Зависностите во економски развиените општества

Иако употребата на дроги и други такви зависности се проблем од кој е погодена секоја нација, предизвиците со кои се соочуваат развиените земји можат да бидат доста различни од земјите во развој. Луѓето во развиените земји можат да се соочат со значителни количини на стрес, поради брзото темпо на живот. Доста често ова доведува до конзумирање на алкохол, пушење цигари, земање лекови на своја рака или впуштање во други активности, кои може да доведат до зависност. Покрај ова, повисоките приходи во развиените земји им овозможуваат на луѓето лесен пристап до супстанците или материите кои предизвикуваат зависност. Употребата на дрога, и зависностите претставуваат еден од најголемите проблеми со кој денес се соочуваат развиените земји.

Секогаш кога во општеството постои висок степен на препуштање во материјалните задоволства, како што е случај во развиените земји, духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) можат многу лесно и брзо да се спојат со лицето кое е зависник, и да ги исполнат своите желби.

Поради таквата средина, бидејќи не постои интензивна свест, ниту размислување за зависностите, некои жени развиваат или продолжуваат со зависностите како пушењето цигари и алкохолизмот, дури и за време на бременоста. Така духот (демонот, ѓаволот, негативната енергија, итн.) присутен во ембрионалната фаза, покрај тоа што ги задоволува своите желби во текот на самата бременост, исто така, ја држи под целосна контрола мајката, како и ембрионот, и ужива во исполнувањето на своите желби преку нивните животи. Од друга страна, повеќето жени за време на бременоста ја надминуваат зависноста, а тоа се должи на нивната силна волја.

Оваа силна волја кај бремените жени е прикажана во еден извештај на samhsa.gov. Гледајќи ги компаративните податоци од 2004-2005 година во САД, количината на испушени цигари во текот на месецот, е пониска кај трудниците, отколку кај другите жени помеѓу 26 и 44 години (10,4 наспроти 28.8%) и кај жените помеѓу 18 и 25 години (26,4 наспроти 35,8%). Сепак, кај жените помеѓу 15 и 17 години, количината на испушени цигари кај трудниците, е поголема отколку кај жените кои не се бремени (22,3 наспроти 18,5%), иако разликата не е значајна. (Погледнете: Samsha.gov 2005)

2-MKD-Graph-pregnancy

 

Кога жените за време на бременоста ќе продолжат да им се препуштаат на нивните зависности како пушењето цигари, пиење алкохол или употреба на дрога, поголема е вројатноста дека тоа ќе влијае на нивните бебиња, и тоа на физичко, психолошко и духовно ниво.

Ова е една од причините зошто во богатите општества среќаваме многу млади деца кои прикажуваат зависничко однесување како што е пушењето цигари или нагласени сексуални желби на многу рана возраст. Ова исто така, воглавном е предизвикано од духовите или негативните енергии. Лишени од нормалната адолесценција, овие видови на поединци се изложени на ризик да станат ментално нестабилни, или психијатриски пациенти подоцна во животот. Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) природно се манифестираат преку физичкото тело на овие пациенти, и ја уништуваат хармонијата во многу домови.

Еден извештај даден од страна на samsha.gov покажува шема на високи стапки на пушење цигари во САД, почнувајќи од младите на возраст од 12 години.

3-MKD-Graph-age-group

Коментар на SSRF: Богатите општества се подлжни на непријатности поради нивното богатство и многуте конфорни активности кои им се на располагање. Ова често ги прави луѓето од таквите општества да бидат уште повеќе фокусирани на себе, додека бараат задоволување за своите пет сетила, умот и интелектот. Таквиот став резултира во зависности кон разни нешта, како што се гледање телевизија, прекумерно консумирање на храна, коцкање и злоупотреба на супстанци.

Вистинската цел на животот, е да ги вршиме сите наши активности на таков начин, што тоа ќе резултира со духовен раст. Ако се заглавиме во тоа, само да ги задоволуваме нашите пет сетила, умот и интелектот, неможеме да ги надминеме, што е неопходно за духовен раст. Уште поважно, постојаниот фокус на материјалните задоволства го зголемува ризкот да бидат привлечени негативни енергии (демонски енетитети), кои го користат лицето за да ги задовалт своите сопствени потреби.