Анализа на случајот – Спонтано појавување на мрсни дамки на сликата на Неговата светост Бахтараѓ Махараѓ

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

 Забелешка: За подобро да ја разберете суштината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат, особено во SSRF,  ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки природни појави.

1-MKD-Ram-HonapГ-дин Рам Хонап започна да обавува духовна пракса во 2000-та година. Целото негово семејство, татко, мајка, и сестра, исто така, практикуваат духовност под водство на Неговата светост Др. Ѓајант Атавле. Уште на самиот почеток од неговата духовна пракса, SSRF-одделението за знаења за духовната димензија, утврди дека Рам пати од попречувања поради негативни енергии. Како што тој почна се поредовно да обавува духовна пракса и да прифаќа се повеќе  и повеќе сатсеви (како што се поставување на штандови со книги, дистрибуција на весници за духовноста, итн.), тој забележа дека попречувањата почнаа да се зголемуваат. Тоа ги вклучуваше следниве проблеми:

  • Тој воопшто не можеше да учи.

  • Цело време се чувствуваше поспано, немаше енергија ниту да ги подигне рацете, со часови ќе лежеше на креветот без да може да се помести.

  • Умот му стануваше празен и не можеше на ништо да се сети од она претходно што ќе прочиташе.

  • Ваквите видови на попречувања продолжија, и покрај што својата духовна пракса ја надополни со духовни мерки како што се палење на миризливи стапчиња, дување на Свет пепел, итн. Во неговата соба осеќаше постојан суптилен притисок.

Негативни енергии: Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука го користиме терминот "негативни енергии" како колективна именка да ги претставува сите видови на ентитети во духовната димензија кои имаат намера да му наштетат на човештвото, од "обичниот дух" па до најсилните негативни енергии "мантрици". Ако духовната сила на обичниот дух е помеѓу една и десет единици, тогаш силата на мантрикот се движи од една милијарда до блиску до бесконечноста.

Во 2003-та година, г-дин Чанда Диксит, поклоник на Неговата светост Бахтараѓ Махараѓ, дојде во посета на Рамовото семејство. Неговата сопруга, г-ѓа Шубанги Диксит му поклони на Рам слика (која веќе беше во рамка) од Н.С. Бахтараѓ Махраѓ. Тоа беше една невообичаена слика, каква што Рам претходно не видел, и на која Н.С. Бахтараѓ Махараѓ држи стап. Рам беше воодушевен од сликата. Тој ја постави сликата на својата работна маса и постојано му се молеше на “Баба” (“Баба” – Познато име со кое трагачите го нарекуваат Н.С. Бахтараѓ Махраѓ) за свое духовно исцелување. Вниманието на Рам во текот на молењето или при гледањето во сликата, неминовно беше насочено кон стапот кој го држеше Н.С. Бахтараѓ Махараѓ. Секогаш кога ова ќе се случеше, Рам осеќаше дека Мантрикот (силна негативна енергија) кој го опседнал се осеќа загрозено и уплашено. Рам чувствуваше дека “Баба” суптилно обавува духовно исцелување на него, и дека Мантрикот добиваше удари од стапот кој го држеше “Баба”. Рам осеќаше како од сликата се емитуваат фреквенции на уништување (Марак) и фреквенции на спасување (Тарак) и како околу него прават заштитна духовна обвивка.

2-MKD-oily-stains-PP-baba

Одделението во SSRF за восприемање на духовната димензија, го сочинуваат трагачи коишто можат да ја набљудуваат суптилната димензија и цртаат слики од суптилниот свет (суптилни цртежи засновани на духовното знаење), како и да предлагаат духовни мерки за исцелување од негативните енергии. Некои од овие трагачи добиваат Божествено знаење, а некои се занимаваат и со Божествена уметност. Истражувањата во SSRF воглавном се спроведуваат во ова одделение.

После три месеци откако ја доби сликата, Рам сфати дека фотографијата се променила. Веќе не изгледаше како во почетокот кога ја доби, туку се чинеше како да е мрсна. Во тоа време, во истражувачкиот центар само што започнаа попречувања од негативни енергии од повисоките нивоа по пат на дамки, итн., па така Рам не знаеше што се случило со фотографијата. И покрај тоа, имаше силно внатрешно чувство дека на сликата влијаеле негативни енергии и дека веднаш треба да ја испрати на SSRF-одделението за знаења за духовната димензија на духовна анализа.

Така тој ја испрати сликата во SSRF-истражувачкиот центар во Гоа, и г-ѓа Анѓели Гадгил од SSRF-одделението за знаења за духовната димензија го потврди неговиот сомнеж дека на сликата навистина влијаеле негативни енергии. Друга чудна појава којашто се случи беше тоа што кога тој ја испрати фотографијата, таа не беше целосно прекриена со мрсни дамки. Нашата опсервација е дека мрсните дамки се зголемиле во текот на годините. Таа сега изгледа како преку целата слика да е истурено масло. Така, суптилното попречување продолжило дури и кога сликата веќе не беше со Рам.