Вештерка (Четкин)

1. Вовед

Релативната духовна сила на вештерката (Четкин) е 1000. Ова е споредно со силата на обичниот дух, кога би била 1 на скалата на релативна сила. Ве молиме прочитајте го написот “Видови на духови”. Околу 2% од светската популација е под влијание или опседната од овој вид на дух во сегашните времиња, и ќе биде така се до 2025 година. Со оглед на тоа дека мал процент од светксата популација е под влијание на овој вид на дух, дадовме само краток преглед на нејзините основни карактеристики.

2. Цртеж заснован на суптилното знаење на вештерката (Четкин)

MKD_Chetkin

Ве молиме имајте во предвид дека ова е само едно грубо упатство, бидејќи духовите можат да заземат било каква форма во зависност од она што се обидуваат да постигнат.

3. Основни карактеристики на вештерката (Четкин)

  • Непријатен мирис е поврзан со присуството на вештерки.
  • Луѓето кои се опседнати од вештерки, се манифесираат преку постојано смеење.
  • Тие имаат вештина да заземаат различни форми.
  • Тие влегуваат во телото на лицето и предизвикуваат несреќи. Потоа ја превземаат контролата врз супитлните тела на овие лица за да ги натераат да работат за нив. Тие исто така, ги обучуваат да обавуаат обреди за да акумулираат црна енергија.
  • Тие се способни да преземат целосна контрола врз една куќа и потоа можат да го уништат целото семејство кое живее во таа куќа.
  • Тие се експерти во областа на мантрите и тантрите. Тие се добро обучени да фрлаат црна магија.
  • Тие работат заедно со духовите од највисок ред и ниво т.е. суптилните мантрици.

4. Духовни мерки

  • Духовно прочистување на просториите со соодветни духовно исцелувачки мерки и пеење на соодветното Божјо Име за духовно чистење на прсториите.
  • Пеење на Божјото Име според религијата на раѓање или по советот на Светец, е духовната мерка со која се добива ублажување од влијанието (нарушувањето) од вештерката (Четкин). Пеењето на Божјото Име треба да се обавува заедно со прогресивно повисоки нивоа на духовна пракса како како што се, односно е поефикасно ако се комбинира со Престој во друштво на Вистината (Сатсанг) , Служење на Вистината (Сатсева), итн.

Забелешка: духовното ниво на духовниот исцелувач мора да биде најмалку 20% повеќе од духот што влијае или го запоседнало (опседнало) лицето кое што тој се обидува да го исцели. Кога едно лице се третира со надворешни духовни мерки, лицето се чувтстува подобро за некое време, но за да се ослободи од ова влијание (вознемирување, нарушување), (кое, во многу случаи, го следи лицето од многу претходни раѓања/животи) трајно, важно е да се обавува духовна пракса и да се генерира постојана и трајна позитивност најпрво во нас. Само тогаш е можно да се добие трајно излекување. Ако лицето го надополни надворешното духовно исцелување со пеење на Божјото Име за време на духовно исцелување, тогаш влијанието (вознемирувањето, нарушувањето) се надминува за пократко време.