Служење на Вистината (Сатсева)
Ова е следниот чекор во духовната пракса. Обично настапува кога сме го разбрале значењето на духовната пракса и биле благословени со одреден број на духовни искуства преку пеењето на Божјото Име и присуството на сатсанзите. Лицето гледа како духовната пракса делува на неговиот живот и чувствува дека е посреќно, без оглед на тоа со која ситуација се соочува. Во тој момент од духовното патување, лицето почнува да и служи на вистината (сатсева).
Најдобар начин како можеме да и служиме на вистината е да помогнеме во ширењето на оваа знаење. Тоа може да се врши на многу начини. На пример, може да се раскаже на другите луѓе што имаме научено за да и тие можат да ги почувствуваат позитивните промени во своите животи. Имаме трагачи кои ја шират Духовноста со држење на бесплатни предавања, како луѓето би создале свест за духовната наука. Тие не заработуваат никакви пари за тоа – а каква корист тогаш остваруваат. Добиваат внатрешно чувство на Блаженство, кое ниту парите, ниту световните успеси не можат да ги дадат. На некои не им лежи држењето на предавања, па пишуваат написи за весниците, или ги користат своите вештини на компјутерите да помогнат околу сајтот на интернет. Овој интернет сајт е исто така пример за служење на вистината. Некои му служат на Бога преку уметноста, дизајнирајќи прекрасни духовни книги. Некои трагачи помагаат на другите купувајќи им карти за воз кога тие патуваат за да држат предавања. Една едноставна и предана трагачка нема ниту едно од горе наведените способности, но добро готви. Таа понекогаш спакува ручек за трагачите кои патуваат за да ги одржат предавањата. Ве молиме прочитајте го написот: Како можам да придонесам за SSRF?
Она што најдобро го работиме, тоа треба да му го понудиме на Бога, со богољубие во срцето. Нашиот став треба да биде понизен, а не од егото – дека толку многу давам.