Содржина
1. Вовед во влијанието на негативните енергии на општеството
Во било која ера и да живее, едно лице е условено од нормите и однесувањето на општеството. Воспитувањето на една личност, остава многу моќно влијание на тоа, како тој или таа го гледа светот околу себе. Тоа го обликува умот на една личност, во поглед на она што тоа лице гледа како прифатливо или непрфиталиво однесување, или норма. Кога една личност тргне на училиште, и подоцна во почетокот на адолесценција, почнува влијанието од учителите и врсниците на нашето мислење. На кратко, однесувањата, традицијата и нормите со кои ние растеме, го одржуваат статусот онаков каков што е во моментот на нашите животи. Ако нечии родители нешто прават, и пријателите тоа го прават, а општеството го прифаќа општиот начин на размислување, тогаш едно лице најверојатно ќе мисли дека тоа е во ред. Генерално, луѓето не се прашуваат каков е ефектот од нормите; А камоли духовниот ефект од една норма.
Да го земеме за пример социјалниот настан зомби прошетка кој започна во почетокот на раните 2000-ти, и кој сега прерасна во нешто како култ, во разни градови ширум светот. Родителите (заедно со децата) парадираат по улиците, со лажни мозоци кои изгледаат како да имаат повреда на главата и мозокот се гледа, и со лажна крв која тече од устата на децата. Тоа е морбиден семеен настан и денешните деца ке пораснат мислејќи дека ова е пример за еден забавен настан. Така ќе ги учат и нивните деца, бидејќи незнаат за подбро. Со текот на времето, ваквите традиции зајакнуваат и се прифаќаат како норми, колку и да би биле тие духовно штетни.
2. Недостатоците на модерното образование и способноста на луѓето да го перципираат суптилното
Нашиот модерен образовен систем не ги учи учениците како да го разберат ефектот од она што го прават и мислат на суптилно ниво. Сепак, преку истражување засновано на духовната наука, SSRF забележа дека суптилното влијание од таквите однесувања и практики, може да се продолжи за еден временски период, кој се протега многу подалеку после времето во кое се манифестира само физичко влијание. Општеството во целост, ја изгубило способноста да ги набљудува нештата и настаните на вибрационо ниво и како резултат на тоа, луѓето го бркаат следниот бран, тренд, однесување, без да застанат и да се преиспитаат дали тоа може да биде духовно штетно за нив, и за нивните семејства. Во SSRF го истакнавме фактот дека негативните енергии или демонски ентитети напаѓаат и опседнуваат луѓе од разни причини. Духовниот закон кој овде важи е дека “Сличното на слично му се радува”. Секој настан, пракса, однесување или норма која емитува негативни или вознемирувачки вибрации, најверојатно ќе привлече негативни енергии од суптилната димензија. Негативните енергии ќе потрошат помалку енергија да нападант или опседнат едно лице кое како последица на своето однесување или акции е опкружено со вознемирувачки вибрации. Доста често, негативните енергии всадуваат/ставаат мисли во умовите на луѓето, така да луѓето ги започнат овие негативни трендови и однесувања, за да можат негативните енергии тоа да го искористат и да влијаат на општеството.
3. Брз пораст на негативни трендови и однесувања
Во текот на последните педесет години, сведоци сме на брзото зголемување на трендовите и нормите кои емитуваат вознемирувачки вибрации. Како резултат на тоа, негативните енергии ги искористија таквите трендови и го зголемија своето влијание врз општеството. Негативните енергии често манипулираат со мислите и однесувањето на луѓето, како би ги исполниле своите демонски намери. Познати личности кои почнуваат или одобруваат модни трендови се често мета на негативни енергии. Ова се случува поради тоа што, кога таквите луѓе се под контрола на негативните енергии, тие можат да станат моќни борци/застапници за да таквите негативни трендови го привлечат вниманието на светот.
Во оваа секција од SSRF веб-сајтот, ги анализиравме разните негативни трендови кои преовладуваат на полето на уметноста, бизнисот, облекувањето, пијалоците, нега на косата, здравјето, начинот на живот, и општеството. Исто така, некои од овие трендови и однесувања, детално ги анализиравме како би им овозможиле на нашите читатели подобро да ги разберат разните негативни аспекти кои ги има секој од овие настани.
- Пушењето кај децата и тинејџерите – духовна перспектива
- Носењето предизвикувачка облека кај жените – духовна перспектива
- Графити, уметност или вандализам – духовна перспектива
- Зошто не треба да се носат дредови – духовна перспектива
- Модни ревии – духовна перспектива
- Хомосексуални (геј) бракови – духовна перспектива
- Распуштена коса – жените кои својата коса ја носат распуштена и духовниот ефект од таквото носење
- Носењето црна облека и како боите духовно влијаат на нас
- Геј паради – духовна перспектива
- Техно паради – духовни ефекти
- Нудизам – духовна перспектива
- Бакнување во јавност – духовни ефекти
- За модата со черепи – духовна перспектива
- Духовно негативниот ефект на зомби прошетката
- Ноќ на вештерките – духовна перспектива
- Како да се прославува роденденот? Сечење торта наспорти мавтање со ламба
- Тетоважи – Духовна перспектива
- Боди пирсинг – ефекти од пирсингот на носот, ушите и другите делови на телото
- Давање и примање подароци
4. Ефект од негативните трендови и однесувања
Секој таков тренд и однесување со себе носи мноштво негативни влијаниа на физичко, психолошко и духовно ниво. Во следната табела ги прикажавме главните аспекти на негативното влијание. Сериозноста на влијанието ќе варира во зависност од трендот.
Вид на негативно влијание |
Сериозноста на влијанието |
Коментар |
---|---|---|
Зголемување на вознемирувачки вибраци во домот |
Средна до висока |
Повеќето луѓе неможат да ги согледаат зголемените вознемирувачки вибрации во областа поради ваквите настани. Едно лице може да ги согледа овие вибрации кога тоа обавува редовна духовна пракса. Меѓутоа, само затоа што едно лице неможе да ги согледа овие негативни вибрации, не значи дека тие не делуваат и на лицето и на околината. |
Зголемена можност за опседнување |
На лицето: Средна до висока На посматрачот: Ниска до средна |
Кога е зголемено нивото на вознемирувачка енергија во и околу лицето или набљудувачот, се зголемува можноста да се биде под влијание на демонски ентитет. Еднаш откако едно лице ќе биде опседнато од дух, многу е тешко да се ослободи од опседнатоста. Тоа може да трае и неколку животи, се додека лицето не се потруди да обавува интензивна духовна пракса. |
Временски период во кој може влијанието да трае |
На лицето:неколку минути до неколку животи На посматрачот: Неколку минути до неколку месеци |
Впуштењето во ваквите видови на настани може да влијае на едно лице за долго време. Особено, доколку настанот се повторува. |
Ниво на стекнат грев |
На лицето: 1-50% На посматрачот: 1-10% |
Заслугите и гревовите го држат едно лице во циклусот на умирање и раѓање. Меѓутоа, гревовите или заслугите можат да предизвикаат интензивно патење кај едно лице во сегашниот или следниот живот. После смртта, суптилното тело на тоа лице најверојатно ќе заврши во еден од нижите региони на Пеколот. Колку повеќе настанот се повторува, толку повеќе грев се акумулира. Главната причина зошто се акумулира грев, е затоа што сите такви настани допринесуваат за зголемување на негативноста во општеството, и исто така го одвлекуваат едно лице/набљудувачот далеку од нивната вистинска цел на животот, која е духовен раст. |
Зголемување на егото |
На лицето: 0.5-5% На посматрачот: 1-3% |
На пример, манекенка која учествува во модна ревија, може да искуси зголемено его поради пофалбите и ласкањата. Од духовна перспектива егото е многу штетно, бидејќи тоа е една од најголемите препреки во духовната пракса. Максималното его на една просечна личност е 30%. За да се намали егото за 5%, можат да бидат потребни години духовна пракса. |
5. Заклучок
Постојат многу негативни трендови и однесувања, кои се директно или индиректно под влијание на негативни енергии. Како што споменавме погоре, некои од нив детално ги анализиравме. Останатите теми само ги наведовме, со цел да ви дадеме една идеја/слика за разните трендови кои од духовна перспектива се штетни.
Со разбирање дека таквите настани се штетни и за вас и за вашите блиски, можете да направите промени во вашиот животен стил, со цел да ги елиминирате.
Во написот – Решенија за неправедните практики кои го одвлекуваат човештвото од Блаженство (Бога) – Дадовме информации за тоа како да се надминат штетните ефекти од таквите трендови.