Во овој напис ќе дискутираме за разните типови на его.
Генерално, постојат два типа на его: Божјо его и човечко его.
1. Божјо его
Ова е состојба без его, те. егото на личноста е буквално нула. Светците на духовно ниво од 100% се во состојба без его, состојба без мисли и потполно споени со Бога. Егото на таквото лице кое е во оваа состојба на целосно единство со Бога, е целосно споено со Божјиот-принцип, те. нема его. Оттука сите задачи што се случуваат преку таквото лице се чисти дела (крија) а не акции (карма) бидејќи тие се случуваат тотално според Божјата волја. Карактеристика на ментална состојба кај таквите Светци е дека тие се во постојана состојба на Блаженство (Ананда), дури и кога во нивниот световен живот ќе се случи нешто многу непријатно.
2. Човечко его
Човечкото его е повторно генерално поделено во 2 подвида:
2.1 Чисто его
Ова е состојба во која траги на его се гледаат кај Светци од највисок ред, кога тие не се во целосно единство со Бога. Овие Светци едвај имаат некоја преостаната свест за сопствената егзистенција. Вакво мало его е потребно за одржување на телесните функции.
- Чистото его може да се разбере да се имаат следниве ставови:
- Сметајќи се себеси за посебен или одвоен од Брахман (Божјиот-принцип), те. одржување на самосвест преку дуалитет.
- Да се има свест за своето постоење.
- Негување на духовна емоција (бав) дека “јас припаѓам на другите и сите се мои”.
Дури и ова его опстојува само онолку колку што постои постоењето на физичкото тело. Престанува да постои со престанувањето на телесното постоење на таквите Светци.
2.2 Нечисто его
Овој тип на его е она што повеќето од нас го доживуваат. Скоро сите од нас се идентификуваат со нашето физичко тело, или чувства и емоции и чувствуваме гордост во нашиот интелект. Ова се должи заради различните импресии во суптилното тело како темпераментни карактеристики, желби, она што го сакаме и она што не го сакаме, итн.
Ве молиме погледнете ја презентацијата за функционалната структура на умот.
Во зависност од мислите и емоциите, ова его може да биде или Сатвик (сатва предоминантно), Раѓастик (раѓа предоминантно), или Тамасик (тама предоминантно).
- Тамасик его: Кога суптилната основа на егото е претежно тама, се нарекува Тамасик его, на пример, верување само во својата способност.
- Раѓастик его: Кога суптилната основа на егото е претежно раѓа, се нарекува Раѓастик его, на пример, константно се стреми за среќа.
- Сатвик его: Кога суптилната основа на егото е претежно сатва, се нарекува Сатвик его, на пример, его жртвување е сатвик по природа.
3. Типови според количината на егото
На скала од 0-100%, егото на Бога или Светци на 100% духовно ниво (кога е во состојба на целосно единство со Бога) е 0%. Егото на суптилниот-волшебник (Мантрик) од највисоките сили од 7-от регион на Пеколот (Патал) е 100%. На оваа скала егото на една просечна индивидуа е 30%. Адолф Хитлер имаше его од 60%.
(Ве молиме имајте во предвид дека со “просечна индивидуа” мислиме на лице кое е на просечно духовно ниво. Во својот световен живот оваа индивидуа може да биде богато или сиромашно лице, или шеф на држава, или славно лице од шоу бизнисот.)
Во зависност од процентот, его може да се класифицира како што следува: