Оваа анализа на случајот е вистински животен настан на две трагателки по вистината кои беа сведоци на пукање на повеќе кокосови ореви за време на една духовна манифестација, а тие и другите присутни трагачи на тоа гледале со неверица.
Г-ѓица Пранали Параб и г-ѓа Праднија Карандикар од Мумбаи, Индија, практикуваат духовност под водство на Неговата Светост Др. Атавле и го посветуваат своето слободно време за организирање на разни духовни настани. Во февруари 2009-та година, како дел од нивната сатсева (служење на Бога), двете дочекуваа гости на една важна духовна манифестација. Духовната манифестација беше организирана на отворен терен во местото Панвел (во близина на Мумбаи), каде се очекуваа да присуствуваат илјадници луѓе. Во продолжение следи сведоштво на необичните настани кои се случија пред нивните очи.
“На тој ден, ни беше доделена сева да дочекуваме гости. Покрај добредојдените присутни гости, наша одговорност беше и служење на трагачите и Светците кои присуствуваа на манифестацијата. И според обичајот, моравме да се погрижиме сите тие да бидат почестени со тоа што ќе им биде поклонет кокосов орев”.
Сатсевата ја започнавме во 16:45 часот, а тоа беше 45 минути пред да почне манифестацијата.
Додека ја подготвувавме бината, трагачите осеќаа постојан притисок на очите, како и голема доза на немир. Забележавме дека кога ќе се оддалечиме од бината притисокот се намалуваше, а при приближувањето кон бината, повторно ќе се зголемеше. И покрај тоа, ние продолживме со нашата сева.
Според редоследот на дарување на почитуваните говорници и Светци, припремавме шалови, цветни венци и Свети книги кои ќе им бидат подарени на секој од нив. Сето ова беше распоредено на одделни послужавници. Сите ствари за Неговата Светост Паршрам Панде Махараѓ и другите Светци ги чувавме на една маса. На друга маса го имавме распоредено подароците за свештениците кои ќе рецитираат ведски мантри на почетокот од манифестацијата.
Потоа, внимателно поставивме кокосов орев на врвот од предметите кои се наоѓаа на секој од послужавниците. При купувањето на кокосовите ореви, внимателно беа бирани и прегледани да немаат пукнатини по нив. Тоа попладне, со кокосовите ореви внимателно постапувавме и уште еднаш ги проверивме пред да ги поставиме на послужавниците. Сите кокосови ореви беа комплетно недопрени.
Сепак, десет до петнаесет минути подоцна, забележавме дека кокосовите ореви кои беа наменети како поклон за Светците, пукнале. Ги заменивме. На наше големо изненадување, за многу кратко време и на овие кокосови ореви се појавиа пукнатини. Замоливме еден трагач да отиде по свежи кокосови ореви. Кога се врати, видовме дека трите нови кокосови ореви кои тој ги донесе пукнале веднаш и еден од нив имаше на себе длабока црна дамка, како да беше изгорен. Се на се, моравме три пати да ги менуваме кокосовите ореви наменети за Светците.
Кокосовите ореви кои беа наменети за свештениците, исто така, пукнале, а млекото од кокосовите ореви беше истечено и го извалкало шалот под нив.
(Следуваат фотографии кои покажуваат како изгледа пукнат кокосов орев)’
Г-ѓа Карандикат и г-ѓица Параб, понатаму ни раскажаа: “Во текот на неколку духовни манифестации бевме сведоци на оваа појава на пукање на кокосови ореви, па така ние веќе бевме свесни дека ова може да се случи, но не од минусни температури или пеколни горештини, туку поради влијанието на негативните енергии. Откако се консултиравме со трагачите кои имаат високо развиено шесто сетило во врска со пукањето на кокосовите ореви за време на манифестацијата во Панвел, тие потврдија дека тоа било сериозен случај. Всушност, тоа беше прв пат да видиме толку брзо пукање на кокосовите ореви, еден по друг.
Сите трагачи се собраа и се помолија колективно за отстранување на препреките и стварање на заштитна обвивка околу просторот каде се одвива целата манифестација. Како дополнителна превентивна мерка, сите заедно дувавме Свет пепел и прскавме вода помешана со кравја урина по кокосовите ореви”.