1-MKD_Attar Landing

Краток преглед на феноменот: Миризлива течност спонтано се појавила во сад кој стоел во собата на Неговата Светост Др. Атавле. Зебележано е дека има духовно исцелувачки ефект на трагачите, особено на оние трагачи кои се под влијание на негативните енергии. Анализа направена со помош на развиено шесто сетило покажа дека Божествениот парфем не е од оваа Земја, туку е комбинација на мириси присутни во повисоките суптилни региони на Универзумот. Анализа на вибрациите добиени со користење на биофидбек опрема, исто така ги потврди мерењата добиени со помош на шесто сетило, кои укажуваат дека Божествениот парфем е многу позитивен.

1. Основни информации за спонтаната материјализација на миризливиот парфем

Во август 2007-ма година, воочивме единствен духовен феномен кој се случи во SSRF-духовно истражувачкиот центар во Гоа, Индија. Миризлив парфем спонтано се појави во празен бронзен сад. Во 2004-та година, овој ист бронзен сад се користеше за држење на маслото кое се употребуваше за масажа на стапалата на Н.С. Др. Атавле. Во тоа време беше забележано дека сличен мирис се емитува и од маслото, што не е својствено за такво масло за масажа.

Целта на парфемот и негова материјализација е да им даде сила на трагачите во неповолните времиња кои доаѓаат. Мирисот кој се емитува од миризливиот парфем е уникатен и е забележано дека има духовно исцелувачки ефект на трагачите кога ќе се вдиши. Во продолжение се прикажани две фотографии кои се направени за време на духовно исцелувачки експеримент со Божествен мирис. Крпата која се користеше за бришење на бронзениот сад, исто така го прими мирисот. Трагачите кои патеа од влијаниата на негативните енергии, беа изложени на таа крпа која беше ставена во стаклена тегла. Негативната енергија со која беа опседнати се манифестираше и е видена како се обидува да се бори со мирисот. Во текот на експериментот забележавме дека силата на негативната енергија (која се манифестираше во трагачите) значајно се намали поради исцелителната моќ на Божествениот мирис.

manifestation-due-to-divine-fragrance-11

Негативната енергија во една трагателка првично се обидува да се бори со Божествениот мирис.

manifestation-due-to-divine-fragrance-12

Негативната енергија во трагателката не може да ги толерира позитивните вибрации на Божествениот мирис

Процесот на формирање на миризливиот парфем

Преку истражување засновано на духовната наука откривме дека, процесот на создавање на парфемот започнал во 2005-та година, но неговата материјализација не била готова до 2007-ма година. Кога миризливиот воздух во собата на Неговата Светост Др. Атавле дошол во контакт со Апсолутниот Космички Елемент Вода (Апататва), парфемот почнал да се појавува во ограничен обем. Во август 2007-ма година, кога дошол во контакт со Апсолутниот Космички Елемент Земја (Прутвитатва), се материјализирал одеднаш како парфемот во бронзениот сад со единствен Божествен мирис. Причината за ова е тоа што за било каква материјализација е потребна помош од Апсолутниот Елемент Земја.

Божествениот парфем всушност се состои од комбинации на атмосферите присутни во различните позитивни суптилни региони на Универзумот. Оваа табела дава преглед на составот на Божествениот парфем, во однос на составот од секој суптилен регион на Универзумот.

Регион

Ниво на позитивниот суптилен регион на Универзумот

Удел во проценти (%)

Рај

Трето

20

Махалока

Четврто

20

Ѓаналока

Петто

20

Тапалока

Шесто

 20

Комбинација на Божествена свесност и Божествена енергија во Универзумот

20


Вкупно

100

Во следната табела е прикажана разликата помеѓу вештачки парфем и Божествениот парфем во однос на Апсоултните Космички Елементи (Панчататва).

Божествен парфем

Удел во проценти (%)

Вештачки парфем

Удел во проценти (%)

1. Апсолутен Елемент Земја

10

30

2. Апсолутен Елемент Вода

30

50

3. Апсолутен Елемент Оган

20

10

4. Апсолутен Елемент Воздух

20

8

5. Апсолутен Елемент Етер

20

2

Вкупно 100 100

Од претходната табела можеме да видиме зошто се добиени искуства на духовно исцелување од повисоки нивоа преку Божествениот мирис. Во споредба со вештачките мириси, овој Божествен мирис има поголем процент од вишите Апсолутни Космички Елементи како Апсолутниот Елемент Етер (Акаштатва), Апсолутниот Елемент Воздух (Вајутатва) и Апсолутниот Елемент Оган (Теѓтатва). Како резултат на тоа, иако овој парфем претежно е направен од Апсолутниот Елемент Вода, лицето може да има разни духовни искуства на ниво на Апсолутните Елементи Оган, Воздух и Етер.

2. Хемиска Анализа

Преку анализа на хемискиот состав во лабораторија, откривме дека течноста на Божествениот парфем содржи висок процент на јаглерод (76%) и кислород (23%). Не бевме во можност да го продолжиме тестирањето за да го утврдиме процентот на водород, затоа што немаше доволно течност да се направи тоа.

3. Анализа со помош на биофидбек уред

Ако некој има натпросечна способност на шесто сетило, лесно може да ја согледа духовно чистата природа на парфемот и позитивните вибрации кои ги емитува. Некои биофидбек уреди како што се RFI (Resonant Field Imaging) – (уред – сензори за скенирање на телото, објекти или на околината) и PIP (Polycontrast Interference Photography: вид на опрема за био снимање) – (уред – визуелен систем на скенирање на кој се гледа подвижна слика во реално време на енергетското поле на телото или (аурата), се во состојба да ги снимаат вибрациите околу еден предмет и да ги прикажат во визуелен формат. Ова на просечниот човек му дава можност визуелно да ја види аурата или енергетското поле околу предметот.

Кликнете на овој линк за повеќе информации околу PIP-уредот и неговата употреба.

1. Отчитувања на Божествениот миризлив парфем добиени од RFI-уредот

Мерење на:

Отчитување

Што значи тоа

Животната средина пред да биде поставен Божествениот миризлив парфем.

121 MHz

Бојата на RFI-графиконот е портокалова и означува притисок и негативност во животната средина.
Животната средина откако беше поставен Божествениот миризлив парфем.

137 MHz

Бојата е жолта и означува позитивни вибрации. Ова значи дека парфемот ги уништил негативните вибрации во близина и створил позитивни вибрации во околината.

2. Отчитувања на Божествениот миризлив парфем добиени од PIP-уредот

Подоцна го испитавме и бронзениот сад кој содржи Божествен миризлив парфем со помош на PIP-биофидбек уред.

Пред: Прво направивме основно отчитување на животната средина. Виолетова боја означува одредена количина на стрес. Како што можете да видите има многу помалку жолта (којашто укажува на позитивност) во центарот на сликата и е опкружена со виолетова.

2-MKD_PIP_attar-before

После: Потоа го поставивме садот кој содржи Божествен мирис заедно со стаклениот сад во кој беше поставен. Жолтите прстени кои се ширеа од парфемот ги отстранија негативните вибрации на виолетова боја и околу садот се формираше жолта аура.

3-MKD_PIP_attar after

PIP-методот на снимање на енергетското поле, исто така забележа многу позитивни промени во животната средина предизвикани од парфемот. Небесното сината боја која се гледа на масата (на која е поставен садот кој го содржи парфемот) е поврзана со високо духовно ниво. Слично на тоа, стаклената тегла која го содржи садот од парфемот станала зелена. Во PIP-методот, зелената симболизира позитивна енергија поврзана со духовен третман (духовно исцелување). Јасно е од претходно наведените опсервации дека парфемот кој спонтано настанал во бронзениот сад кој го употребувал Н.С. Др. Атавле, содржи високо ниво на универзални вибрации (т.е. е од високо духовно ниво), и дека е духовно корисен. Претходно наведените скенирања и анализи се направени со помош на г-дин Сантош Јоши (Универзален истражувач на енергија, Мумбаи, Индија.)

SSRF апелира до научниците и експертите во оваа област да ни се придружат во проучувањето на различните необјаснети феномени во духовно истражувачкиот центар во Гоа, Индија.