1. Тетоважи – вовед
За многу луѓе денес тетоважите имаат лично, симболично, естетско или културно значење или се знак на нивната индивидуалност. Тетоважите го нашле својот пат до главните модни трендови и сега се вообичаени кај мажите и кај жените од сите старосни групи и потекла.
Додека многумина од нас, во некој момент се восхитувале на некоја тетоважа, или одлучиле да направат една за себе, не сме биле свесни за духовното влијание кое што го имаат тетоважите. За да сфатиме што се случува кога се носи тетоважа, SSRF спроведе духовно истражување за оваа појава.
2. Духовно истражување за тетоважите
Трагателката со развиена способност на шестото сетило, г-ѓа Јоја Вале, ги проучуваше духовните ефекти од тетоважите. Цртежот што следува го нацрта врз основа на духовното знаење. Цртежот cо објаснува ефектот од тетоважата која што се наоѓа во близина на Вишуда чакра.
Точноста на цртежот заснован на духовното знаење го провери Неговата Светост Др. Атавле.
Ефектите од тетоважата се исти, без оглед каде таа се наоѓа на телото.
Од духовна перспектива, тетоважите имаат штетно влијание врз нас. Во продолжение ги наведуваме причините за штетното духовно влијание на тетоважите:
- Повеќето луѓе го тетовираат телото од мода, и поради тоа телото привлекува енергија која што заведува (Мохини шакти). Како последица од тоа, се зголемува емотивноста и врзаноста за надворешниот свет или Големата Илузија (Маја).
- Повеќето тетоважи не се сатвик. Затоа тие активираат вознемирувачка енергија.
- Тетоважите ја зголемуваат вознемирувачката енергија во околината и го прават лицето физички и духовно немирно. Покрај тоа, обвивката од вознемирувачката енергија околу телото на лицето се зголемува за 1.5%.
- Поради тетоважите се зголемува можноста од влијание на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) врз телото, умот и интелектот на лицето кое што ја носи тетоважата.
- Тетоважите ја зголемуваат топлината во телото. Зголемување на топлината го зголемува процентот на Раѓа–Тама во телото (ладовината претставува зголемување на процентот на Сатва компонентата).
- Покажувањето на тетоважата на другите го зголемува егото.
3. Како заклучок – практични совети за тетоважите од духовна перспектива
Клучните точки кои што треба да ги разбереме од оваа студија за тетоважите се:
- Од духовен агол, носењето тетоважи не донесува никакви придобивки.
- Тетоважата останува трајно на телото и ако лицето не врши духовна пракса, се зголемува можноста за влијание од вознемирувачка енергија.
- Ако некој веќе има тетоважа, од нејзините штетни ефекти најдобро ќе се заштити со вршење на редовна духовна пракса. Со духовната пракса, вознемирувањата што ги чувствуваме поради тетоважата се намалуваат.
- Како што лицето духовно напредува, влијанието кое се однесува на физичкото тело значително се намалува.