1. Зошто постоиме?
Целта на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) е да ги образува луѓето за духовната димензија и нејзиното влијание на нашиот живот. Ние ги објавуваме истражувањата и го пренесуваме знаењето за духовната димензија да би им помогнале на луѓето да ја разберат, одговараме на прашањата на оние кои се љубопитни и сами да ја доживеат, како и оние кои имаат интензивна желба за духовен раст и спознавање на Бога.
2. Кому се обраќаме?
На секое човечко битие чиј љубопитен ум има желба да ја истражи духовната димензија.
Од време на време добиваме прашања од скептици кои се сомневаат и во самата можност на постоење на духовната димензија. Сите ние во фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) потполно сме свесни дека духовната димензија постои и дека секојдневно влијае на нашиот живот. Затоа наместо да трошиме вредни ресурси убедувајќи ги скептиците за постоењето на духовната димензија, ние го фокусираме вниманието и времето на оние кои имаат духовна љубопитност и желба за спознавање на Бога.
3. Видео за нас: “Да се живее свесен живот“ (15’13“)
[Музиката во оваа видео е дело на Стивен Буџес (www.aquadio.com) I drugi]
4. Нашата инспирација и како се почна
Фондацијата за истражување заснована на духовната наука е со благослов на Неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле, психијатар и клинички хипнотерапевт од Мумбаја во Индија. Тој спроведувал обемни истражувања за клиничката хипноза во Индија и Велика Британија, каде престојувал седум години, од 1971. до 1978. година. За време на неговата медицинска пракса, забележал дека до излекување доаѓа кај 70% од пациентите. Меѓутоа, 30% од неговите пациенти не оздравеле во потполност. На крајот тој сфатил дека некои од пациентите со кои имал многу малку успех, оздравеле после примена на духовни лекови како што се: посети на свети места, престој во присуство на духовно возвишени лица (Светци) или после применување на религиски обреди.
Иако Неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле во тоа време бил атеист, тој феномен многу го заинтересирал и го поттикнал да преземе чекори како би ги разбрал причините на кои се засноваат тие излекувања. Посетувал Светци од различни духовни патишта во цела Индија. Им потставувал прашања за теориите и праксите и систематски ги запишувал одговорите. Постепено почнал да сфаќа дека духовната наука е далеку надмоќна во однос на природните и социјалните науки. Медицинските науки се ограничени на ангажманот на физичките и до одредена мерка на психолошките аспекти на пациентите, и така потполно изостануваат духовните димензии. Светците му кажале дека Духовната наука која може да се научи не само со читање книги, туку и со нејзина примена во пракса. Неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле бил подготвен да стори се како би го усвоил таквото знаење кое би им помогнало на неговите пациенти за потполно излекување. Затоа го сторил точно она што му советувале Светците, те. и сам започнал духовна пракса под Нивните водства. Како резултат на тоа, добил благослов од својот Гуру (Духовениот учител) Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ.
Кога научените духовни техники почнал да ги применува на своите пациенти, забележал брзо зголемување во стапката на излекување. Исто така забележал дека духовната наука не е ограничена само на нудење помош на пациентите, туку е тоа знаење кое може да помогне на севкупното човештво. Причина за тоа е фактот дека духовните причини не доведуваат само до заболување на пациентите, туку ги предизвикуваат главните настани и повеќето проблеми во животот. Со време почнал да го пренесува стекнатото знаење по пат на предавања за духовната наука. Темите ги изложувал на така едноставен, научен и практичен начин да луѓето почнале да практикуваат Духовност и веднаш почувствувале благосостојба која Духовноста ја внела во нивниот живот.
Од 1985. година до денес, Неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле користејќи научен пристап неуморно работи на полето на Духовноста како на човештвото би му го пренел своето истражување во насока на разбирање на духовните димензии. Со негов благослов ќе ги претставиме Неговите научни откритиа стекнати со години користејќи едноставен, за сите разбирлив јазик. Концептите на духовните науки се објаснети со помош на графикони, дијаграми и табели за полесно разбирање.
Оваа интернет страница е резултат на волонтерската работа на голем број трагачи по Вистината од различни вери кои ги води Неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле и кои од прва рака ја доживеале духовната наука.