Секој од нас има различен праг на толеранција до каде може да се носи со болката – било да е во прашање физичка, емоционална или психичка болка. Понекогаш ние се среќаваме со ситуации во животот кои се доста болни. Ситуациите може да варираат од тежок развод до губење на некој близок. А разликата во нивоата на праговите на толеранција ќе бидат разберени од следниве примери:
Една жена е жестоко бесна, бидејќи фризерот премногу и ги скратил шишките. Ефектот трае неколку денови, бидејќи таа непрекинато за ова се жали на сите нејзини пријатели.
Од друга страна, имаме пример од реалниот живот, во кој жена го губи својот сопруг непосредно по венчавањето. Иако таа доживеала ужасна загуба, поради нејзината духовна пракса, таа покажала внатрешна сила и со својата смиреност утешувала други и покрај нејзината загуба.
Во првиот пример, еден мала случка како што е скратување на шишки за некој милиметар, предизвикува жестока реакција. Во другиот случај, лицето може многу мирно да поднесе голема несреќа како што е губење на саканото лице. Ние не знаеме која околност може да го предизвика она најлошото во нас, се додека не се соочиме со таквата ситуација. Со помош на духовната пракса ние добиваме сила која на нас ни помага да се носиме со болката на сите животни полиња.