Што подразбираме под суптилен цртеж заснован на духовното знаење?

Вовед: Цртежите засновани на духовното знаење се важна алатка во духовно истражување. Тие го имаат истото значење како што имаат рендгенските зраци (X-зраци) во медицината. Тие обезбедуваат веродостоен увид во суптилниот свет за оние кои што не можат да го видат или почувствуваат суптилниот свет. Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) го искористи дарот на шесто сетило, или способноста за над-сетилна перцепција (ESP), те. способност за духовно восприемање, на многу од своите трагачи да се здобијат со увид во суптилниот свет и тоа да го нацртаат за доброто на човештвото. Суптилните опсервации послужија како дијагностичка алатка за разбирање на духовните фактори, коишто се предизвикувачи за разни потешкотии во животот. Оваа алтка исто така беше употребена да се потврдат ефектите на различни духовно исцелувачки средства кои ги воведе SSRF. Во овој напис ќе презентираме сеопфатен поглед за суптилните цртежи засновани на духовното знаење.

1-MKD_Subtle-world

Према духовната наука се нарекува отелетворена душа бидејќи ја изгубила свеста за себе како 'Душа' наместо тоа се доживува себе преку петте сетила, умот и интелектот. Душата во суптилното тело (минус физичкото тело после смртта) е уште позната како отелеворена душа или Ѓива

Некои трагачи на Фондацијата за истражуваање засновано на духовната наука (SSRF) имаат високо развиено шесто сетило. Екстрасензорна перцепција (ESP), способност за перципирање на духовната димензија, духовно восприемање, над-сетилна перцепција, психичка способност, видовитост, претчувство, интуиција, се синоними за шесто сетило. Со нивното шесто сетило тие имаат способност да погледант во суптилниот свет и да видат она што обичните луѓето не можат да го видат. Во зависност од развиеноста на нивното шесто сетило, или способност за над-сетилна перцепција, тие можат да го согледаат суптилниот свет до различни степени и во различни детали. Исто така, тие се во можност да ја преминат бариерата на времето и просторот. Ова значи дека цртежите засновани на духовно знаење коишто тие ги цртаат, можат да бидат за настани кои се случиле во минатото или било каде во светот, иако самите трагачи никогаш не биле таму или ги познавале луѓето, или нивното минато на некој начин. Цртежите и илустрациите на она што беше согледано од страна на овие трагачи во суптилната димензија, се нарекуваат суптилни цртежи засновани на духовното знаење. Цртежите засновани на духовното знаење прво се формираат во форма на груби скици со молив, онака како што трагачите гледаат во суптилниот свет со помош на нивното шесто сетило. Потоа скиците се обработуваат со компјутерски алатки за обработка во цртежи за објавување.

2. Кој може да креира цртежи засновани на духовното знаење?

Овие луѓе се познати како суптилни уметници или уметници визионери. Генерално, лице кое е на духовно ниво од 40% или повеќе и со развиено шесто сетило, а посебно сетилото на суптилниот вид, може да ја согледа суптилната димензија. Овие луѓе всушност може да го видат невидливиот свет, исто како што ние го гледаме физичкиот свет. Некои од овие луѓе се исто така талентирани уметници и можат да го насликаат и точно да го претстават она што тие го гледаат.

Точноста на цртежите се подобрува со:

  • Зголемување на духовно ниво,
  • Мотивација на лицето,
  • Благословот на духовно возвишено лице,
  • Ако суптилното читање се врши како вид на духовна пракса со цел обезбедување на информации за суптилната димензија за доброто на човештвото.

3. Објавените цртежи на духовите засновани на суптилното знаење на SSRF

Следната табела дава некои детали за цртежите засновани на суптилното знаење на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) објавени на веб страната на SSRF. Опишани се две сценарија.

  • Идеално сценарио: Во идеална ситуација, пожелно би било кога трагач на повисоко духовно ниво, креира цртежи на духови од пониските нивоа засновани на суптилното знаење, на пример од регионот на Чистилиштето (Бувалока) и од 1-от и 2-от регион на Пеколот (Патал). Во овој случај, точноста на цртежот ќе биде највисоко потребна за оваа ера во која што живееме, со минимална опасност трагачот да биде под влијание на негативна енергија во тој процес.

  • Вистинско сценарио: Тековната ситуација е дека во SSRF трагачите со суптилна визија, креираат цртежи на духови од повисоко ниво уште познати како суптилни мантрици од 5-7 регион на Пеколот. Како резултат на тоа, тие се соочуваат со висок ризик на попречувања.

2-MKD_Subtle-pictures-table

Фусноти: (за броевите обоени со црвено)

  1. Поминавме преку 3 ери во Универзумот и сега се наоѓаме во четвртата и последната ера, позната како ера на раздор (Калијуга). Во оваа ера, повеќето луѓе се на 20% духовно ниво. Во сегашната ера, поради релативно намалената способност на оние со суптилна визија, тие можат да ги цртаат позитивните енергии и Божества до максимална точност од 30%. Што повеќе луѓе денес, поради недостаток на духовно ниво, не можат да извлечат придобивки од набљудување на цртежите засновани на суптилното знаење, дури иако тие би зрачеле со повеќе од 30% вистина. На пример, ако треба да се нацрта Божество со повеќе од 30% точност, ние не би можеле да ја толерираме таа енергијата / Божествената свесност (Чаитаинија), којашто се емитува од цртежот или идолот. Повеќето комерцијални цртежи на Божества во просек содржат само од 1-2% од енергијата те. Божествената свест на Божеството. Под поимот ’точност’, мислиме на суптилната способност, да се согледаат сите нијанси на Божеството или негативната енергија. При тоа, автоматски ја привлекуваме Божествената свесност во случај на Божеството или црната енергија на духот.

  2. Ја ограничивме точноста на цртежите на негативни енергии до 8%, за да ја намалиме опасноста од црната енергија, којашто се пренесува преку суптилните слики. Ова особено се однесува на цртежите на помоќните духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн,), од најдлабоките нивоа на Пеколот, бидејќи кога гледаме во цртежот ние суштински сме изложени само 8% на нивната црна енергија. Цртежите засновани на суптилното знаење на негативни енергии со повисоко ниво на точност, би емитирале толку многу негативност, така што лошите ефекти би биле драстични за нашите читатели. Суптилен цртеж заснован на суптилното знаење со точност од 8%, претставува вистински лик во однос на грубите атрибути на духот, односно ако друго лице со суптилна визија го види истиот тој дух, тоа би било во можност да го препознае точно од истиот тој цртеж. Под 8% точност ние мислиме на цртеж кој би бил сличен на духот, и да согледа 8% од неговата духовна енергија. Останатите 22% (од максимално можните 30%), би биле возможни само ако се согледа секоја сенка на боја и нијанса на духот. Важно е да се напомене дека 8% во никој случај не е мал износ. Ова оценка е дадена во однос просечен човек, којшто воопшто нема способност да погледне во суптилниот свет.

  3. 100% е еквивалентно на смрт.

  4. Духовите кои живеат во првите два региони на пеколот се суптилни. Со движење од 1-от регион на Пеколот надолу тие стануваат дури и посуптилни. Оние од 5-от до 7-от регион се нај суптилни и речиси транспарентни за релативно добро развиено шесто сетило. Оттука, тие тешко може да се спознаат и насликаат со точност. Трагачите на SSRF со високо развиено шесто сетило ги прикажуваат (цртаат) и заради тоа сега духовите од повисоките нивоа по хиерархија, од 5-от до 7-от регион на пеколот ги попречуваат (вознемируваат), трагачите на SSRF. Главните причини за нападите од страна на помоќните духови е да ги спречуваат трагачите на SSRF во потрага по знаење и ширење на духовноста.

4. Заштитна рамка

3-MKD_Border

Ќе забележите дека сме поставиле заштитна рамка околу секој од цртежите засновани на духовното знаење, на кои се прикажани негативни енергии, а во некои случаеви и околу целиот напис. Секоја страна од заштитната рамка содржи име на одреден аспект на Бога. Ние го одредивме ова име преку развиено шесто сетило. Причината поради која користиме заштитна рамка е да се отстранат било какви штетни суптилни вибрации, емитирани од страна на цртежите засновани на духовното знаење или текстот кој се однесува на негативните енергии. Како резултат на тоа, нашите читатели се заштитени од овие суптилни негативни вибрации. Исто така, бојата на заштитната рамка варира според името на Божестовто испишано на рамката. Причината за ова е дека преку духовното истражување ние откривме дека Божество (аспект на Бога) во духовната димензија, е претставено со одредена боја. Со користење на оваа иста боја на рамката, ја зголемуваме способноста на рамката за да ја привлече Божествената заштитина енергија на Божеството. Ве молиме обидете се да направите суптилни експерименти на овие заштитни рамки.

5. Што одлучува колкав ќе биде процентот на вистина, во цртежите засновани на духовното знаење.

Процентот на вистина, а со тоа и вкупното читање на цртежот заснован на духовното знаење се зголемува кога сите детали поврзани со цртежот се опишани автентично. На пример, дури и ако не се спомене вистинското име на лицето кое е прикажано на цртежот заснован на духовното знаење, се намалува елементот на вистината.

Следи комплетна поделба на сите различни фактори кои можат да влијаат на точноста на илустрациите кои ги цртаат суптилните-уметници (уметници визионери).

Кои се причините за неточните суптилни цртежи

1. Илузии/халуцинации кои ги создаваат духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

30%

2. Промена во формата и духовната моќ на духовите

10%

3. Имагинација

10%

4. Неможност за цртање поради вознемирувањето од страна на духовите

10%

5. Конфузија за тоа дали е тоа слика на духот кој е вистинската причина за вознемирувањето или е тоа само слика на дух посредник кој делува под влијание на духовите од повисоките нивоа

10%

6. Време, фаза на месечината, итн.

10%

7. Психичка состојба

5%

8. Физичка сосотојба

3%

9. Останато

12%

Забелешки:

  • Халуцинации по дефиниција значат перципирање на нешто што не е присутно. Може да бидат преку медиумот на било кое од нашите 5 сетила. Типично е согледано како нешто надвор од нас.
  • Имагинација е внатрешен феномен, кој се случува во умот на лицето.

Како што можете да видите од табелата погоре, постојат многу фактори коишто можат да го попречат изработувањето на точни цртежи засновани на духовно знаење.

Доста често наидуваме на суптилни уметници (уметници визионери), коишто за луѓето цртаат духовни водачи или ангели од суптилните региони. Во речиси сите случаи, овие цртежи се духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн,) коишто им прикажуваат лажни слики на суптилните уметници (уметници визионери). Бидејќи овие суптилни уметници самите духовно не еволуирале и ниту пак имаат духовно возвишен водич, доста често тие се заведени од духовите со повиска духовна моќ. Доверливото лице кое мисли дека има цртеж на неговиот ангел, всушност има цртеж на дух од еден од регионите од Пеколот. Кога цртежот ќе се однесе дома, станува еден вид канал преку кој духот емитува црна енергија.

6. Како ги проверуваме духовните цртежи?

SSRF трагачите ги користат следниве техники да ја потврдат нивната способност.

  • Трагачите со развиено шесто сетило (ESP), спроведоа различни експерименти, да се утврди она што може лесно да се провери. На пример:
    • Идентификување бројот на страна во книга без гледање. Страницата е случајно избрана од книга.
    • Идентификување на карта случајно избрана од шпилот за играње карти.
    • Опишување на деталите во куќата на непознато лице.
    • Раскажување за животот на лице коешто е кремирано само со гледање во неговиот погребен пепел.
  • 90% одговори на 300 такви прашања се потврдени како точни при проверка. Како што верификуваните одговори беа точни, почнавме да веруваме и во не-верификуваните одговори исто така.
  • Знаењето независно добиено за разните теми преку шесто сетило од страна на различни трагачи, беше пронајдено идентично. На пример: деталите кои се однесуваат за тоа “Што точно се случува во суптилната димензија, кога опседнато лице се третира со духовно исцелувачки методи” беа опишани идентично иако беа доживеани од потполно различни трагачи.
  • Покрај ова Неговата Светост Др. Атавле ги проверува сите наоди, пријавени од страна на трагачите преку Неговото високо развиено шесто сетило (ESP).

7. Некои истакнати карактеристики на духовните цртежи коишто ги цртаат SSRF трагачите.

Повеќето суптилни уметници (уметници визионери), со суптилна визија гледаат фигури во црно и бело. Во повеќето случаи, тие се способни да го согледаат само грубиот дел од суптилната димензија. На пример, како изгледа дух од регионот на Чистилиштето (Бувалока). Суптилна или способност за визија, да се согледаат духовите од подлабоките региони на Пеколот, коишто се далеку посуптилни, се надвор од нивниот досег. SSRF трагачите се надарени со оваа способност да ја согледаат суптилната димензија, во најситен детаљ и боја. SSRF трагачите исто така имаа способност да согледаат подлабоки димензии, како што е регионот на духот, она што тој го прави во одреден момент, зошто тој го прави тоа, по чија наредба тој тоа го прави, кој е механизмот на делување зад она што тој го прави итн.

  • Една од трагачите на SSRF, Анурада Вадекар, ги опиша симптомите претрпени од страна на лице кое и е непознато на неа. Кога тоа лице беше интервјуирано, симптомите се поклопија до степен од 80%. На психотерапевтот би му биле потребни многу часови да ги проучи фактите и историјата на лицето, да ги разоткрите деталите кои Анурада ги откри само со своето шесто сетило.
  • Друг трагач на SSRF, Јоја Вале најпрво би го согледала цртежот заснован на духовното знаење во делови, на пример: прво очите, потоа екстремитетите и слично, а потоа таа сите би ги средила да состави еден комплетен цртеж.

Во суптилната димензија не е се така како што изгледа. На пример, ако суптилен уметник мисли дека добива визија на духовен водич, голема е можноста дека тоа може да биде дух кој му прикажува лажна слика. Во суптилната димензија еден дух е контролиран од страна на дух од повисоко ниво. Тоа е сосема вообичаено да имаат повеќе нивоа на контрола. За да може успешно да го пронајде суптилниот (Мантирк) од 7-от регион на Пеколот, одговорен за делувањето на дух од пониско ниво, трагачот ќе треба да поседува највисоко ниво на шесто сетило (ESP).

Ве молиме погледнете го написот: “Нивоа на способност за перципирање на пара-нормалните активности со нашето шесто сетило”