Што е Регион на Мртвите?

Содржина

1. Вовед

Во написот Каде заминуваме после смртта? опишавме тринаесет главни суптилни региони во Универзумот, во кои што заминуваме после смртта. Меѓутоа, веднаш после смртта поминуваме низ еден привремен регион во Универзумот, познат како Регион на мртвите (Мартјалока). Во овој регион суптилното тело се навикнува на новата состојба – без физичко тело (стуладеха). Во овој регион на постоење има 10 под региони низ кои поминува суптилното тело.

2. Кому овој регион на постоење му е најважен?

Овој регион на постоење е најважен за оние на кои Чистилиштето (Бувалока) им е последната дестинација во животот после смртта. Суптилните тела полека поминуваат низ разните под региони во Регионот на Мртвите (Мартјалока) додека се ослободуваат од трагите и врските од овоземниот живот.

Духовно развиените луѓе, поради светлината на суптилното тело и неврзаноста за земниот живот, преку овој регион само прелетаат во вишите региони на Универзумот, како што се Рајот (Сваргалока), Махалока, итн.

Од друга страна, суптилните тела кои што заминуваат во еден од регионите на Пеколот (Патал), тонат во нижите региони без поголемо задржување во Регионот на Мртвите, поради тежината на суптилното тело кое што во текот на животот е оптоварено со негативните дела, егото, и врзаностите.

3. Разни под региони во регионот на Мртвите (Мартјалока)

Постојат вкупно 10 под региони во Регионот на Мртвите. Во продолжение дадовме само краток опис на секој од суптилните под региони и го опишавме општото однесување на суптилните тела во секој од нив.

Во древните Свети списи, постојат записи за Светата суптилна река Ваитарна, која што преминатите предци ја поминувале пред да влезат во Чистилиштето (Бувалока). Тоа всушност е суптилната обвивка од Апсолутниот Космички елемент на Водата (Апататва) околу регионот на Земјата (Булока). Таа обвивка самата по себе е реката Ваитарна. После смртта суптилните тела се нурнуваат во Ваитарна и влегуваат во Чистилиштето. Остатокот од суспендираните гасови и под виталните енергии на физичкото тело, кои што се во придружба на суптилното тело, се испуштаат во Ваитарна.

Така Ваитарна му помага на суптилното тело во ослободувањето од последните траги на физичкото тело, за да стане доволно суптилно за влезот во Регионот на Мртвите.

Што е Регион на Мртвите?

Фусноти: М1, М2, М3, … М10

М1 се однесува на првиот под регион на Регионот на Мртвите. М2 се однесува на вториот под регион на Регионот на Мртвите и така по ред.

3.1 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 1: Суптилните тела се збунети и одат лево – десно без ориентација

После поминувањето на Ваитарна суптилното тело влегува во „Регионот на Мртвите“ Бр. 1. Околината во овој под регион е во црвеникаво виолетова боја. Поради непознатата околина суптилните тела овде се збунети и одат лево-десно без ориентација. Имаат чувство дека треба да се движат, но едноставно не знаат каде треба да одат. Поради ова сите суптилни тела во овој под регион се вознемирени.

3.2 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 2: Нестрпливост на суптилните тела

Околината на овој под регион се состои од широки виолетови и црвени бои. Во овој под регион суптилните тела видно настојуваат да го смират своето движење. После напуштањето на овој под регион, не се толку вознемирени како во претходниот, но постојано се тапкаат во место. На нив се види нетрпение, поради тоа што иако се подобро прилагодени со доаѓањето во овој под регион, сеуште не знаат каде да одат.

3.3 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 3: Неконтолираност на суптилните тела

Околината на овој под регион се состои од испреплетени виолетово црвени ленти. Во овој под регион изгледа дека многу суптилни тела се движат горе-долу со неконтролирани движења, но во хоризонтална линија. Суптилните тела овде дополнително напредуваат во однос на претходните под региони и се обидуваат да се движат хоризонтално.

Што е Регион на Мртвите?

3.4 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 4: Нестабилност на суптилното тело

Овде заплетканоста на виолетово црвените ленти е уште поголема. Во овој под регион суптилните тела на преминот во другиот под регион се многу немирни. Се движат во вертикална линија од највисокиот до најнискиот дел на овој под регион, обидувајќи се да излезат од него на тој начин, затоа што не успеале да излезат со хоризонтално движење.

3.5 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 5: Суптилните тела се трудат да се прилагодат на околината

Во овој под регион се застапени основите, суптилни Раѓа-Тама честички. Се гледаат многу ленти во виолетово црвена боја. Суптилните тела во овој под регион се движат напред, остануваат стабилни и го продолжуваат движењето напред. Изгледаат стабилни.

3.6 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 6: Суптилните тела се прилагодени на притисокот од околината

Се чини дека суптилните тела во овој под регион на постоењето се стабилни во времето кога се наоѓаат понекогаш во средната зона, а понекогаш во долната зона на овој под регион. Во овој под регион околината е исполнета со виолетово црвени облаци.

3.7 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 7: Суптилните тела се стабилни од време навреме во горната зона а остатокот од времето во средната зона

Во овој под регион облаците се поретки и се повеќе се присутни суптилните Раѓа-Тама честички. Суптилните тела се постабилни и понекогаш се во горната зона, а понекогаш во средната зона.

3.8 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 8: Суптилните тела се стабилни во горната зона

Овој регион се состои претежно од виолетова боја. Присутни се  ретки суптилни РаѓаТама честички. Суптилните тела се стабилни на работ на горната зона.

3.9 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 9: Суптилните тела сфаќаат како да го поминат под регионот

Овој под регион е сосема виолетов. Се гледаат сјајни фреквенции кои што зрачат од надворешната обвивка на суптилното тело. Суптилните тела поминуваат во следниот под регион зајакнати од овие сјајни фреквенции.

3.10 Регион на Мртвите (Мартјалока) Бр. 10: Суптилните тела сфаќаат како да го поминат подрегионот

Атмосферата во овој под регион е светло виолетова боја. Суптилните тела овде се задржуваат многу кратко. Тие се потиснати нагоре со помош на воздушната обвивка на десеттиот под регион. Нивното заминување во Чистилиштето или во другите региони е одредено од нивните дела.

3.11 Суптилно возило (Антарикша јан): Суптилните тела се исфрлени од овој регион во Чистилиштето како комета

Тоа исто така е познато како возило на предците. Има сопствена енергија. Врз основа на замавот на оваа енергија суптилните тела се како комета исфрлени од оваа подрачје во Чистилиштето. Звукот во овој регион е како ураган.

Мартјалока се состои од колективен проток на виолетова и црвена боја. Тоа е околина во која се распаѓаат фреквенциите на желбите што се случува во обвивката околу суптилното тело или во центрите на импресии во обвивката на суптилното тело. Освен тоа, тоа се случува и поради постојаната елиминација на гасовите од оставените физички тела на овие суптилни тела.

4. Време поминато во Регионот на Мртвите (Мартјалока)

Времето поминато во Регионот на Мртвите е отприлика од неколку месеци до една година.

Фактори кои влијаат на времето во регионот на Мртвите:

  1. Силата на врзаноста на преминатиот предок: Повеќе врзаност, поспор напредок.
  2. Направени обреди за покојните: Ако се направени одредени обреди, суптилното тело добива засилување за своето понатамошно патување.
  3. Духовно ниво: Суптилното тело на 50% духовно ниво, ќе го помине побрзо овој регион од суптилното тело на 30% духовно ниво. Ова се должи на леснотијата на суптилното тело благодарејќи на разградувањето на петте сетила, умот и интелектот.

Кога зборуваме за предците и нивната врзаност за Земјата, мислиме на тоа дека тие поради тоа се застанати/заглавени во Регионот на Мртвите (Мартјалока). Можеме да им помогне да продолжат понатаму со изведување на соодветни и моќни духовни обреди или со пеење на заштитната пеаница Шри Гурудев Дата.

Во повеќето случаи во денешно време преминатите лица не практикувале ниту една сериозна духовна пракса според шесте основни принципи на духовната пракса, ниту потомството не изведува за нив некој исправен обред или пеење на заштитната пеаница Шри Гурудев Дата. Поради тоа повеќето суптилни тела со години остануваат во Регионот на Мртвите.