1. Вовед во спиењето со стапалата свртени кон запад
Во овој напис кој открива како да спиеме добро, ќе го проучиме ефектот од спиењето со стапалата свртени во насока кон запад. Ова истражување е во потполност засновано на духовниот поглед на тоа како да спиеме добро. Ќе ни помогне да донесеме правилна одлука за тоа на која страна да ги насочиме стапалата за да спиеме добро.
1.1 Духовно истражување за тоа како да спиеме добро – ефект од спиењето со стапалата свртени кон запад
Трагачите во Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) кои имаат развиено шесто сетило или над-сетилна перцепција имаат спроведено духовно истражување за тоа како да спиеме добро. Истражувањето е спроведено со цел да се открие кој е ефектот од спиењето со стапалата свртени кон запад и во која насока е најдобро да се спие. Божественото знаење кое го имаат добиено за ефектот од спиењето со нозете свртени кон запад и најдобрата насока за спиење ја потврди Неговата Светост Др. Атавле.
2. Духовни ефекти од спиењето со стапалата свртени кон запад
2.1 Придобивки од Божјите фреквенции
Фреквенциите на Божјите акции (кријалахари) се поврзани со правецот исток-запад. Тие во просторот се движат во оваа насока. Кога спиеме со стапалата свртени кон запад добиваме повеќе придобивки од овие фреквенции на Божјите акции. Тие ни даваат сила да ги извршиме нашите акции.
2.2 Активирање на петте витални енергии во телото
Благодарејќи на преносот на фреквенциите на Акциите во телото, се активираат пет витални енергии кои се наоѓаат на нивото на папокот. Овие пет витални енергии по пат на суб-виталните енергии како медиум, од телото ги исфрлаат суптилните екскреторни гасови. Ова помага во прочистување на телото, виталните енергии и обвивката на телото од виталните енергии и така го закрепнува човекот.
2.3 Придобивки од сатвик фреквенциите
Во рана зора од правец на исток се емитуваат сатвик фреквенции (независно од горе наведеното). Овие сатвик фреквенции од атмосферата лесно влегуваат во нашето тело преку Брамарандра Кундалини системот кога спиеме со стапалата свртени кон запад затоа што тогаш со главата сме свртени кон исток. Брамарандра е отвор над седмата Кундалини чакра те. Сахасрара чакра. Со впивање на овие сатвик фреквенции и ние стануваме сатвик и го започнуваме денот на повисоко сатвик ниво. Затоа за да го започнеме денот на најпозитивно можно ниво треба да спиеме со стапалата свртени кон запад.
2.4 Движење на циклусот на телото во насока на стрелките на часовникот
Покрај фреквенциите на Божјите Акции (кријалахари) и сатвик фреквенциите во зори, од исток доаѓаат и пријатни седмо-бранови (саптатаранг) фреквенции. Кога спиеме со главата во насока на исток добиваме максимална придобивка од саптатаранг фреквенциите. Благодарејќи на нивното влијание циклусот на нашето тело се врти во насока на стрелките на часовникот те. во посакуваната насока. Како резултат на тоа, сите телесни функции се оптимални. Циклусот на телото е суптилен недопирлив систем на сите материјални и суптилни телесни функции.
2.5 Заштита од раѓа-тама честичките присутни за време на сонот
Кога спиеме со стапалата свртени кон запад, главата ни е свртена кон исток и така седумте Кундалини чакри впиваат 10% повеќе саптатаранг фреквенции. Како што чакрите се под влијание на саптатаранг фреквенциите, тие се вртат во правец на стрелките на часовникот, и човекот има придобивка на духовно ниво. Благодарејќи на тоа, не чувствуваме непријатност која произлегува од суптилните раѓа-тама честички, кои се ствараат во телото за време на спиењето и така спиеме добро.
3. Заклучок
Од горното објаснување можеме да видиме дека положбата исток-запад, во која нозете ни се свртени кон запад, е најдобра положба за спиење ако сакаме да спиеме добро.