Анализа на случајот: Духовно исцелување на силни менструални болки и крвавење

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

Вовед:

Пем преку три недели патеше од силни стомачни болки и менструално крвавење. Лековите не и помогнаа. Болките и менструалното крвавење попуштија откако таа започна духовно лечење со повторување на точен број исцелувачка пеаница.

Пем не е нејзиното вистинско име и се користи за да се заштити нејзината приватност

1. Интервју со Пем

Интервјуерот: Пем, ќе можете ли да ни опишете каков проблем имавте?
Пем: Имав продолжен и многу болен менструален циклус којшто не покажуваше знаци на сопирање. Започна околу 15-ти јули и траеше до 7-ми август 2006-та година. Во текот на тој период, исто така, осетив и силни болки во долниот дел од стомакот кои воглавном ги немав во текот на циклусот. Болките беа доста чудни. Осеќав како некој да ми го повлекуваше и увртуваше долниот дел од стомакот. Покрај тоа, се осеќав доста уморно, како целата енергија да ми беше извлечена. Дури и ситници ме иритираа.

Интервјуерот: Дали ова некогаш ви се случило пред тоа?
Пем: Не, ова е прв пат.

Интервјуерот: Кога отидовте на лекар?
Пем: Во почетокот, одлагав да одам на лекар, мислејќи дека тоа што ми се случува е само пореметен циклус. Но, по речеси две недели постојано крвавење и болки, отидов на лекар, на 27-ми јули.

Интервјуерот: Што кажа докторот?
Пем:
Бев подложна на тестови за крв и урина, но резултатите и од двата теста беа негативни. Докторот ме стави на Primolut N (Примолут Н таблети) 5mg за 7 дена. Но, дури ни по 7 дена немаше олеснување. Докторот беше прилично изненаден што ниту ова не ми даде ослободување од симптомите кои ги имав. После тоа направив ултразвук на стомакот. Ништо не се појави ниту на ултразвукот. Докторот ме советуваше да продолжам со претходната терапија во иста доза. Фармацевтот исто така, беше изненаден кога се вратив да земам уште лекови.

До самата оваа фаза, станав прилично загрижена што причината не беше дијагностицирана, а лековите немаа никаков ефект.

Интервјуерот: Што се случи потоа?
Пем: Веќе две години обавувам духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука – SSRF. Бев свесна за непишаното правило; кога болеста не престанува и покрај најдобрите конвенционални напори, причината би можела да биде од духовна природа.

Некаде во исто време, SSRF го објави написот – пеаници за физички болести на нивниот веб-сајт и јас сфатив дека има три од симптомите кои следуваат:

  1. Болки во долниот дел од стомакот
  2. Тешко менструално крвавење
  3. Постојано чувство на замор и иритирање

Од трите наведени симптоми, болките во долниот дел од стомакот беа најизразени и поради тоа се осеќав многу лошо (непријатно), па така започнав да ја пеам пеаницата за духовно исцелување на болки во долниот дел од стомакот. Болката веднаш почна да се повлекува. Смалувањето на болката беше директно поврзано со постојаното пеење. Постојано пеев во текот на денот. Во еден момент, добив повик од една моја пријателка. неколку минути престанав да пеам за време на разговорот и болките почнаа да се зголемуваат, па морав да ја спуштам слушалката и да продолжам со пеењето.

Од 4-ти август, почнав пеењето да го надополнувам со постојани молитви за заштита од напади од страна на духовите. Во рок од 24 часа, болките во долниот дел од стомакот речиси исчезнаа. Потоа, од 5-ти август почнав да ја пеам пеаницата за духовно исцелување на менструалното крвавење. Во овој случај, исто така, во рок од еден час менструалното крвавење почна да се намалува. Конечно крвавењето целосно престана на 7-ми август, 2006 година.

Интервјуерот: Дали го прекинавте медицинскиот третман додека применувавте духовни мерки?
Пем: Не.

Интервјуерот: Ви благодариме за вашето време Пем.
Пем: Нема на што.

2. Клучни точки за случајот на Пем од духовна перспектива

  • Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) можат да предизвикаат пореметување во функционирањето на било кој орган во телото или да направат лековите да бидат неефикасни.
  • Кога болеста која вообичаено е излечлива со помош на лекови и покрај нивното користење не проаѓа, може да биде од духовна природа.
  • Најдобро е да се продолжи со земањето на лековите, исто како што Пем направи, така што процесот на лекување/исцелување биде помогнат и физички и духовно.