Во написот ’Што е духовна емоција’ ја објаснивме духовната емоција. Во овој напис ќе ја објасниме разликата помеѓу нашите нормални емоции и духовната емоција.
1. Што се емоции (Бавна)
Сите сме ги доживеале емоциите (Бавна) во нас и во другите. Емоциите се нашите чувства кои се однесуваат на нашиот световен живот. Тие се во суштина ставови на свесниот ум. Емоциите ги одредуваат чувствата на среќа или несреќа. Емоциите се однесуваат на нашето мало ’јас’, и според тоа, кога сме во емотивна состојба, ние се идентификуваме со нашите пет сетила умот и интелектот. Силната емотивност прави лесно да се навредиме во световниот живот и ја зголемува нашата свест за личната егзистенција. Поради тоа емотивноста по својата природа не одвојува од Бога.
2. Што е духовна емоција (Бав)
Од друга страна духовната емоција (Бав) е состојба на единство со Бога. Поврзана е со потсвесниот ум (Чита). Кога ќе се пробуди духовната емоција, човекот ја надминува вообичаената состојба на поистоветувањето со световната егзистенција. Свеста за личната егзистенција се намалува. Според тоа, во состојба на духовна емоција човекот го надминува малото ’јас’ и се идентификува со големото ’Јас’. Духовната емоција ни дава духовно искуство на Блаженство (Ананда). Блаженството е состојба на нај возвишената среќа, која ја надминува состојбата на среќа и несреќа.
3. Како да се разликува духовната емоција од емоцијата?
Во случај на многу емотивно лице, често погрешно се заклучува дека лицето е во состојба на духовна емоција (Бав), а всушност се работи за емотивна состојба (Бавна) особено кога се наоѓа во некое духовно окружување. На пример, тоа се случува кога лицето додека е во црква доживее силна емотивна болка, или во присуство на духовниот учител (Гуруто) со кој има психолошка поврзаност. Дали се доживува емоција, или духовна емоција, можеме да потврдиме само преку медиумот на активно шесто сетило (ESP). Исто така можеме и на интелектуално ниво, но само до некаде, да потврдиме дали сме доживеале емоција или духовна емоција и тоа според следите критериуми:
- Намалување на егото или ’Јас’ ставот: Во состојба на духовна емоција пости значително намалување на егото. Така можеме да го искористиме манифестирањето на егото како помош за сфаќањето дали доживуваме емоција, или духовна емоција. На пример, можеме да провериме дали го чувствуваме егото во состојбата на духовна емоција додека го доживуваме тоа искуство. Меѓутоа, кога духовната емоција не трае долго, егото брзо се појавува.
- Намалување на света за телото: Во состојба на духовна емоција, колку што лицето се поистоветува со разните степени на големото ’Јас’, до толку ја губи свеста за своето телесно постоење. Според тоа, кога се пробуди духовната емоција и се манифестира во било која од осумте вида на манифестирање на духовната емоција, да речеме во вид на солзи на Блаженство, итн., лицето нема свест за себе. На пример, некој кој е срамежлив и многу резервиран кон другите, во состојба на будење на духовната емоција, тој ја надминува својата срамежливост и ја манифестира својата духовна емоција и во присуство на другите.
Еден од трагачите по Вистината во SSRF, кој со години работи во интернационалната банка, сеќавајќи се на својот Гуру доживеал духовна емоција одејќи по улицата. Солзи радосници, се слевале низ лицето, но тој заборавил на нив, препуштајќи се на состојбата на духовната емоција.
- Искуство Прити, или љубов без очекување: Духовната емоција е всушност состојба на доживување на Бога во нас и во другите. Исто така е состојба во која нашата свест за себе е многу ниска. Затоа во таа состојба лицето доживува љубов без очекување.
- Ладни солзи: Кога духовната емоција се манифестира во форма на солзи, тогаш тие се ладни, за разлика од солзите предизвикани од нормалните емоции кои се топли.
- Вид на плачење: Плачењето предизвикано од емоција, посебно од тага е како липање. Плачењето предизвикано од духовна емоција е тивко.
- Чуство после состојбата: Како духовната емоција е состојба на поврзаност со Бога, дури и после излегувањето од таа состојба, лицето доживува знаци на поистоветување со големото ’Јас’. Тоа може да се доживее како намалување на ограниченоста, зголемување на стабилноста, зголемување на духовната зрелост, зголемување на интелектуалното убедување за значењето на духовната пракса и спознанието на Бога, итн.