Предвидувања за почетокот на Третата светска војна, настаните што и претходат и настаните што следат
Одрекување: Целта на оваа статија е да ги информираме нашите читатели, а не да се создава страв. Целта е да им се помогне на читателите да се подготват за евентуалната светска војна и да одредат кои чекори може да ги преземат за да се заштитат.
Иако постојат предвидувања за можност за Трета светска војна од страна на јасновидци како што се Нострадамус, Баба Ванѓа или од историчари или политички аналитичари, овој напис има за цел да ја даде духовната перспектива за да може некој да се подготви на физичко, психолошко и духовно ниво.
Оваа статија првпат е објавена во 2006 година, а последен пат е ажурирана на 28 октомври 2023 година.
Содржина
- 1. Вовед во предвидувањата за Третата светска војна
- 2. Третата светска војна и суптилната битка
- 3. Кога ќе започне Третата светска војна? – Временска рамка на настаните
- 4. Предвидување за сериозноста на Третата светска војна
- 5. Главните фази на Третата светска војна и суптилната битка
- 6. Дали може да се избегне Третата светска војна?
- 7. Кои се Божјите сили кои се борат во оваа суптилна битка?
- 8. Заклучок
1. Вовед во предвидувањата за Третата светска војна
Светот се соочува со пораст на природни катастрофи, терористички активности, војна и политички немири, кои започнаа во блиското минато. Се чини дека нема одмор, ниту пак изгледа дека трендот ќе престане. Во последно време особено се соочивме со висок пораст на вести поврзани со можноста за Трета светска војна, и можните места каде што би можела да започне Третата светска војна. Некои вести шпекулираат дали Третата светска војна е веќе започната? Многу луѓе се чувствуваат беспомошни додека гледаат како светот незапирливо се лизга кон уште понеизвесна иднина.
Многу јасновидци како Нострадамус, Едгар Кејс и други, предвиделе турбулентни и тешки периоди со катаклизмички размери, а го спомнале и почетокот на Третата светска војна.
Уште од 2006. година, SSRF спроведува истражувања засновани на духовна наука за да ги испита можностите за започнување на Третата светска војна, кога таа би можела да се случи и што следува потоа. Исто така истражувавме дали постојат настани во духовната димензија зад ваквите алармантни трендови и она што го чека човештвото. Целта на овој напис е да даде информации откриени во текот на духовните истражувања за:
- влијанието на силите од духовниот свет кои управуваат со светските настани како што се Третата светска војна и на зголемувањето на природните катастрофи.
- мерките кои човештвото може да ги преземе за да се намали влијанието на таквите случувања или за да се заштити себеси за време на Третата светска војна.
2. Третата светска војна и суптилната битка
На повеќето луѓе не им е познато дека универзумот е среде суптилна битка од епски размери. Поголемиот дел од оваа битка се води во духовната димензија помеѓу силите на доброто и злото. Физичката рамнина, т.е. Земјата, е исто така под влијание на настаните од духовната димензија. Последиците од суптилната битка се манифестираат главно во форма на семиња посеани за понатамошно забрзано и прогресивно уништување на светот на различни нивоа и тоа на два начина:
- намалување на вкупната сатвикта (чистота) во светот.
- зголемување на притисокот на силите на злото врз човештвото.
Од 1993 година, негативните суптилни сили (моќните негативни енергии) почнаа да го сеат семето на општественото распаѓање и забрзувањето на неправдата. Процесот на опаѓање на општеството (т.е. зголемувањето на Раѓа–Тама) веќе започна на различни начини. Тоа се случило поради зголемувањето на материјалистичката природа на луѓето и недостатокот на Праведност, а сето тоа е предизвикано од недостаток на духовна пракса. Со помош на посилни негативни енергии, тонењето на општеството наеднаш се засилило и забрзало. Со текот на времето, ова семе ќе се вкорени и ќе ја зголеми Раѓа–Тама (духовната нечистотија) во општеството. Како што општеството продолжило да станува сè понеправедно, на негативните енергии сè повеќе им се олеснувало зголемувањето на Раѓа и Тама во околината. Зголемувањето на Раѓа и Тама има дестабилизирачко влијание врз луѓето и околината што ќе кулминира со природни катастрофи и Трета светска војна.
3. Кога ќе започне Третата светска војна? – Временска рамка на настаните
Следната табела ја опишува временската низа на настани од психолошката војна која започна во 2018 година и тековната физичка Трета светска војна која започнува во 2019 година. Некои од механизмите за овој развој на настаните се веќе обезбедени и иницирани од суптилните региони од страна на негативните енергии на повисоко ниво. Оваа статија за прв пат беше објавена во 2006 година, а од 2015 година наваму дававме груби насоки за настаните што ќе се одвиваат во иднина. Како е Третата светска војна на самиот почеток, временската рамка за конкретни настани може да се промени во зависност од различни фактори дадени во Дел 6 – Дали може да се избегне Трета светска војна?
Година | Настан |
---|---|
2000 | Посеано е семе на интензивни семејни расправии во општеството. |
2001 | Посеано е семе кое доведува до зголемување на анти-социјалните елементи во општеството. |
2002 | Посеано е семе за зголемување на злоупотребата на местата за Богослужење, кое забрзано ги зголемува Раѓа и Тама компонентите. Местата за Богослужење придонесуваат за зголемување на Сатва компонентата во општеството. Злоупотребата на такви места ја намалува сатвикта (духовната чистота) и со тоа помага да се зголемат Раѓа и Тама . |
2006 | Посеано е семе за почетокот на уништувањето на местата за Богослужење. |
2011 | Посеано е семе што ќе ги води терористите (под контрола на силните негативни енергии) да преземат чекори за уништување на духовните организации кои работат за благосостојбата на општеството. |
2014 | Зачестени природни катастрофи. |
2015 | Пустошења од поплави и вулкански ерупции. |
2015-2018 |
|
2019-2025 |
|
2025 и понатаму |
|
Видете го делот: Дали може да се избегне Трета светска војна?
4. Предвидување за сериозноста на Третата светска војна
Како што беше кажано претходно, битката во физичкото царство, т.е., на Земјата, првенствено се должи на настаните во духовната димензија. Затоа, свесноста за нејзините вистински причини е присутна само кај духовно развиените личности, преку развиеното шесто сетило. Само дел од суптилната битка ќе се доживее на Земјата на физичко ниво, но и тој дел ќе биде доволно катастрофален и ќе биде причина за масовно уништување. Човештвото ќе го доживее овој дел од битката во форма на зголемени природни катастрофи и Трета светска војна, каде што најверојатно ќе се користи оружје за масовно уништување, вклучително и нуклеарно оружје. Зголемувањето на природните катастрофи како што се поплавите, земјотресите и вулканите првенствено ќе се должи на зголемувањето на духовната нечистотија поттикната од неправедноста на Земјата. Духовното истражување на овој феномен е опфатено во написот Природни катастрофи – духовна перспектива. Луѓето и настаните што ќе ја поттикнат Третата светска војна ќе бидат контролирани од негативните енергии на повисоко ниво познати како суптилни волшебници (мантрици).
Следната табела ја прикажува споредба на интензитетот на светските војни земајќи ги предвид суптилните и физичките фактори.
Името на војната | Година | Релативна сериозност на суптилната и физичка битка |
---|---|---|
Првата светска војна. | 1914 – 1918 | 1 |
Втора светска војна | 1939 – 1945 | 1.5 |
Третата светска војна | 2015 – 2025 | 4.5* |
*Забелешка: Кон крајот на Третата светска војна, сериозноста на уништувањето предизвикано од војната ќе биде 4,5 пати поголемо од она во Првата светска војна а 3 пати поголемо од она во Втората светска војна
Прикажаната табела помага да се разбере размерот на суптилната битка и Третата светска војна. Сите големи несреќи и терористички активности во последните години се предупредувачки знаци, директно поврзани со суптилната битка. Негативните енергии од повисоко ниво, како суптилните волшебници (мантриците), запоседнуваат поединци кои се склони да му наштетат на општеството и преку нив спроведуваат терористички активности врз човештвото.
Како духовите предизвикуваат несреќи, болести и социјални потреси? (видео)
Забелешка до читателите:Оваа статија за првпат беше објавена во 2006 година.
За да ја разберете подобро оваа статија, прочитајте ја – Сатва раѓа и тама – Основни компоненти на креацијата бидејќи дава знаење за основните концепти за кои зборуваме во статијата.
Исто така, предлагаме да ја прочитате статијата – Трета светска војна и природни катастрофи – водич за преживување
5. Главните фази на Третата светска војна и суптилната битка
5.1 Кој стои зад Третата светска војна и што ќе го поттикне нејзиниот почеток?
Третата светска војна ќе биде предизвикана главно поради моќните суптилни негативни сили. Негативни енергии од повисоко ниво ќе го искористат ниското духовно ниво, недостатоците на личноста и високото его на луѓето за да ги турнат во пропаст и да ги поттикнат нациите да војуваат едни со други. Во сите три светски војни (т.е. од Првата светска војна до Третата светска војна), моќните негативни енергии од најниските рамнини на пеколот беа вистинската причина за настаните што ги поттикнаа земјите да војуваат меѓу себе. Следниве точки појаснуваат кои суптилни негативни енергии од рамнината на пеколот се одговорни за поттикнување на Светските војни.
- Првата светска војна: Суптилните волшебници (мантрици) од вториот регион на пеколот.
- Втората светска војна: Суптилните волшебници првенствено од третиот регион на пеколот учествувале во водењето на Втората светска војна. Хитлер, на пример, за време на неговиот мандат на власт, бил опседнат од суптилен волшебник од 5-тиот регион на пеколот. Ова беше и причината за неговото драматично доаѓање на власт. Во текот на неговото владеење, суптилниот волшебник беше целосно манифестиран.
- Третата светска војна: Ако се случи третата светска војна (во физичката област), тогаш таа би била предизвикана од суптилни волшебници од четвртиот регион на пеколот. Меѓутоа, во суптилната битка ќе учествуваат суптилни волшебници од седмиот регион на пеколот (најдлабокиот регион на пеколот). Во годините 2017-2025, суптилните волшебници од 6-тиот и 7-от регион на Пеколот ќе бидат вклучени во суптилната битка.
Третата светска војна ќе започне во 2015 година и најверојатно ќе трае околу 11 години до 2025 година. Војните што ќе се водат во тој период ќе бидат меѓусебно поврзани, иако тоа нема да биде толку очигледно за човештвото. Кон крајот на овој период, постои веројатност дека ќе се користи оружје за масовно уништување, вклучувајќи го и нуклеарното оружје. Би имало невидена загуба на човечки животи, би загинало приближно 50% од населението. Некои земји би биле погодени повеќе од другите. Непотребно е да се каже дека во меѓусебно поврзаниот свет, сите земји ќе бидат погодени.
Во табелата е прикажан временскиот редослед на Третата светска војна и воспоставувањето на „Божјото Царство“ од гледна точка на силите на доброто и злото.
Година | Фази на Третата светска војна |
---|---|
2015 | Почеток |
2016 – 2018 | Неправедните луѓе под водство на злите сили извојуваат повеќе победи |
2019 – 2021 | Силите на правдата и силите на неправдата се изедначени |
2022 – 2025 | Победуваат праведните луѓе под водство на силите на доброто |
2025 и понатаму | Почетокот на „Божјото Царство“ |
5.2 Улогата на Индија во Третата светска војна
Од памтивек, Индија е духовен лидер во светот. Духовното истражување откри дека во битката што се одвива, од духовна перспектива, Индија ќе го заземе централното место. Светците од највисоко ниво во Индија прават се што можат за зголемување на Сатва компонентата во светот, за да се намали интензитетот на Третата светска војна. За време на војната, негативните суптилни сили би ги поттикнале соседните земји да ја нападнат Индија за да ја дестабилизираат нејзината клучна улога. Како резултат на тоа, приближно 50% од индиското население би загинало.
6. Дали може да се избегне Третата светска војна?
Краткиот одговор на ова прашање е „најверојатно не“; предвидувањата за Третата светска војна најверојатно ќе се остварат, иако интензитетот и временската рамка на Третата светска војна и природните катастрофи може да варираат.
Прво, да видиме зошто овие катастрофални настани веројатно ќе се остварат. Раѓа–Тама или духовната нечистотија на Земјата, значително се зголеми во изминатите неколку децении. Ова се должи на неколку фактори, како што се зголемениот интензитет на дефекти на личноста кај луѓето, високиот фокус на материјализмот, недостатокот на духовна пракса (според Универзалните духовни принципи), и негативните енергии од духовната димензија кои влијаат врз луѓето и ги запоседнуваат за да постапуваат како што тие сакаат. Секогаш кога на Земјата се акумулира духовната нечистотија (РаѓаиТама), се зголемува нестабилноста на луѓето и околината. Резултатот на тоа се различни непожелни настани како што се природни катастрофи, социјални немири, пандемии, тероризам, војни итн. На крајот, ова ќе создаде нова свест во општеството за тоа како да се живее одржливо и на духовно позитивен начин, што со текот на времето ќе резултира со намалување на негативноста.
Единствениот начин да се смени овој тренд и да се избегне уништување е да се зголеми суптилната Сатва компонента во светот и да се намалат компонентите РаѓаиТама . За да се случи ова, луѓето треба да направат пресврт од 180 степени во нивниот сегашен начин на живот и да практикуваат Духовност според шесте основни принципи на духовната пракса. Духовниот напредок се случува само кога некој практикува Духовност во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса. Религиите кои проповедаат дека нивниот пат е единствениот пат до Бога и се обидуваат да ги преобратат другите во својата вера со сила или со измама, ризикуваат да ги прекршат шесте основни принципи на духовната практика и затоа го негираат духовниот напор на луѓето кои ги следат овие принципи. Во некои случаи кога луѓето проповедаат насилство (отворено или прикриено) кон општеството и кога луѓето го следат таквото размислување, тие духовно уназадуваат и си создаваат неповолни тешки судбини за себе. Веројатноста да се случи оваа духовна промена е малку веројатна, и оттука, Третата светска војна и предвиденото уништување остануваат многу веројатни.
Сепак, интензитетот и временската рамка на настаните можат да се променат.
Додека конфликтите во светот продолжуваат да ескалираат, светците од највисокото ниво на Земјата прават сè за да му помогнат на човештвото да се заштити и да се намали интензитетот на можната светска војна. Преку нивната духовна сила, тие се способни да ги одложат неповолните времиња, давајќи ни драгоцено време да се подготвиме духовно.
Времето и интензитетот може да се променат во зависност од тоа која страна вложува поголем напор. Ако негативните сили вложат поголем напор, интензитетот ќе биде поголем. Спротивно на тоа, ако многу луѓе започнат духовна пракса и водат духовно попозитивен и одржлив начин на живот, интензитетот на катастрофалните времиња би можел да се намали. Многу е тешко да се практикува духовност кога војната ќе ни дојде на прагот. Идеално, би требало да го искористиме секој миг на мир за да практикуваме Духовност и да ја користиме за духовен напредок. Со духовниот напредок доаѓа духовниот раст и духовната заштита во нечиј живот. Еден од начините за духовна заштита е тоа што некој би можел да ги фати мислите од Божественото што ќе му помогнат да донесе правилните одлуки за да остане безбеден во неповолните моменти. Исто така, кога растеме духовно, нашата аура станува поголема и попозитивна, влијаејќи позитивно на оние околу нас.
На лично ниво, луѓето кои ќе ја преживеат Третата светска војна или ќе бидат на духовно ниво повисоко од 50% или ќе имаат потенцијал за духовен раст.
7. Кои се Божјите сили кои се борат во оваа суптилна битка?
Суптилната битка ќе се води од 1999-2025 година. Во битката на доброто и злото што следи, силите на доброто се предводени од развиен духовен водич од над 90% духовно ниво (Паратпар Гуру) кој живее на планетата Земја. На почетокот оваа суптилна битка, ја водеа само Паратпар Гуру и неколку трагачи. Како што одминува времето, се повеќе светци и трагачи се приклучуваат на суптилната битка. Духовно развиените суптилни тела од повисоките позитивни региони на Универзумот, исто така, ќе влезат во оваа битка за да ги надвладеат силите на злото.
8. Заклучок
Живееме во значајни времиња среде промената на една ера. Оваа статија не е објавена за да го алармира општеството, туку за да го предупреди за можноста од Трета светска војна. Оние кои се наклонети кон духовноста и трагачите (по Бога) се повикани да одвојат време за да ја разберат оваа статија и да ја започнат или зајакнат својата духовна пракса. оваа ера е многу погодна за духовен раст, како што е елаборирано во статијата за доброто и злото. Со интензивна духовна пракса, трагачите можат да го намалат интензитетот на Третата светска војна и да се заштитат себеси и другите. Како што му е некому потребна виза за да влезе во странска земја, така и одобрувањето на визата за живот во Божјото Царство е одредено со потенцијалот за духовен раст. Бог чувствува дека човекот заслужува спасение и тоа може да се случи само ако човекот покаже потенцијал да започне духовна пракса и да стане трагач.
На крајот на краиштата, оваа војна не е за тоа една земја да победи друга и да го зачува својот начин на живот. Не се работи за слобода или демократија или некој систем на владеење. Оваа војна е борба на доброто наспроти злото, битка меѓу духовната позитивност и духовната негативност. Оваа војна е од духовна природа и за изгревање на духовно позитивна Божествена ера. Да ги вложиме сите напори за да бидеме дел од оваа нова ера.
Од друга страна, ако сега се сетите на Бога (пред светска војна) и практикувате Духовност, кога ќе започне војната, Бог ќе се сети на вас и ќе ви го спаси животот. Тогаш нема да има потреба да кажете – О, Боже. Кога тоа ќе се случи, наместо само да кажете „фала му на Бога“, сетете се да му изразите благодарност на Бога.”
– Неговата Светост Др. Атавале