Дополнителната придобивка од користењето на стипса, е таа дека лицето може да го дознае видот на енергијата која го вознемирува. Кога стипсата која се користи во методот се запали, Раѓа-Тама фреквенциите кои произлегуваат од неа кондензираат и по нивниот облик се утврдува јачината на нарушувањето.
Што се ќе ви биде потребно за да го спроведете овој метод?
-
Чекор 1 : Молитва
- Молитвата треба да ја изговри оној врз кој се спроведува методот, по искажувањето почит кон Богот Марути. ‘Нека уроците фрлени врз мене (треба да го каже своето име) бидат отстранети од мене и нека (кажи го името на лицето кое го спроведува методот) не биде погодено од нив.
- Оној кој го спроведува методот треба да му се моли на Богот Марути за да спречи било какво влијание на негативните енергии.
-
Чекор 2 : Заземање на вашата позиција
Нека лицето кое е под влијание не негативна енергија и врз кое се спроведува методот седне на ниско дрвено постоље со лицето свртено кон исток и со опуштени свиткани колена кон градите. Дланките треба да бидат свртени нагоре и треба да се постават на колената.
-
Чекор 3 : Спроведување на методот
Чекори кои треба да ги следи лицето кое што ја спроведува постапката. Застанете пред лицето кое е под влијание. Земете по едно парче стипса со големина на цреша (ве молиме погледнете ја сликата подолу) и ставете ги во дланките.
Потоа затворете и прекрстете ги дланките пред вашето тело. Дланките треба да бидат прекрстени како знакот за множење (X).
Потоа движете ги дланките од главата до стапалата на лицето кое е под влијание, во спротивни насоки и потоа да допрат до земјата.
Рацете се прекрстени само на почетокот. Како што започнуваме со методот треба да ги разделиме рацете и истовремено да ја движиме десната рака во насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата, а левата рака во спротивна насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата.
По допирањето на земјата, почнуваме повторно како погоре те. ги разделуваме рацете и истовремено ја движиме десната рака во насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата, а левата рака во спротивна насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата.
При спроведување на методот следново треба да се изговара: ‘Нека урокот фрлен на него од страна на посетители, духови, дрвја, минувачи, место, биде отстранет и нека тој биде заштитен од болести и повреди’.
-
Чекор 4 : Забележани ефекти по фрлањето на стипсата во жешката железна тава или во жар
По ритуалот, фрлете ги парчињата од стипса во жешка железна тава или во жар. Ако стипсата изгори за неколку секунди во безлична грамада без да добие некоја специфична форма, тогаш тоа значи дека не постои проблем.
Ако стипсата не добие било каква форма, но продолжи да гори долго време, тогаш можеме да заклучиме дека негативната енергија е многу моќна.
Ако стипсата добие форма на животно или птица, тогаш можеме да заклучиме дека духот (демон, ѓавол, негативна енергија итн.) го измачува лицето преку медиумот на животно или птица.
Понекогаш изгорената стипса може да добие форма на кукла. Ова значи дека суптилниот волшебник (мантрик) има направено слика на лицето и фрлил црна магија користејќи ја сликата како медиум.
Понекогаш стипсата може да добие форма на череп. Ова значи дека духови од пониските нивоа со силни желби го измачуваат лицето кое е под влијание.
-
Чекор 5 : Отстранување на остатоците
Остатоците од стипсата треба да се соберат во пластична кеса, добро да се затвори и фрли во канта за ѓубре подалеку од куќата и тоа по молитвата кон Божеството Марути за уништување на негативната енергија која што се наоѓа во него.