1. Видови на духовна емоција
Постојат два вида на духовни емоции, манифестирани и не-манифестирани.
- Манифестирана духовна емоција како што и самото име зборува е кога постои видлива манифестација на духовната емоција. Ќе обработиме разни типови на манифестации во наредните поглавја.
- Не-манифестирана духовна емоција е кога постои духовна емоција која не се манифестира, или не е видлива за другите.
Од овие два вида на емоции, не-манифестираната духовна емоција е повисока состојба, затоа што секоја енергија која е потрошена за манифестирање на духовната емоција ќе биде сочувана. Оваа духовна енергија потоа може да се користи за понатамошен духовен раст. Исто така може да се користи за служењето на Бога и Гуруто за ширење на Духовноста.
2. Манифестирање на духовните емоциии
Кога лицето доживува духовна емоција (Бав) таа може да се манифестира на 8 начини:
1. Чуство на прекинување на секоја потреба за движење
2. Потење
3. Наеженост на влакната
4. Треперлив глас
5. Тремор (Треперење на телото)
6. Бледило на лицето
7. Солзи (ладни)
8. Онесвестување
Овие манифестации на духовните емоции се случуваат без труд, спонтано и без било каква не-духовна причина. Кога лицето ја доживува оваа состојба нејзиното однесување е често променливо и има намалена свест за телото, умот станува без мисли, затоа што е фокусиран на одредено религиозно поттикнување. Тоа се случува кога постои нешто што доведува до ненадејно зголемување на сатвикот.
На пример, трагачот често доживува солзи на духовна емоција за време на пеењето на богољубиви песни, или кога ќе се сети на Гуруто, или Бога, или кога ќе се сети на разни духовни искуства во својот живот. Тоа може да се смета како солзи на духовната емоција и како еден од осумте вида на духовната емоција. Кога сите наведени знаци ќе бидат забележани симултано, речено е дека осмоструката сатвик духовна емоција (Аштасатвик Бав) е разбудена.
Ова искуство на манифестирање на духовната емоција често е кратко, но понекогаш може да биде и подолго. Подолго траење често се доживува кај трагачите на повисоко духовно ниво или Светците на патот на Богољубието (Бактијога) кога имаат некое исклучително духовно искуство.
Ако некој доживее духовна емоција не значи дека е на повисоко духовно ниво. Исто така не траба да се меша со физичката, или емоционалната манифестација на духовната емоција. Видете го написот: Која е разликата помеѓу емоциите и духовните емоции?