1. За Среќата
1.1 Да тргнеме од самиот почеток
На самиот почеток на трагањето многу е важно и корисно да знаеме која е нашата цел во животот.
Секој од нас денес живее многу брз живот. Ретко се случува да одвоиме време за себе и да погледнеме на својот живот од малку подалечна переспектива.
Која е вашата конечна цел во животот?
Дали поставивте краткорочни и дологорочни цели за да ја постигнете вашата цел?
Дали постигнавте некоја од целите кои ги имавте поставено?
Или, дали вашата цел се променила како што минуваа годините?
Можете да ги искористите овие написи за да размислите подлабоко за вашиот живот и да се запрашате каде сте тргнале.
Ајде да се обидеме да анализираме која е примарната (главната) цел во животот на секое човечко суштество. Ако погледнете наоколу, ќе видите дека сите ние изгледаме различни, доаѓаме од различни средини, имаме различни карактери, но сепак постои еден заеднички аспект во секој од нас.
Таа заедничка аспирација која го поврзува секој и секое човечко суштество, без оглед на верата, полот, и социјалниот или финансискиот статус е желбата да се биде среќен. И во оваа потрага нашиот вид (луѓето) не се сами. Секое живо суштество, од најмалата мравка до величествениот слон бара среќа. Да го земеме примерот на една мравка. Ќе се потруди да ја избегне стресната ситуација и ќе прибегне кон една по пријатна. Значи ако дојде блиско до оган таа ќе побегне, но пак затоа ќе побрза со нетрепение кон мало купче на шеќер.
Ако размислиме за тоа, не тежиме ли сите кон тоа да ги продолжиме пријатните ситуации? Дури и ако не работиме напорно да се здобиеме со среќа, тогаш барем се обидуваме или правиме напори да ги избегнеме непријатните ситуации. На пример, Ако ни се расипие телвизорот, ќе побрзаме да го поправиме бидејќи не сакаме да го пропуштиме ужувањето во гледање на нашите омилени програми.