Анализа на случајот – спонтано согорување на слика на Божество од високо ниво

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.
Забелешка: За подобро да ја разберете суштината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат, особено во SSRF,  ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

MKD_Shubhangi-PokareОва е анализа на случајот за тоа како слики на Божества и Светци поставени на олтарот во домот на една трагателка спонтано изгореле, без било какво рационално објаснување. Оваа трагателка обавува духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле.

Во продолжение следи опис на настаните кои се случиле на тој ден, според зборовите на г-ѓа Покаре.

Тој настан се случи на 3-ти март 2004-та година. Во текот на тоа утро, можев концентрирано да го пеам Божјото Име, и пеењето се одвиваше многу добро. Меѓутоа, подоцна тоа попладне, добив мала температура и почна да ме боли целото тело. Се осеќав како на главата да имам тежок товар. Постојано ја добивав мислата дека ќе умрам. Почнав срдечно да му се молам на Шри Рам. Осеќав дека околу главата имам голема обвивка од црна енергија.

Коментар на духовно истражувачкиот тим: Доста често трагачите осеќаат попречувања пред да се случи самиот настан на спонтано согорување, бидејќи по пат на шестото сетило тие го осеќаат претстојното влијание.

.

Црна енергија: Примарното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија, односно духовна енергија која што има моќ да манипулира со секој процес во регионот на Земјата. Обемот на овие манипулации зависи од силата на нападите од негативните енергии (духовите, демоните, ѓаволите, итн.).

Подоцнта таа вечер, почнав да ја читам биографијата на Неговата Светост Шамрао Махараѓ. Додека ја читав книгата, моето внимание беше привлечено од информацијата за причините поради кои негативните енергии влијаат на слики на Божества. Истата ноќ после тоа, се случи инцидент на спонтано согорување.

Додека спиев во текот на ноќта, осетив како да ми се приближува црна суптилна форма која сака да ми прави проблеми. Бев многу уплашена и почнав на глас да ги пеам Имињата на Божицата Дурга и Божеството Хануман. Станав и дував Свет пепел (Вибути) насекаде низ куќата и се напив вода помешана со Свет пепел. Погледнав во часовникот и видов дека е полноќ, и нешто ми рече дека сега силата на негативните енергии ќе се зголеми. Од страв моето пеење на Божјото Име стана поискрено и континуирано.

Се молев на Божицата Дурга и Божеството Хануман да не заштитат сите во нашата куќа, и повторно почнав да го пеам Божјото Име. Почнав да го осеќам присуството на Божицата Дурга и Божеството Хануман, и се почувствував посигурно. Но тогаш повторно го чув гласот на негативните енергии велејќи “Ќе те нападнеме веднаш откако ќе заспиеш”. Замислив дека спијам во скутот на Божицата Дурга. Моментот пред да заспијам, видов малку чад, но не обрнав многу внимание на тоа.

Следното утро околу 07 : 30 часот, отидов да се поклонам пред олтарот и открив дека нашиот дрвен куќен храм изгорел во средишниот дел.

MKD-Spontaneous-combustion-altar-new

Околу овој напис е нацртана рамка која го содржи принципот на Шри Кришна, за да читателите не се чувствуваат вознемирени додека ги гледаат фотографиите или додека ги читаат претходно наведените информации.

Сликата на Божицата Махалакшми на олтарот (која беше нацртана од страна на трагачите со развиено шесто сетило под водство на Н.С. Др. Атавле) изгорела од едната страна, а изгорел и кокосовиот орев кој стоел во метална чинија. Меѓутоа, сликата на Н.С. Др. Атавле, која стоела покрај сликата на Божицита Махалакшми во храмот, останала недопрена. Изгорениците изгледале како да настанале како последица на експлозија која се случила на олтарот, но не видов ниту едно рационално објаснување како тоа би можело  да се случи. Порано, секој ден пеевме сите заедно во оваа соба, но после овој инцидент, тоа повеќе не го сакав. Осетив зголемен притисок на главата во близина на храмот и почнав да се осеќам навистина нервозно.