Алтернативна медицина – Ризици

1-mkd-alternative-medicine-landing

1. Вовед

Во овој напис ќе ги разгледаме ризиците поврзани со Алопатијата, како и со сите алтернативни терапии вклучени во оваа студија. Овој напис може да ни даде увид во ризиците со кои се изложуваме кога се одлучуваме за одредена алтернативна терапија.

 2. Алопатија

3-mkd-AllopathyРозикот што го донесува Алопатијата е тоа што здравите клетки се уништуваат заедно со болните клетки. Дури и оние кои не се упатени во Алопатијата можат да бидат свесни за овој аспект, а некои тоа искуство го имале од прва рака. На пример, кога некој се подложи на хемотерапија со цел за борба против ракот, доаѓа до губење на косата. Оваа терапија всушност е насочена кон болните клетки од ракот. Меѓутоа, здравите фоликули на косата исто така се уништуваат заедно со болните клетки од ракот.

3. Јунани медицина

4-mkd-YunaniЧитателите ќе се сетат дека оваа алтернативна терапија делува на ниво на енергетските канали. Ако лечењето не е добро дозирано, постои ризик од создавање на нерамнотежа во енергетските канали. Поради таа нерамнотежа, постои можност клетките многу брзо да се шират и собираат, и така да бидат оштетени. Ова го пореметува надминувањето на болеста.

4. Акупресура

5-mkd-AcupressureАко за време на Акупресурната терапија, на акупресурните точки се примени премногу силен притисок, може да дојде до активирање на болни вибрации во тие точки. Исто така, ако терапевтот кој што го врши акупресурниот третман е под влијание на духови, постои можност духовите да влијаат врз лицето кое што е на третманот. Духовите можат да влијаат врз лицето во третманот емитувајќи црна суптилна енергија врз него или да го опседнат. Сепак, со оглед дека ова се случува во суптилната димензија, не е чувствително и затоа лицето кое е под третманот ниту знае дека се случува такво нешто.

5. Мудри

6-mkd-MudraВо претходниот напис од оваа серија видовме дека Мудрите делуваат на тој начин за да ја исфрлат црната енергија од заболениот дел од телото. Исто така видовме дека ова на духовите може да им послужи како средство за влијание врз опседнатото лице. Ризикот кај применување на мудрите е дека ако некој е под влијание на духовите од повисоко ниво, духот којшто го опседнува може да ја искористи истата таа мудра да привлече за себе црна енергија. Уште поважно, со оглед дека тој процес во целина се случува на суптилно, недопирливо ново, голема е веројатноста лицето да биде потполно несвесно за контактот со црната енергија на духовите. Овој ризик во голема мерка се намалува ако духовното ниво на лицето кое ги користи мудрите прогресивно се зголемува над 50%.

6. Хомеопатија

7-mkd-HomeopathyМинимален

7. Ајурведа

8-mkd-AyurvedaМинимален