Црната Змија

1. Предговор за Црната Змија (Кала Наг)

Црната Змија (Кала Наг) е на трето место по хиеарархија кај духовите во растечкиот редослед според нивната духовна сила. Реалтивната духовна сила на Црната Змија е 100. (Ве молиме прочитајте го написот “Видови на духови”). Околу 10% од светската популација е под влијание или запоседната (опседната) од овој вид на дух во сегашните времиња, и ќе биде така се до 2025 година. Со оглед на тоа дека мал процент од свтската популација е под влијание на овој вид на дух, споредно со обичниот дух (Бут) и демонот (Ракша), дадовме само краток преглед на нивните основни карактеристики.

2. Цртеж заснован на суптилното знаење на Црната Змија

MKD_Kala-Nag

Ве молиме имајте во предвид дека ова е само едно грубо упатство, бидејќи духовите можат да заземат било каква форма во зависност од она што се обидуваат да постигнат.

Може да се запрашате зошто се нарекува ‘Црна Змија’ кога е во зелена боја. Па, ова е од перспективата на разликување на истата од жолтите или позитивни змии кои имаат позитивна духовна енергија и кои им помагаат на луѓето и трагачите на Бога. Од друга страна Црните Змии имаат црна енергија која ја користат да му нанесат штета на човештовото.

3. Основни карактеристики на Црната Змија

  • Црните змии се избувливи, исклучително паметни, лукави и лажни. Тие се секогаш зафатени во својата работа и се ентузијасти.
  • Тие се екстремно агресивни и ослободуваат црна енергија многу брзо.
  • Тие се многу прецизни и упорни во нивната духовна пракса.
  • Поради нивната многу силна и огромна духовна пракса, тие имаат духовна енергија да се здобијат со контрола врз седумте чакри на едно лице. Овде чакра се однесува на центарот преку кој духовната енергија тече према Патот на активирање на Духовната енергија (Кундалини-јога). Обично тие ја складираат нивната енергија во седумте чакри. Ве молиме прочитајте го написот за Кундалини.
  • Тие имаат многу натприродни моќи.
  • Тие работат под водство на суптилните (мантрици).

4. Духовни мерки за исцелување

  • Духовна пракса и процесот на отстранување на недостатоци на карактерот се најодржливите мерки за духовно исцелување за надмнување на проблемите со било кој вид на дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.)
  • Духовната моќ на Црните Змии може да се намали со насочување на духовно позитивната исцелувачка енергија кон нивните центри на црна енергија кои се наоѓаат во соодветните седум Кундалини чакри на опседнатото лице или е под нивно влијание.

Забелешка: духовното ниво на духовниот исцелувач мора да биде најмалку 20% повеќе од духот што влијае или го опседнало лицето кое што тој се обидува да го исцели. Кога едно лице се третира со надворешни духовни мерки, лицето се чувтствува подобро за некое време, но за да се ослободи од ова влијание (вознемирување, нарушување), (кое, во многу случаи, лицето го следи од многу претходни раѓања/животи) трајно, важно е да се обавува духовна пракса и да се генерира постојана и трајна позитивност најпрво во нас. Само тогаш е можно да се добие трајно излекување. Ако лицето го надополни надворешното духовно исцелување со пеење на Божјото Име за време на духовното исцелување, тогаш влијанието (вознемирувањето, нарушувањето) се надминува за пократко време.