Живееме во време на информации кои со технологијата како што е Интернетот ни се овозможува пристап до голем број на информации. Тие ни помагаат да добиеме одговори на тешките прашања – како да имам мир во умот, како да бидам среќен? Меѓутоа, често стануваме збунети од премногуте информации и техниките што ни се предлагаат за да станеме среќни.
Во наредните неколку написи ви го претставуваме духовното истражување кое е спроведено за да разбереме како можеме да оствариме трајна среќа. Овие написи ќе стават рамка која ќе ни овозможи да ја препознаеме трајната и врвна форма на среќа во нашите животи преку објаснување на основните принципи на духовноста кои сите ние можеме да ги примениме.
Овие написи нудат едноставни и практични упатства како да ги примениме основните принципи на Духовноста во секојдневниот живот. Ова не е само теорија. Трагачите ширум светот го доживеале она, се што е напишано овде.
Голен тим составен од трагачи кои имале директни искуства за придобивките од духовната наука ги имаат подготвено овие написи како дел од своето служење на човештвото.
Она што може да биде добро е да имате проактивен, отворен ум кој бара одговори. Ве охрабруваме да поставите прашања, затоа што тоа ќе ви помогне подобро да ја сфатите оваа тема. Покрај теоретското знаење што ќе го најдете овде, периодично ќе поставуваме и написи за разни аспекти за духовната наука. Само со практична примена на онаа што ќе го прочитате можете навистина да ја разберете духовната наука и нејзините придобивки.
За среќата
1.1 Што ни е целта во животот?
1.5 Како да се дофати Блаженство од душата?
Корист од духовната пракса
2.1 Равнотежна состојба на умот.
2.2 Зголемување на толеранцијата на болката
2.3.1 Зошто се случува тоа?
2.3.2 Што е основната природа и концепт на трите основни суптилни компоненти (тригуни)
2.3.3 Основната природа – според впечатоците во нашиот ум
2.4.1 Што е судбина (карма) а што слободна волја?
2.4.2 Судбина и карма – закон на кармата
2.5 Блаженство
2.6 Ослободување од циклусот на раѓање и умирање
Духовна пракса