1. Техно паради
Во последните 10-15 години, во некои од големите европски градови како што се Берлин, Фракнфурт, Париз, Цирих, Женева, итн. почна да се одржува нов музички тренд, наречен “Техно Парада”.
Според Википедија: “Техно парада е парада од возила опремени со силни звучници и засилувачи на кои е пуштена техно музика. Техно парадите генерално имаат карневалска атмосфера, во која правилата на однесување и општествените норми (и некои закони, или барем нивното спроведување) се подзабораваат, а понекогаш дури и потполно се кршат. Преовладува една атмосфера на хаос и толеранција, каде сите се препуштени додека посматрачите играат на музиката пуштена од возилата кои едни зад други поминуваат покрај нив: музиката која ечи од едно од возилата со меша со таа музика пуштена од друго возило, што може да значи и изненадна промена во стилот на играње во областа во која се преклопуваат влијаниата од различните ритмови. Музиката која доаѓа од два извора (во овој случај две возила опремени со силни звучници) се поклопува со приближно еднаков интензитет и луѓето можат да играат на било кој од двата ритма кој меѓусебно се борат за надмоќ. Некои учесници овие паради ги доживуваат како дозвола да конзумираат илегални дроги.
Техно парадите привлекуваат стотици илјади луѓе, во 2011 година беше одржана техно парада во Цирих, и таа привлече 900.000 луѓе. Друга позната техно парада се одржува секоја година во Париз, Франција.
Поради екстремно гласната музика, која исто така е и многу тамасик, луѓето кои учествуваат во овие паради се под сериозно влијание на оваа музика, и тоа на физичко ниво (високи децибели), на ментално ниво (тамасик мисли, зголемување на недостатоците на карактерот и егото поради покажување/чаламење.) и на духовно ниво (преку напади од страна на негативни енергии). Лице дури може и да биде опседнато од страна на духовите, за време на техно парада.
Секоја активност која е претежно раѓа-тама, привелкува негативни енергии. Јако и гласно пуштање на техно музика преку моќни звучници, според правилото дека слично привлекува слично, привлекува тамасик негативни енергии. На некој начин, тоа е журка за негативните енергии.
Како техно парадата влијае на луѓето кои живеат во градот во кој таа се одржува?
Ефект од техно парадите |
Ефект во % |
Времетраење |
Одалеченост |
---|---|---|---|
Ако некој активно учествува во техно парадата – во областа во која може да се слуша |
10% |
2-8 часа |
– |
На луѓето во градот – во областа во која не се слуша |
5% |
45 мин |
10 километри |
Музиката е звук, а звукот е поврзан со Апсолутниот Принцип Етер (Акаш-татва), кој е најсупитлен од петте Апсолутни Космички Принципи (Панча-татва), и има најголем опсег. Всушност негативните енергии влијаеле врз некои луѓе со цел да започнат техно паради, за да тие преку најсуптилниот Апсолутен Принцип Етер, можат негативно да влијаат на максимален број на луѓе во тој град во кој се одржува парадата, и тоа на подолго време.
Техно парада во Париз
Духовно искуство на една трагателтка за време на техно парада во Париз
“Ќерка ми и јас во 1998/1999 година, живеевме на еден од бродовите-сплавови на реката Сена во Париз. Нашиот брод-сплав (peniche на француски), беше многу блиску до мостот на реката Сена. Се разбудив рано наутро со силна главоболка. Околу пладне, слушнав екстремно негативна гласна музика во близина на местото каде живеевме. Излегов да видам што се случува, и на мое изненадување видов стотици луѓе како играат на техно музика, околу огромни возила. Повеќето беа под влијание на дрога. Во текот на целиот тој ден јас и ќерка ми се осеќавме под влијание на негативните енергии, имавме главоболки и притисок во главата. Ова чувство траеше и го осеќавме и во следните три дена, иако техно парадата помина преку мостот во наша близина за временски период од еден час. Голема доза на пеење и мерки за духовно исцелување, моравме да примениме за да го отстраниме ефектот од “Техно Парадата.” – Г-ѓа Драгана Кисловски, Европа
2. Тамасик музички фествали
Сличен е ефектот и на луѓето кои посетуваат Музички Фестивали со електронска, рок, хард-рок, техно, хаус, транс, хеви-метал, хардкор и друга слична музика, која се пушта преку моќни звучници на илјадници присутни луѓе.
Некои од овие фестивали се:
- ‘Exit’ фестивал во Нови Сад, Србија, Европа – Број на посетители: 200.000 во 2013
- ‘Paleo’ во Нион, Швајцарија, Европа – Број на посетители: 230.000 во 2013
- ‘Ultra’ во Мајами, Сад – Број на посетители: 330.000 во 2013
- ‘Sziget’ во Будимпешта, Европа – Број на посетители: 385.000
- ‘Summerfest’ во Винсконсон, Сад – Број на посетители: 840.000 во 2013
‘Exit’ Festival, Novi Sad, Serbia, EU
3. Рејв забави
„’Рејв’ (од глаголот: рејвува) е голама журка или фестивал со настапи на диск-џокеи (колоквијално наречени диџеи) и повремено со настапи на изведувачи кои пуштаат електронска музика, особено електронска денс музика (EDM). Музика која се пушта на рејв журки вклучува, хаус, транс, техно, драм енс бејс, хардкор и други форми на електронска денс музика, со придружба на шоу од ласерски светла, проектирани слики, визуелни ефекти и димни машини. Рејв сцената е позната ширум светот, воглавном поради прекумерната употреба на клуб дроги, како што се MDMA, LSD и психоделични печурки.
Рејв културата воглавном потекнува од ејсид хаус музичките забави од средината до крајот на осумдесеттите години, во областа на Чикаго, во Сад. Откако хаус артистите на Чикаго почнаа да доживуваат успеси во странство, таа брзо се прошири во Велика Британија, Централна Европа, Австралија, и остатокот од САД. ” Извор: Википедија
Најголемата светска рејв журка се вика Елекетрик Дејзи Карневал (EDC).
“Ова е музички фестивал кој се одржува во пролет, лето и месеците од есен, во Сад, Порторико и Велика Британија од 2013 година. Фестивалот се одржува на фази во Калифорнија, Колорадо, Флорида, Невада, Њу Џерси, Њујорк, Тексас и Порторико. Настанот во Лас Вегас до 2011 година, траеше три дена и привлече вкупно 230.000 луѓе, а настанот од 2012 година, во текот на трите дена привлече вкупно 320.000 луѓе. Од 2013 година, Електрик Дејзи Карневал во Лас Вегас е најголемиот светски електронски музички фестивал.” Извор: Википедија.
Las Vegas, USA, 2012
Ве молиме слушнете ги аудио снимките со сатвик, раѓасик и тамасик музика.
Снимка 1: Сатвик музика
Снимка 2: Раѓасик музика
Снимка 3: Тамасик музика
4. Во духовно истражувачкиот центар е спроведен експеримент за тоа како трагачите кои се опседнати од негативни енергии на високо ниво (мантрици) реагираат на тамасик музика
Сите акции кои ќе ги видите во ова видео, се случуваат бидејќи трагачите се опседнати од мантрици. Мантриците имаа целосна контрола над телата, умовите и интелкетите на трагачите, и заради тоа трагачите воглавном не беа свесни што прават или не беа во можност да се контролираат. Мантриците беа потполно манифестирани, додека свеста на трагачите беше помалку. Во ова видео можеме да видиме дека на Мантриците им се допаѓа тамасик музика, и дека од неа се здобиваат со/упиваат црна (негативна) енергија, и потоа ја шират наоколу.
Секој пат кога слушаме тамасик музика, или играме на нејзиниот ритам, се изложуваме да паднеме под силно влијание на негативните енергии, или дури и да бидеме опседнати од нив. Затоа, се препорачува да се возрджиме од слушање на ваква музика, или играње на нејзиниот ритам.
Со цел да се заштитиме од влијаниата на негативните енергии, може да се направи следново:
- Воздржете се од слушање тамасик музика, и во домот и на јавни собири како што се техно паради, тамасик музички фестивали или рејв забави.
- Ако во вашиот град се одржува техно парада или голем тамасик музички фестивал, обратете се до градоначалникот со барање да го забрани настанот, и наведете ги причините зошто не треба да се одржи.
- Доколку е можно, напуштете го градот и одете на некое место во природа, додека техно парадата или тамасик музичкиот фестивал не поминат.
- Пејте интензивно еден ден пред техно парадата или тамасик музичкиот фестивал, за време на неговото траење, и пет дена откако ќе помине.
- Доколку сте родител на тинејџери или млади лица, објаснете им ги ефектите од слушање на ваква музика, со цел да се воздржат од посетување на такви настани.
- Обавувајте редовна духовна пракса за да се заштитите од ефектите на негативните енергии во општеството, и фокусирајте се духовно да растете, што е и главна цел на човечкиот живот