Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.
Ова искуство го доживеа г-ѓа Кшама Ране и три други трагачи кои обавуваат духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле. Сите овие трагачи како нивно служење на Апсолутната Вистина (сатсева), изработуваат џебови за духовно исцелување. Овие џебови им овозможуваат на трагачите да стават во нив слики од Божества на местата од нивното тело каде соодветно се наоѓа секоја од нивните чакри. Трагачите вклучени во овој вид на Служење на Апсолутната Вистина исто така од ткаенина прават и мали џебови за 8-от и 9-от отвор (половиот орган и органот за дефекација) на нашето тело, кои овозможуваат сатвик стимулација, бидејќи во нив може да се стават слики од Божества или ракопис на Светец и да бидат поставени на местата каде точно се наоѓаат овие органи. Ова е потребно поради тоа што долните три чакри се поподложни на напади од негативните енергии, што ги буди нашите базични желби, а тоа за возврат ги зголемува препреките во нашата духовна пракса. Ова искуство се случило во текот на подготвувањето на оваа секција за спонтано горење, а го опиша г-ѓа Кшма Ране.
На 20-ти февруари 2010-та година, го преселивме кројачкото одделение во поголема соба за да можат повеќе трагачи да помогнат околу оваа сатсева на шиење мали џебови. Бидејќи таа соба воопшто не беше користена подолго време, поминавме одредено време чистејќи ја целата соба. Исто така, ја прочистивме собата и на духовно ниво со палење на SSRF миризливи стапчиња, колективни молитви и пеење на Божјото Име во собата. Дури откако сето тоа го направивме, ги отпакувавме балите ткаенина и ги ставивме на подот. Поголемите бали ткаенина ги држевме на страна, а помалите парчиња ткаенина кои беа спремни за сечење ги држевме пред нас.
После некое време почнавме да осеќаме мирис како нешто да гори. Прво помисливме дека тоа доаѓа од надвор. Но, по околу десетина минути, на наше чудење, видовме чад кој излегуваше од под парчето ткаенина кое лежеше веднаш до нас. Кога ја свртевме ткаенината, на неа видовме огромна дупка која се уште чадеше.
Се обидувавме да го изгасиме парчето ткаенина удирајќи со рацете, но безуспешно. Потоа, врз него го истуривме најблиското шише со вода за пиење кое го имавме и парчето ткаенина престана да гори. Четирите трагачи кои ја обавуваа оваа сатсева, г-ѓа Др. Бозле, г-ѓа Аруна Синг, г-ѓа Сунандита Сурал и јас, сите бевме директни сведоци на овој настан на спонтано горење. Во околината немаше никаков катализатор кој би можел да го предизвика палењето.
Од моментот кога ја добив оваа сатсева, доживеав разни видови на непријатности кои создаваа препреки во спроведувањето на оваа сатсева и мојата духовна пракса. Некои од непријатностите се главоболка, гадење, раздразливост, чувство дека не сакам повеќе да ја обавувам оваа сатсева, итн. Иронично е тоа што јас го имав ова искуство, бидејќи доста често во минатото, секогаш кога ќе слушнев за спонтано согорување или палење на слики од Божества и Светци поради делувањето на негативните енергии, се прашував дали за сето тоа постои научно објаснување. Откако и сама го доживеав ова искуство, сигурна сум дека спонтаното палење на објекти поради делување од страна на негативните енергии, може да се случи дури и ако за палењето не постои научно објаснување. Благодарение на тоа искуство сфатив и колку е важна оваа сатсева за која сме замолени да ја завршиме, бидејќи беше потребна за духовно исцелување на другите трагачи. По раскажувањето на овој инцидент на SSRF-одделот за знаење за духовната димензија, тие потврдија дека спонтаното палење било суптилен напад од негативните енергии.
Коментар на тимот за истражување засновано на духовната наука:
- Трагачите доста често осеќаат непријатности (на физичко и ментално ниво) пред да се случи самиот настан на спонтано горење, бидејќи нивното шесто сетило е осетливо на престојни непријатности.
- Мирисот кој се ширел од ткаенината бил исклучително непријатен, многу лут и не се осеќал како да е од норамално горење. Поради тоа беше тешко да се држи изгореното парче ткаенина покрај носот, дури и за една секунда.
- Негативните вибрации кои се емитуваа од парчето ткаенина беа јасен показател дека тоа беше суптилен напад од страна на негативните енергии од повисоко ниво.