1. Вовед
Духовното истражување направено од страна на SSRF покажа дека повеќето куќи во светот имаат негативни вибрации, поради различни причини. Ве молиме погледнете го написот – Какви мерки може да се преземат за да се очисти духовно опседнатата куќа или животна средина? Овие негативни вибрации привлекуваат духови и нашите преминати предци кој ја опседнуваат куќата. Овие духови и преминати предци кои ја опседнуваат куќата влијаат и предизвикуваат вознемиреност кај станарите. Оттука, важно е да се препознаат симптомите на опседнувањето, за да ние преземеме мерки за да го решиме проблемот. Само Светците и луѓето со високо развиено шесто сетило, можат навистина да знаат дали куќата е опседната. Набројавме неколку вообичаени симптоми кои што можат да бидат показател за можно опседнување.
2. Симптоми на опседнување
- Исчезнување и поново појавување на предмети во домот
- Наоѓање на неидентификувани објекти во куќата
- Појавување на необјаснети траги околу куќата, на при. гребаници на ѕидовите, чудни лица на ѕидовите или шкафовите.
- Слушање чудни звуци или звуци од врати кои се затвараат или отвораат, тропање, смеа, одење, зборување, и др. кога нема никаков извор на таков звук
- Светла се палат и гасат постојано без било каква причина
- Сушење на сатвик билки како што е Светиот босилек (тулси)
- Мачки или кучиња завиваат или лаат непотребно
- Необјаснета смрт на домашни миленици, како мачките
- Невообичаени случувања како ненадеен напад на инсекти како што се: бубачки, црвени мравки, лебарки или глодари
- Ненадајна необјаснета појава на верски симболи, како што е крст или појава на знакот Ом (ॐ) во куќата
- Необјаснет раздор и нетрпеливост во куќата
- Чести необјаснети болести или други проблеми, како финансиски проблеми во куќата
- Последователни необјаснети смртни случаеви во куќата
- Чувство не нечие присуство во куќата
- Наоѓање необјаснети крвави дамки на облеката, на разни предмети или на подот
- Чувство како да не посматра некој
- Всушност, да се видат духови во куќата