Застрашувачки натприроден феномен – Крвави дамки

Напомена до нашите читатели:

Драги читатели,

  • Ве молиме бидете трпеливи додека се презема видеото за прв пат. Ако вашата интернет врска е спора, ве молиме не клукнувајте на копчето “PLAY” се додека не се исполни сивата линија која покажува дека видеото се презема. Еднаш откако ќе се преземе во целост ќе може да го гледате без пречки кои може да бидат предизвикани како резултат на спората интернет врска.

  • За гледање на ова видео ви е потребен Flash Player 9 (Флеш Плејер 9) или понови верзии на истиот.

Благодарност до сите кои ни помогнаа да го направиме ова видео

SSRF би сакал да им се заблагодари на следниве поединци и институции за помошта при изборот на локации и продуцирањето на овој документарен филм:

Според редоследот на нивното појавување

Благодарност за локациите

1. Г-дин Сидарт Дубеј,
www.SiddharthDube.com

2. Д-р и г-ѓа Рагунадан и нивното семејство

3. Голшилд сервиси ПВТ, ЛТД, Гоа, Индија
www.goldsheildplc.com

4. Г-дин и Г-ѓа Раџендра Нарвекар и нивното семејство

5. СМТ. Парватибаи Чоугуле колеџ, Гоа, Индија
www.chowgules.ac.in

6. Прв европски инфотех (First European Infotech), Гоа, Индија
www.firsteuropeaninfotech.com

7. Хануман Лаванде и неговите соработници, Гоа, Индија

8. Д-р и Г-ѓа Десаи и нивното семејство

Препис на видеото: Застрашувачки натприродни феномени – Прва епизода

Нашата Благодарност

Изразуваме благодарност до Н.С. Др Атавле (изворот на инспирација за SSRF) што не водеше при стекнувањето на ова непроценливо знаење и што ни даде можност да го пренесеме на светот.

На читателите им се советува доколку сакаат да го гледаат видеото тоа да го направат според своето сопствено убедување и според своја проценка

Овој документарен филм содржи драматични настани од реалниот живот во кои луѓе биле нападнати од негативните енергии од повисоко ниво (помоќните духови).

Гледањето на овој филм не е препорачливо за деца. Филмот содржи сцени кои можат да бидат вознемирувачки. Доколку сакате да го гледате филмот тоа направете го според своето сопствено убедување и според своја проценка.

Драматично појавување на крвави дамки во куќа.

Шпица

Наслов: Застрашувачки натприродни појави – Од архивата на SSRF

Во оваа серија: Напади преку медиумот на крвави дамки – Од помоќните негативни енергии

Продукција и режија – трагачи на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).

Прва епизода

Сите научни објаснувања се добиени по пат на истражување засновано на духовната наука со користење на развиено шесто сетило.

1. Вовед

Здраво и добредојде во првата епизода од нашиот сериал “Дали сте го доживеале ова?”. Моето име е Шон и ќе бидам ваш водич на патот низ мрачниот свет на духовите од повисоки нивоа или негативните енергии. Денес со вас ќе споделиме еден уникатен и бизарен феномен кој ги побива сите физички закони. Натприроден феномен кој доаѓа од најголемите длабочини на темната страна од духовната димензија. Во овој дел од нашиот серијал за тоа како негативните енергии можат да не нападнат или да влијаат врз нас, ќе ви покажеме како тие можат да створат крвави дамки и како можат да не нападнат преку нив.

За повеќе од дваесет годиини, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука ги истражува различните аспекти на духовната димензија со помош на развиено шесто сетило. Користевме и биофидбек уреди како би ги демонстрирале ефектите на духовната димензија.

Ние го шириме знаењето кое сме го стекнале преку нашите наоди, за да му помогнеме на општеството да разбере, како духовната димензија влијае на секој аспект од нашиот живот секојдневно, од облеката која ја носиме, музиката која ја слушаме до проблемите кои ги имаме.

Снимки на различни напади врз предмети на трагачи. Наслов: Сите овие феномени се случиле без позната физичка или медицинска причина или било какво друго рационално објаснување.

1.1 Истражувањето засновано на духовната наука вклучува набљудување и анализа на негативните енергии

Денес, поголемиот дел од нашето истражување се однесува на тоа како негативните енергии или духови влијаат на човештвото и опседнуваат луѓе, најчесто и без нивно знаење. Како резултат на тоа, истражувачкиот центар и луѓето кои се поврзани со него, се често напаѓани од негативните енергии од повисоко ниво на различни начини.

Трагачите поврзани со SSRF и самите биле напаѓани на физичко ниво. Некои од физичките проблеми кои се јавиле како резултат на нападите вклучуваат осипи, недостаток на енергија, проблеми со срцето, парализа, слепило, крвави дамки кои се појавуваат ненадејно од нигде, спонтано горење на слики од Божества и Светци и огребатини по ѕидовите.

На психолошко ниво трагачите биле опседнати и нивните мисли изманипулирани од овие негативни енергии од повисоко ниво, како би ги турнале во тешка депресија и ова резултираше во голем број на препреки при нивното служење да го шират ова знаење.

И покрај сето ова трагачите на SSRF, по милоста Божја, станаа само порешителни во својата духовна пракса и своето служење за ширење на духовноста и помагање на човештвото да ја разбере оваа димензија.

Случајот кој сега ќе ви го прикажеме е пример за необјасниви влажни крвави дамки околу кои нема никакви траги на повреди, крвавење од нос или било какво друго рационално објаснување.

1.2 Единствен документарен филм за паранормално

Ќе забележите дека овој документарен филм се разликува од другите документирани филмови за паранормалното. Тоа е затоа што по пат на развиено шесто сетило, трагачите на SSRF се во состојба да ни дадат информации за тоа како и зошто овие феномени се случуваат и што всушност се случува зад сцената во духовната димензија.

2. Анализа на случај за необјасниво појавување на крвави дамки

2.1 Драматизација на случајот  и интервјуа со лицата кои го искусија сето ова

Коментатор: Др. Прамод Голе е извршен директор во голема државна банка во Чандигар во Индија. Тој веќе многу години обавува духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука.

Др. Прамод Гол: Да би изразиле благодарност на Гуру принципот, трагачите слават Гурупурнима. И претходната година трагачите од нашиот центар одлучија да слават Гурупурнима. Јас бев главен организатор. Гурупурнима беше на 18-ти јули, а една недела порано на 11-ти јули, подготовките веќе беа во полн замав. Ме чекаа и други обврски.

Коментатор: Прамод се буди малку преокупиран. Тој има долг ден пред него. Треба да ја плати школарината на ќерката и да присуствува на многу важни состаноци во канцеларијата. Вечерта тој мора да присуствува на состанокот поврзан со организирање на прославата Гурупурнима. Откако го остави својот пешкир да се суши, Прамод тргна да ја земе кошулата и да се облече. Прамодовата жена, Сангита, му помага на својот маж и ќерка да се спремаат.

Драматизиран разговор помеѓу Др. Голе и неговата жена во бањата.

Коментатор: Кога Сангита влезе во бањата нешто на подот и го привлече вниманието. Кога подобро погледна, таа сфати дека тоа е крв. Сангита е загрижена и се прашува дали нејзиниот маж се пресекол. Таа излегува од бањата да го побара Прамод, кога нешто друго на балконот и го привлече вниманието. Пешкирот кој Прамод го користел исто така имал дамки од крв.

Г-ѓа Сангита Гол: Видов дека на подот имаше две дамки од крв. Бев запрепастена и се прашував од каде тие доаѓаат? Кога излегов од бањата повторно видов крвави дамки на пешкирот којшто тој го користеше. Тоа ме исплаши.

Коментатор: Во меѓувреме, Прамод појадува со својата ќерка и не знае ништо за крвавите дамки кои неговата сопруга само што ги видела во бањата и на балконот.

Драматизиран разговор помеѓу Др. Голе и неговото семејство за наоѓањето крвави дамки на подот.

Коментатор: Прамод доцни и не обраќа многу внимание на загриженоста на неговата сопруга. Додека Сангита со лажирана насмевка им мавта на Прамод и нејзината ќерка Праџакта, таа е длабоко загрижена и не може да престане да мисли на крвавите дамки. Праџакта го придружува својот татко до колеџот за да ја плати нејзината школарина. Прамод има многу работи на ум, бидејќи го чека напорен ден на работа, а треба да се направат и уште многу работи за прославата на Гурупурнима која тој ја организира. По патот тој размислуваше за тоа што неговата жена рекла за тоа дека се пресекол. Во ретровизорот тој гледа дека нема некоја посекотина од бричењето, но ништо не наоѓа. Кога стигнаа во кампусот на колеџот на Прамод не му требаа повеќе од петнаесет до дваесет минути да ја плати школарината на ќерката. Прамод е благодарен што пред канцеларијата нема гужва и што може да ја плати школарината без да чека. На патот кон работа, Прамод ја остава неговата ќерка дома. Куќата е на само еден километар од канцеларијата.

Неколку минути подоцна, Прамод пристигнува на работа. Ќе му требаат околу пет минути до својата канцеларија и уште незнае дека само што го очекува еден од најбизарните настани во неговиот живот. Само што го вклучи компјутерот, Прамод веќе се осеќа уморно. Тој се наслонува кон назад и се потпира на својата канцелариска фотелја за да земе воздух и брзо да размисли што се го чека денес.

Драматизација – Др. Голе гледа во крвавите дамки на своите панталони.

Коментатор: Прамод е изненаден и уплашен од она што го гледа на панталоните. Неговата прва мисла беше дека хемороидите кои ги имал пред повеќе од десет години, се вратиле. Тој е под стрес и моментално реагира на ситуацијата. Тој веднаш ја повикува својата секретарка.

Драматизација – Др. Голе ги откажува сите свои состаноци и бара да му се донесат пар чисти панталони.

Др. Прамод Голе: Несвесно вниманието ми отиде на моите панталони. Бев запрепастен кога видов дека предната страна од моите панталони е целосно мокра. Иако не осеќав никаква болка, кога ја видов крвта бев шокиран. Се јавив дома и побарав да ми испратат чисти панталони.

Коментатор: Додекам Прамод ја чекаше чистата облека, голем број на мисли му поминуваат низ умот. Во моментот кога тој ја виде крвта таа веќе беше полу сува. Кога се случи тоа? Дали се случи додека беше во автомобилот или додека одеше до канцеларијата?

Коментатор: Ако беа во прашање хемороиди – како тоа тој ништо да не осетил? Кога тој имаше проблеми со хемороиди пред десет години, тие биле пропратени со болка, а крвавењето се јавувало само во текот на дезинфекција. На Прамод сето тоа му се чинело како да нема никаква смисла. Како некој може да изгуби толку многу крв, а ништо да не осети? Додека се пресоблекуваше, Прамод стана уште позбунет.

Др. Прамод Голе: Додека ги пресоблекував панталоните приметив дека предниот дел беше повеќе извалкан. Друго што ме изненади, беше тоа што долната облека воопшто не беше влажна. Ако крвта дошла од моето тело тогаш и долната облека треба да биде влажна. Тоа навистина ме изненади.

Коментатор: Таа вечер Прамод се јави во главниот истражувачки центар на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука. Тој зборува со Г-ѓа Анѓели Гадгил од одделението за знаење за духовната димензија и притоа и го пренесува бизарниот настан од тоа утро. Одделението за знаење за духовната димензија е одговорно за сите истражувања во кои се користи развиено шесто сетило. Откако спроведе отчитување на настанот со шесто сетило, Анѓели ги потврди сомневањата на Прамод дека настанот е последица на дејствиа на негативни енергии од повисоки нивоа.

Др. Прамод Голе: Од колеџот отидов директно во канцеларијата. Значи дека нема шанси крвта да дошла од некој надворешен извор.

Коментатор: Ја повикавме неговата ќерка Праџакта која беше со него во автомобилот непосредно пред тој да влезе во неговата канцеларија.

Г-ѓа Праџакта Голе: Видете, јас бев со татко ми се до самиот крај на нашето патување со автомобилот тоа утро, и не видов ништо слично. Кога се врати од работа и ни ги покажа панталоните, дамката беше прилично голема. Кога ќе се присетам, дефинитивно би ја забележала доколку тоа се случило додека се возевме во автомобилот.

Коментатор: Кога Прамод подоцна го провери седиштето во автомобилот, не најде ниту една дамка. Кога Прамод за прв пат ја виде дамката, таа беше полу сува, па така тоа морало да се случи во текот на петте минути од моментот кога излегол од колата, додека влегол во својата канцеларија.

2.2 Форензичка анализа на случајот необјасниво појавување на крвави дамки

Коментатор: Па така, дали ова би можело да има медицинска причина? Дали крвта можела да доаѓа од Прамод? Првиот чекор кој го преземавме беше да ги прашаме форензичарите од која крвна група е дамката на панталоните. Крвната група на Прамод е АБ позитив.

Форензички експерт: Па, првиот чекор во форензичкото испитување беше да го откриеме потеклото на дамката. Дали се работи за некоја хемикалија, или тоа е всушност вистинска крв, и ако е крв, дали е човечка. Во следната фаза се обидовме да ја утврдиме крвната група. Во случајот на панталоните откривме дека крвната група е АБ позитив.

2.3 Медицинска анализа на случајот необјасниво појавување на крвави дамки

Коментатор: Значи, крвната група се совпаѓа. Но, дали крвта е на Прамод? Го замоливме Прамод да отиде и да направи медицински преглед и да ги прегледа хемороидите. Направивме и наша лекарска комисија да го прегледа и провери Прамод.

Резултатите покажале дека надворешните хемороиди и малите фисури се уште се присутни, но и дека Прамод во текот на последните години немал никакви симптоми или проблеми. Крвната слика исто така беше нормална. Но, овој пат се е поинаку.

  • Пред десет години кога Прамод имал проблеми со хемороидите, крвавел од анусот само кога имал столици. Никогаш не се случило крвта да му ја извалка облеката.

  • Како второ, столиците секогаш биле пропратени со ужасна болка

  • И конечно, симптомите исчезнувале после применувањето на лекови.

Прамод тој ден рече дека немал никаков запек, ниту пак имал тешка столица. Дали е можно во овој случај на хемороиди, симптомите да бидат потполно различни.

Др. г-ѓа Сандија Гупчуп (од SSRF комисијата на лекари): Па, да, кај повеќето случаи на хемороиди, симптомите можат да бидат различни. Клинички може да постојат мали фисури и хемороиди, но тие се ретка причина за ваков тип на крвавење.

Коментатор: Но, и понатаму имаме три точки кои мораме да ги разгледаме.

  • Долната облека на Прамод не е извалкана

  • Второ, дамката се наоѓа на предната страна од панталоните, а не на задната.

  • И трето Прамод не осеќа никаква сензација и покрај изгубена крв.

Д-р. г-ѓа Сандија Гупчуп: Во досегашната моја лекарска кариера, никогаш не сум видела пациент кој изгубил толкава количина крв, а тоа да не го ни забележал. Ајде да ги погледнеме медицинските причини поради кои би можеле да се појават вакви дамки. Прво, може да се работи за некое нарушено крвавење. Лично ги прегледав сите негови крвни извештаи и сите тие се во нормални граници, па така оваа причина е отфрлена. Тоа би можело да се должи на локална инфекција, но и тоа е исклучено. Значи единствената можност која ми текнува е отворена повреда. Го прашав д-р Гол дали имал некаква повреда и тој ми одговори дека немал никаква повреда од моментот кога излегол од автомобилот, па се додека стигнал до својата канцеларија. Како и да е, целата оваа дискусија е бесмислена бидејќи д-р Гол самиот рече дека на долната облека немал дамки. Па морам да заклучам со зборовите дека изворот на ова мора да е надворешен. Со сето мое знаење, не можам да најдам медицинско објаснување.

Постои уште еден аспект кој треба да се земе во предвид. Ако крвта дошла од Прамод како последица на хемороиди и тој да се избришал после туширањето, крвта не би се наоѓала само на едниот крај од пешкирот.

2.4. Анализа на случајот необјасниви крвави дамки по пат на шесто сетило

Коментатор: Бидејќи ова е нешто што модерната наука не може да го објасни,  дали може да се објасни со помош на духовната наука со користење на шесто сетило? За ова ни беше потребна помош од одделението за знаење за духовната димензија кое се занимава со истражување на вакви видови на случаи со помош на развиено шесто сетило. Тие тоа го прават како дел од својата духовна пракса со цел да го едуцираат општеството за тоа како духовната димензија може да влијае на нашите животи.

Во првиот дел од истражувањето, трагателката Јоја Вале која има развиено шесто сетило е замолена да направи отчитување. Јоја е поранешен модел од Парис и има оштетен слух и говор, но е надарена со способноста да го види актуелниот настан во духовната димензија.

Доколку би земале театарска драма како аналогија, просечниот човек би можел да види се што е на сцената. Јоја, од друга страна, преку нејзиното шесто сетило и духовната пракса е во состојба да го види и она што се случува зад сцената.

Трагачите како Јоја ни даваат увид во натприродната духовна димензија, димензија која повеќето од нас не можат да ја видат. Ова е димензијата каде луѓето заминуваат после смртта.

2.4.1 Објаснувањето за тоа како се проверуваат цртежите засновани на знаењето за духовната димензија во SSRF

Јоја почнува со молитва Бог да и помогне точно да види што се случило во бизарниот инцидент на Прамод. Му со моли на Бога други негативни енергии да не манипулираат со тоа што таа го гледа. Јоја сега почнува да се концентрира на панталоните. Јоја трансцендентира низ времето и се навраќа на настанот кој се случил пред речиси една година во град кој е оддалечен илјадници километри. Таа почнува да добива кратки слики и увиди во тоа што навистина се случило и почнува да го црта она што го гледа. После разговорот со Џанави, трагателка од SSRF одделението за духовна уметност, Јоја и Џанави одат да го видат Неговата Светост Др. Атавле.

Секој цртеж заснован на знаењето за духовната димензија кој Јоја ќе го нацрта, го проверува Н.С. Др. Атавле, изворот на инспирација за SSRF и лицето кое ги води сите истражувања на SSRF. Н.С. Др. Атавле го проучува цртежот и потоа со користење на Неговото високо развиено шесто сетило се спојува со Универзалниот Ум и Интелект да го провери цртежот за точност. Универзалнуот Ум и Интелект се синоними за Божјиот Ум и Интелект.

Неговата Светост Др. Атавле сите цртежи засновани на знаењео за духовната димензија ги оценува на скала од 1 до 10. Цртежите коишто ќе добијат оценка под 4 не поминуваат и никогаш не се објавуваат, бидејќи во нив нема доволно вистина. Меѓутоа, овој цртеж доби оценка 8.

2.4.2 Драматизација на она што е видено по пат на шесто сетило за тоа што ги предизвикало необјаснивите крвави дамки

Ентитетот кој го изврши нападот е машки суптилен мантрик т.е. силна негативна енергија од повисоко ниво, од 4-от регион на Пеколот (Патал). Тој имал витка градба и можел да ја менува формата од машка во женска. Се движел како ветер и ширел црна енергија каде и да одел. Главната причина зошто го таргетирал Прамод била да го исплаши и оддалечи од неговата духовна пракса. Мантрикот има натприродна способност да пренесува крв од едно место на друго. Во суптилна форма, тој преминал преку Прамод, притоа испуштајќи крв на неговите панталони.

3. Некои основни концепти

Пред да продолжиме понатаму, да одвоиме малку време  и да ве запознаеме со неколку концепти кои ќе ви помогнат во разбирањето како овој феномен се случува.

3.1 Што се негативни енергии?

Во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука го користиме терминот негативни енергии како колективна именка, да ги претставува сите видови на ентитети кои имаат намера да му наштетат на човештвото. Може ќе ви бидат попознати под терминот духови.

Меѓутоа, духовите имаа многу помала сила. Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука имавме напади од негативните енергии од највисоките категории, познати како Мантрици. Ако духовната сила на обичниот дух е помеѓу 1 и 10 единици, тогаш силата на Мантрикот се движи од една милијарда до близу бесконечноста. Основното оружје кое негативните енергии го користат е црната енергија т.е. духовна енергија која е во состојба да манипулира со било кој процес во регионот на планетата Земја (Булока). Степенот на овие манипулации зависи од силата на негативната енергија која напаѓа (како што се болести, социјални немири, пандемии и природни катастрофи).

3.2 Апсолутни космички елементи

Целата креација е направена од суптилни градежни блокови кои не можеме да ги видиме. Овие градежни блокови се познати како Апсолутни Космички Елементи. Апсолутните космички елементи во својата нај допирлива форма се манифестираат на Земјата. Тоа се Апсолутниот елемент Земја (Прутвитатва) кој се манифестира како земјата по која одиме, Апсолутниот елемент Вода (Апататва) кој се манифестира како морињата и езерата, Апсолутниот елемент Оган (Теѓтатва) кој се манифестира како оганот кој го видиме на Земјата, вулканите, и како пламенот на вашиот плински шпорет, Апсолутниот елемент Воздух (Вајутатва) кој се манифестира како воздухот кој го дишеме и без кој не можеме да живееме, и конечно, Апсолутниот елемент Етер (Акаштатва) кој се однесува на вакуумот кој постои во вселената.

Негативните енергии од повисоко ниво обавуваат со години одредени видови на духовна пракса, за да остварат целосна или делумна контрола над еден од овие елементи. Еднаш откако тие ќе се стекнат со потребната контрола, тие се во можност да се манифестираат и да манипулираат со разни настани во регионот на Земјата.

3.3 Кој е трагач

Трагач е лице кое прави искрени секојдневни напори за да остварува духовен раст. Духовната пракса на трагачот се обавува во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, кои се детално објаснети на нашата веб-страница. Тоа лице има интензивна желба за духовен раст и вложува постојан и интензивен труд да ја подобри својата духовна пракса, и квантитативно и квалитативно.

3.4 Суптилна битка

Последниот концепт се однесува на битка која во моментот се одвива.

Од 1999-та до 2023-та година, светот ќе доживее огромна промена. Иако непознато за поголемиот дел од светот, светот се наоѓа во една огромна битка помеѓу суптилните сили на доброто и злото. Во текот на следните неколку години, некои делови од оваа битка ќе се спуштат и на земјата во форма на трета светска војна. Организациите како што е SSRF, исто така, се напаѓани бидејќи се обидуваат да ја демистификуваат духовната димензија и му помагаат на општеството духовно да напредува во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.

4. Духовната наука зад феноменот појава на крвави дамки поради делувањето на негативните енергии

Ајде сега да ја погледнеме од близу духовната наука која стои зад феноменот на крвави дамки кои се појавиле поради негативни енергии.

Сонал Џоши е исцелителка и клучен член во SSRF одделението за знаење за духовната димензија. Дел од нејзините должности во SSRF истражувачкиот центар е да помага и исцелува други трагачи за да негативните енергии не постанат пречка во нивната духовна пракса. Разговаравме со неа за подобро да го разбереме овој феномен.

Сонал: Главната цел на Мантрикот во извршувањето на овој чин е само да го уплаши трагачот и да го оддалечи од неговата духовна пракса. Факт е дека спонтаната појава на крвави дамки е прилично редок феномен. Тоа е затоа што само Мантрик од најмалку 4-от регион на Пеколот има моќ да направи такво нешто. Треба да разберете дека Мантриците се на врвот од хиерархијата на негативни енергии. Единстевено нешто што тие го гледаат на нивниот радар се духовните организации и трагачите поврзани со нив, каде што многу се работи на ширење на Дармата т.е Праведноста. Мантриците никогаш не губат време и енергија на просечен човек.

Интервјуерот: Па сонал, покрај заплашувањето трагачи, постои ли некој друг ефект?

Сонал: Видете, кога тие ствараат крвави дамки, тие исто така ги полнат со црна енергија тие дамки, коишто создаваат суптилен недопирлив облак во околината. Познато ни е дека ефектите на овој облак предизвикуваат разни препреки на трагачите, како што се екстремна поспаност, летаргија, тежина во главата, сомнежи за неговата духовна пракса. Она што на крајот се случува е дека се успорува духовната пракса на трагачот.

Интервјуерот: Направивме некои истражувања на интернет и најдовме дека постојат и други луѓе кои биле погодени од овој феномен, но тие не обавувале духовна пракса.

Сонал: Видете, ако просечен човек е нападнат преку медиумот на спонтано појавување на крвави дамки, тоа воглавном е поради тоа што на истиот е фрлена црна магија.

Интервјуерот: Сонал, нашите гледачи мора да се прашуваат, како Мантрикот може да створи крв само од воздух?

Сонал: Во повеќето случаи тие не ствараат крв? Она што тие всушност го прават е де-материјализираат и ре-материјализираат крв. Значи она што тие всушност го прават е бараат места каде се случиле несреќи или болници или мртви животни каде што има крв и потоа ја пренесуваат така што ја де-материјализираат и ре-материјализираат од едно место на друго.

Интервјуерот: Сонал, што навистина се случи во случајот на Др. Голе?

Сонал: Во случајот на Др. Голе, иако крвната група на дамката се совпаѓаше со неговата крв, преку шесто сетило откривме дека крвта не е негова, туку дека потекнува од некое друго место. Понекогаш Мантрикот избира да направи крвави дамки со користење на Апсолутниот Космички Елемент Вода. Меѓутоа, со овој метод и стварање на нешто ново од нула, се троши многу од неговата духовна енергија. Па, ова е причината зошто тие го преферираат методот на пренесување.

Интервјуерот: Сонал, веројатно постојат многу луѓе таму негде и луѓе кои ова го гледаат и кои доживеале чудни феномени во нивните животи, веројатно поради црна магија или негативните енергии? Кој би бил вашиот совет за нив?

Сонал: Духовна пракса: Единстевната сигурна заштита против ваквите негативни елементи во духовната димензија е духовна пракса. Ги охрабрувам сите да го посетат веб-сајтот на SSRF во делот каде имаме посебна секција под името – Започнете го своето духовно патување. Таму е дадена јасна структура за тоа како да обавувате духовна пракса и како да се заштитите од темната страна на духовната димензија.

5. Музејот на SSRF

Коментатор: Случајот на Прамод е само еден од стотиците случаи кои се документирани во истражувачкиот центар на SSRF. Сега би сакала да ви покажам нешто. Моментално сте тука со мене во складиштето на SSRF и зад мене можете да ги видите сите овие кутии, и секоја од нив содржи предмети кои биле нападнати од негативните енергии. Тоа се само мал процент од вкупниот број, но тие ги содржат сите предмети кои биле нападнати на поспектакуларно ниво. Можете да видите напади на Свети книги, облека со крвави дамки, изгорена облека, оштетен кујнски прибор, облека со дупки кои спонтано се појавиле. Сакам да ви покажам нешто. Ова е кутија која содржи изгорени предмети, како што можете да видите овде, во ред. Ова е слика од Богот Шива. Можете да ја видите сликата, но погледнете што и се случило. Како целата слика да се запенила, и ако ви ја покажам под агол и вие ќе го видите тоа. Како што можете да видите, секој еден од овие предмети е спектакуларен на свој начин. Случајот на Прамод Гол е само еден од нив. Сега морам да ви кажам дека додека стоиме овде, и јас и екипата осеќаме огромна количина на суптилни вибрации кои постојано се емитуваат од сите овие кутии и задаваат чувство на главоболка и гадење, па така додека го одлагам тоа, сакам да ви покажам уште еден пособен случај кој го доживеа г-ѓа Анѓели Гадгил.

6. Анализа на случајот – изненадно појавување на парче месо

Уште еден бизарен случај беше оној на Анѓели Гадгил, трагателка од одделението за знаење за духовната димензија, која прима знаење за различните аспекти на духовната димензија.

Г-ѓа Анѓели Гадгил: Овој инцидент се случи во март 2004-та година во ашрамот на SSRF, додека обавував истражување на музика во смисла на духовната придобивка од истата и нејзина употреба во борба против негативните енергии. Читав некои белешки кои опишуваа како музичките ноти можат да произведат одреден вид на енергија која може да се користи како оружје против негативните енергии. Додека ги поминував белешките, приметив точка од крв на хартијата. Видов и парче бело месо на крвавите дамки кое по големина беше околу еден до еден и пол сантиметар. И на парчето месо имаше малку крв. Тоа беше сосема неочекувано и јас бев изненадена, бидејќи во ашрамот не се готви и не се послужува месо.

7. Анализа на случајот – изненадно појавување на парче месо

Коментатор:

Продуцирањето на овој документарен филм воопшто не беше лесно. Секој член од тимот беше нападнат на еден или друг начин од негативни енергии. На пример, лицето кое го замоливме да направи форензичка анализа доживеа многу препреки обавувајќи ја за нас оваа работа.

Форензички специјалист: Само што го отворив пакетот во кој беа ставени валканите алишта, осетив огромен притисок во домот. Осетив притисок во градите, почнав да осеќам мачнина, чувство дека ќе повратам, главата ми стана тешка и почнав да доживувам ужасна главоболка.

Истито ден, додека одев кон лабораторијата за да ги тестирам дамките, наидов на сообраќајна несреќа на патот. Тоа се повтори и следниот ден. Имав чувство како да ме прогонуваат, како несреќите да се намерни и дека некој ме сака мртов.

Тоа беше само почеток на препреките со кои се соочив во текот на тестирањето на облеката.

Кога почнав да ги тестирам примероците од SSRF, бев преплавен со невообичаени големи количини на форензички тестирања. Тоа беше толку чудно. Кога и да се обидував да ги тестирам предметите испратени од SSRF, количината, густината и концентрацијата на хемикалиите автоматски се менуваше. Тоа никогаш не ми се случило претходно. Многу пати опремата која ја користев за тестирање, само ќе престанеше да функционира без причина. Таа недела на работа имаше неколку кавги и јас само бев вовлечен во нив без причина.

Кога во SSRF им јавив дека имам многу препреки, тие ми дадоа да пеам специјално заштитно Име на Бога. Дури тогаш вознемирувањата почнаа да се намалуваат.

8. Завршни согледувања

Целта на овој документарец е да го едуцира и запознае општеството дека такви натприродни феномени можат да се случат. Секој ден, било тоа да го знаеме или не, сите ние сме погодени од негативната страна на духовната димензија. Единствениот сигурен метод да се заштитиме од тој свет е обавување духовна пракса.

Натприродните настани кои му се случуваат на SSRF се извонредни и не ни е познато дали било која друга организација била изложена на толкав број злобни и континуирани напади до таква мера. Единствениот начин на кој трагачите на SSRF беа заштитени е преку нивната духовна пракса и Божјата благодат.

Во годините кои доаѓаат пред 2018-та година, човечката раса ќе се соочи со предизвици на сите фронтови во форма на војна и невидени природни катастрофи кои ќе го загрозат и самиот опстанок на човечката раса.

Во овие тешки времиња не можеме да ја потцениме потребата за духовна пракса, да ни даде сила и насочување за патот напред во овој милениум. Ги охрабруваме сите да почнат и истраат на своето духовно патување, патување кое треба да биде во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса да би се остварил духовен раст.