Цртежи засновани на суптилното знаење на духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) според нивната активност

Вештерка го пресретнува протокот на мисли на својата жртва, и на жртвата и всадува различни сексуални мисли

Цртеж 1 од 1

1-MKD-Sexual-thoughts

Ова е цртеж заснован на суптилното знаење кој покажува она што Анурада Вадекар (трагателка од SSRF со активирано шесто сетило) го видела додека суптилно го проучувала Луис, лице преплавено со прекумерни сексуални мисли.

Цртежот заснован на суптилното знаење покажува како вештерката суптилно го гушка Луис. Луис се обидува да се концентрира на овој напис кој што тој го пишува за ширење на Духовноста. Тој го пишува овој напис како дел од неговата духовна пракса – служење на Вистината (сатсева). Вештерката која Луис сексуално ја привлекува, се обидува да уфрли сексуални мисли во неговиот ум со цел да воспостави сескуални односи со него. Несвесен за ова случување во суптилната димензија, Луис е попречуван од прекумерни сексуални мисли.

Непријатноста која што Анурада ја почувствувала додека го цртала горенаведениот цртеж заснован на суптилното знаење.

Додека го цртав горенаведениот цртеж заснован на суптилното знаење на Луис, главата ми стана тешка, вратот ми се стегна, а умот ми беше преплавен со многу сексуални мисли. Сфатив преку какви попречувања Луис мора да поминува.

Ве молиме, прочитајте зошто постои заштитна рамка околу горенаведениот цртеж заснован на суптилното знаење на дух?