (вјашти садна). Во денешни времиња, духовен напредок за доброто на општестовото, има 70% важност додека индивидуална духовна пракса има 30% важност.

    Минималното духовно ниво потребно за достигнување на Рајот после смртта е 60%. Ве молиме да го проучите написот кој опишува што е тоа духовно ниво и духовното ниво на светската популација во 2013. година. Во суштина, од духовна перспектива, делата заслужени за достигнување на Рајот или повисоките позитивни региони на постоењето, се дела сторени со крајна цел да се дојде до спознание на Бога. Можно е да ги примениме следниве три критериуми:

    • Делата направени без присвојување на заслугите, те. со став дека самиот Бог го прави тоа преку мене и според тоа јас не можам да имам заслуги за тоа.
    • Делата направени без очекување за тоа да се добие признание (пофалба).
    • Делата без очекување на резултати. Она што е по важно од самите дела е гледиштето или ставот зад тие дела.
  5. За да ги достигне повисоките нивоа на Рајот, човекот мора да биде на духовно ниво повисоко од 80%. Ова може да се постигне само со доследна духовна пракса во согласност со шесте основни духовни принципи, заедно со големо намалување на егото.
  6. Под доминантно тело подразбираме телото кое што е најактивно, те. менталното тело, интелектот или суптилното его. На пример, во регионот на Чистилиштето (Бувалока), суптилните тела уште имаат многу желби и врзаности. Како резултат, тие многу често стануваат духови кои што се обидуваат да исполнат некои свои желби. Ова ги става во ситуација погодна за влијание од страна на моќните духови од ниските региони на Пеколот, кои што ги користат нивните желби за да влијаат врз луѓето на Земјата.
  7. Во регионот на Чистилиштето се чувствува малку среќа. Меѓутоа, несреќата е многу поголема во споредба со несреќата која што се чувствува на Земјата.
  8. Во Рајот, суптилните тела чувствуваат среќа во изобилство. Таа среќа е значително поголема од онаа што ја чувствуваме на Земјата во квантитет, квалитет и времетраење. Како што се качуваме кон повисоките позитивни региони, се чувствува пораст на квалитетот на среќата и нема несреќа.
  9. Сатвик среќа значи, среќа постигната со помагање на другите без никакви очекувања или создавање на врски. Кога егото се вмеша во делото, таквата среќа станува раѓасик среќа.
  10. Спокојството е повисоко искуство од Блаженството.

3.1 Позитивни региони на постоењето и повторно раѓање на Земјата

Во регионите под Махалока, луѓето повторно се раѓаат на Земјата за да ја исполнат својата судбина и да ги подмират сметките на земање и давање.

Ако некој го достигне регионот на Махалока и Ѓаналока после смртта, тоа значи дека е над духовното ниво од 80%. Тогаш не се раѓаме повторно, затоа што преостанатата судбина (сметката на земање и давање) може да се подмири во тие региони. Меѓутоа, тие високо развиени суптилни тела можат да се родат според сопствената желба. Обично причината за тоа е духовно да го водат човештвото.

Во некои случаи дури и ако некој премине на духовно ниво од 60%, може да го достигне регионот на Махалока. Овде се зема во предвид потенцијалот на лицето за понатамошен духовен напредок. Преку духовното истражување, дојдовме до пет фактори кои што влијаат на тој потенцијал за понатамошен духовен напредок:

  • Голема количина на духовна емоција (Бав),
  • Мало (ниско) его,
  • Интензивна желба за духовен напредок,
  • Редовна духовна пракса константно со повисоките нивоа,
  • Дали е присутно влијание од негативните енергии или не е.

Влијанието од негативните енергии може значително да влијае на можноста за духовен напредок. Поради тоа, дури и ако лицето е на духовно ниво од 65%, а е под силно влијание од негативните енергии, можноста да се достигне високиот позитивен регион Махалока може да биде намалена.

Ако некој после смртта ги достигне регионите на Тапалока или Сатјалока, тогаш нема повторно раѓање и духовната пракса се продолжува во тој регион на постоење до конечното соединување со Бога.

3.2 Значење на регионот на Земјата

Регионот на Земјата е многу важен. Тоа е единствениот регион на постоењето, во кој што може да се постигне брз духовен раст во најкраток временски период, како и да се подмири нашата сметка на земање и давање. Основната причина за тоа е што со помош на физичкото тело, можеме да направиме многу работи за де се случи духовен раст и зголеми духовното ниво, како и да ја намалиме основната суптилна тама компонента.

Освен регионот на Земјата, духовниот раст најверојатно е можен само во регионите над Рајот, те, Махалока итн. со оглед дека во Рајот суптилните тела ризикуваат да бидат фатени во непрекинати задоволства, кои што се доживуваат таму. Во Чистилиштето и регионите на Пеколот, казната е многу голема, а големи се и непријатностите кои што ги создаваат духовите од високите нивоа, така да тогаш е многу тешко лицето да се издигне од страдањата и да преземе било каква духовна пракса.

4. Што е тоа Пекол, кој заминува таму и каков е Пеколот?

 

Регион на Пеколот (Патал) Процент на Сатва компонента Тип на лице Преовладувачко тело Преовладувачка eмоција
Први 28%        arrow-1 Физичко        arrow-2
Втори 25% Ментално тело – желби
Трети 22% Ментално
Четврти 19% Интелект / каузално
Петти 16% Интелект / каузално
Шести 13% Интелект / каузално
Седми 10% Интелект / каузално
  • Поради опаѓањето на процентот на основната суптилна сатва компонента во ниските региони на Пеколот, овој регион станува се помалку погоден да се почувствува било која форма на среќа.
  • Во регионите на Пеколот постојат духови кои што вршат одредена врста на духовна пракса, за да се здобијат со духовна моќ. Највисока форма на духовите се Мантриците во седмиот регион на Пеколот. Тие имаат неизмерна духовна моќ, речиси еднаква како Светец на духовно ниво од 90%. Тие Мантрици контролираат многу други духови со помала духовна моќ.
  • Како што лицето се спушта низ регионите на пеколот, те. од првиот до седмиот, степенот на среќа која што ја чувствуваат суптилните тела се намалува, додека степенот на несреќа се зголемува. Чувството на среќа постои поради обземеноста со сеќавањата на позитивните настани, пријатните сеќавања на богатството во претходниот живот итн. Чувствувањето на несреќа постои поради сеќавањето на физичката болка или непријатните настани, сеќавањето на неисполнетите желби, на пример, образование, куќа, кариера, среќата на децата од претходниот живот.
  • Степенот на казната/страдање кое што треба да се поднесе во разните региони на Пеколот (Патал) и нивните под-региони (Нарак), расте со секој нареден регион на Пеколот. Исто така и времетраењето на казната која што треба да се поднесе во секој под-регион, е поголема во согласност со соодветниот регионот во Пеколот. Ако земеме дека казната во првиот регион на Пеколот е 100%, тогаш казната во соодветниот прв Нарак е за 50% поголема, значи 150%.

Следната табела е опис на примери со просечен интензитет на среќа и несреќа која што се чувствува во разните региони на Пеколот.

Регион на Пеколот (Патал) Процент1  на  среќа Пример за среќа  Процент1  на несреќа Пример за несреќа
 Први  30% Чувство на среќа поради обземеноста со сеќавањата на позитивните настани од претходниот живот  50% Чувство на несреќа поради сеќавањето на физичката болка или непријатните настани од претходниот живот
 Втори 25% Пријатни чувства на богатството во световните работи 55% Чувство на несреќа поради сеќавањето на неисполнетите желби од претходниот живот, нпр. образование, куќа, среќа поради децата
 Трети  20% Чувство на среќа поради сеќавањето на исполнетите желби од претходниот живот 60% Несреќа поради неисполентите желби поради недостаток на физичко тело
 Четврти 15% Моментална среќа, затоа што го гледа страдањето на другите и осеќа дека уште некој е во иста ситуација, дека не е сам во своето страдање 70% Почеток на ментално страдање поради многубројните страдања во Пеколот и непријатниот мирис
 Петти  10% Моментална среќа, поради помислата дека некој некогаш, ќе го избави од страдањата  80% Живот во ропство на моќните негативни енергии, огромна потиштеност поради помислата, дека никогаш нема да побегне од страдањето
 Шести  –  Нема  90% Силно ментално мачење поради огромното страдање
 Седми  –  Нема  100% Непрекинато страдање доведува до состојба на апатија
Забелешка1 Во повеќето случаи збирот на колоните на среќа и несреќа не изнесува 100%. Причината за таа разлика е кога суптилните тела во Пеколот се во неутрална емотивна состојба. На пример, кога немаат ниту среќни ниту несреќни мисли.

5. Движење помеѓу суптилните региони на постоењето

Секој си го заслужува оној регион на постоењето, кој што му одговара на основата на неговата природа според односот на сатва, раѓа и тама компонентите. Ова е функција на духовното ниво на едно лице. Значи, суптилните тела од ниските позитивни региони, не можат да отидат во високите суптилни региони, а оние од првиот и вториот негативен регион, не можат да отидат во подлабоките региони на Пеколот. Тоа е слично на луѓето кои што живеат во поле, потешко дишаат на повисоките места, додека луѓето кои што живеат на поголеми височини, дишаат сосема нормално.

6. Што одлучува каде одиме после смртта?

Во моментот на смртта, бидејќи физичкото тело станува неактивно, виталната енергија која што била користена за тоа да функционира, се ослободува (се враќа) во Универзумот. Оваа витална енергија во моментот на смртта, го задвижува суптилното тело за да го напушти регионот на Земјата. Како што тежината на проектилот одлучува колку далеку ќе ја фрли ракетата, слично на тоа и тежината на суптилното тело одредува во кој суптилен регион на постоењето ќе отиде.

’Тежината’ на суптилното тело примарно е одредена со количината на основната суптилна тама компонента во нашето битие.

Живот после смртта

Три основни суптилни компоненти: Секој од нас е составен од три основни суптилни компоненти или гуни. Овие компоненти се од духовна природа и не можеме да ги видиме, но тие ја одредуваат нашата личност. Тоа се:

  • сатва: чистота и знаење
  • раѓа: акција и страст
  • тама: незнаење и инерција. Во просечниот човек во денешно време, основната суптилна тама компонента е на висина од 50%.

Ве молиме да го прочитате написот за – Трите основни суптилни компоненти.

Што повеќе сме исполнети со раѓа и тама компонентите, ги покажуваме следниве карактеристики, кои што придонесуваат за нашата поголема постоечка ’тежина’ и влијаат на тоа во кој регион заминуваме после смртта:

  • Приврзаност за световните работи и себичност
  • Многу неисполнети желби
  • Чувство за освета
  • Поголем збир на гревови или грешни дела
  • Поголем збир на лични недостатоци  како што се бесот, алчноста, стравот, итн.
  • Поголемо его: под поимот ’его’ подразбираме колку лицето се идентификува со своето физичко тело, умот и интелектот наспроти душата во себе.
  • Ниско духовно ниво

Трајно намалување на процентот на основната суптилна тама компонента и претходно спомнатите сродни карактеристики, се постигнува само со постојана духовна пракса во согласност со шесте основни духовни принципи. Психолошки напредок преку книгите за самопомош или обидите да бидеме љубезни и гостопримливи, во најдобар случај се површни и привремени.

6.1 Значење на менталната состојба во моментот на смртта

Во моментот на смртта, освен она што е досега спомнато, многу е важна и менталната состојба. Нашата ментална состојба е во однос со односот на основните суптилни компоненти во нашето битие.

Ако лицето врши духовна пракса како што е пеење на Божјото Име за време на смртта, тогаш влијанието на желбите, врзаноста, духовите, врз тоа лице се сведени на минимум во споредба со состојбата кога не се врши пеење. Ова прави суптилното тело на преминатото лице да биде полесно. Значи, ако лицето премине додека пее, достигнува повисок регион или под-регион на постоењето, отколку што би било случај да во моментот на смртта не го пеело Божјото Име.

Ако лицето покрај пеењето на Божјото Име е во состојба на предавање на Божјата волја, тогаш достигнува уште повисок регион на постоењето и тоа со голема брзина. Причината за тоа е што лицето кое што веќе е на Земјата, е во состојба на предавање, има многу мали шанси да во својот живот после смртта го зголеми егото. Исто така, целосна одговорност за неговите придобивки во животот после смртта ја презема неговиот духовен учител (Гуруто).

6.2 Видови на дела кои што не водат во регионите на Пеколот

Следниве дела во нашиот живот, обично не водат во еден од регионите на Пеколт.

Регион на Пеколот (Патал) % на гревови во нечиј живот Пример за видот на гревот
Први 40% Наненесување на зло ограничено на поединци
Втори 50% Нанесување на зло на делови од општеството како што е залажување на многу луѓе истовремено, како тешки измами со големи размери
Трети 55% Измама во производството на храна (нпр. генетски модифицирана храна) или фалсификување на лекови
Четврти 60% Организирани злодела за да се наштети на дел од општеството. Насилство придружено со употреба на огнено оружје
Петти 70% Поттикнување на другите за правење зло во општеството
Шести 80% Нанесување зло на дел од една нација
Седми 90% Нансеување зло на една нација во целина и на оние кои што работат за општеството
Степенот, времетраењето и намерата кои што се во позадина на грешните дела, се многу поважни фактори кои што одлучуваат за тоа во кој регион на Пеколот ќе стигнеме, отколку самите акции на физичко ниво.

7. Што се случува во случај на самоубиство?

Постојат два вида на смрт во однос на временскиот момент.

Судбинска конечна смрт: Ова е момент на смрт, кој што не можеме да го избегнеме.

Можна смрт: Кога постои можност човек да умре. Секој човек може да биде изложен на можна смрт кога дојде близу до неа, но може да биде спасен поради своите заслуги.

За повеќе информации за видовите на смрт ве молиме видете го написот – Видови на Смрт

Во случаите кога лицето поминува преку неподнослива криза во животот, или има сериозни пореметувања на личноста, може да размислива за тоа во ситуација на депресија да си го одземе животот. Негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.), исто така ја зголемуваат депресијата на лицата кои се склони кон самоубиство и понекогаш го тераат лицето кон бездната да изврши самоубиство. Сепак, самоубиството останува чин на волјата, кога минува низ фазата на можна смрт одредена со судбината.

Животот на Земјата е драгоцен и ни е даден првенствено поради нашиот духовен раст. Со самоубиството само ќе ја прокоцкаме оваа шанса и ќе заслужиме казна. Последиците се такви да, лицето кое што ќе изврши самоубиство, заминува во Наракот на седмиот регион на Пеколот во времетраење од 60,000 земски години. Тоа е место без ниту малку светлина, нешто слично како самица во затвор. Како што нема никој во тој Нарак регион, да го посоветува за духовната пракса, суптилното тело останува во мракот на духовното незнаење.

8. Зошто постои временска разлика помеѓу две раѓања?

За време на истражувањата со хипнотичка регресија, за да се откријат минатите животи на некое лице, откриено е дека временскиот период помеѓу два животи на Земјата може да биде во просек помеѓу 50 и 400 години. Причините за овој временски период се следните:

  • Различно е временското траење на престојот на суптилните тела во Рајот или Чистилиштето, за да се проживеат последиците од направените заслуги и гревови.
  • Во регионот на Земјата треба да бидат створени погодни услови, за да од претходните раѓања со разни луѓе ги подмириме сметките на земање и давање во согласност со законот на кармата. Раѓањето на суптилното тело се одлага до времето кога разни луѓе со кои имаме сметка на земање и давање исто така ќе бидат подготвени да се родат.
  • Понекогаш во хипнотичката регресија на претходните животи, лицето не кажува за раѓањето од некој од животите. Причина за тоа е што одредени раѓања биле од мало значење или кратки и лицето не се сеќава за ниту еден детаљ во врска со нив.

Во случај на суптилните тела кои што заминале во нижите региони на Пеколот, периодот помеѓу две раѓања може да биде и илјада години. Тие остануваат во регионот на Пеколот, се додека не ја отслужат својата казна. Во повеќето случаи ова значи да се остане во пеколот до уништувањето на Универзумот.

9. Заклучок

Претходно наведените факти за разните региони на постоењето, ни даваат идеја за можните последици од начинот на живот кој што ќе настапи после нашата смрт. Само со духовна пракса или со крајно великодушни и заслужни дела, некој може да ги достигне вишите региони на постоењето и со тоа да ја избегне несреќата и/или казната, и да ги ужива вишите нивоа на среќа. Исто така, тогаш постои поголема можност да се родиме на Земјата во услови погодни за вршење на духовна пракса. Причината за тоа е лицето да напредува понатаму во вишите региони на постоењето. Како што времето минува во оваа ера на раздорот (Калијуга), постои се помала веројатност дека луѓето ќе ги достигнат вишите региони.

Кога веќе еднаш лицето стигне во нижите региони како Чистилиштето или некој од регионите на Пеколот, пред да добие можност повторно да се роди на Земјата, останува таму и проживува голема количина на несреќа стотици и илјадници години, се додека не ги отплати гревовите.

Вршењето на непрестана духовна пракса на Земјата, во согласност со шесте основни принципи на духовноста, во денешната ера, е како низводно пливање. Сепак, тоа е единствениот сигурен начин да се достигнат вишите региони на постоењето после физичката смрт.