Неформален разговор со Неговата Светост Др. Атавле за тоа зошто Тој сега пишува книги само за Духовноста

Погледите на Неговата Светост Др. Атавле во целиот овој напис се засновани на спознавање на основната духовна цел на животот, која е спознавање на Бога. Во написот ‘Проучување на духовноста’ нагласивме дека, ако некој сака да се движи кон основната цел на животот, по можност треба да проучува книги за Духовноста кои се напишани од Светци или Гуруа. Во следниов напис ‘Влијание на авторите на книгите за Духовноста’ ги споредивме придобивките од книгите напишани од автори на различни духовни нивоа.

Овој напис е неформален разговор помеѓу Неговата Светост Др. Атавле и уредувачкиот тим, при пишувањето на горенаведените написи. Открива разни увиди и прични за тоа, зошто Светците преферираат да пишуваат книги за Духовноста, за разлика од пишувањето книги за Големата Илузија (Маја).

MKD-PP-booksПред да ја започне Неговата духовна пракса, Неговата Светост Др. Атавле се занимавал со истражување во областа Клиничка Хипнотерапија и објавил многу научни трудови и книги на оваа тема. Тој, исто така, многу години провел истражувајќи ја оваа област во Велика Британија. После интензивната духовна пракса под водство на Неговиот Гуру (духовен учител), достигнува Светост, по што објавува многу книги за Духовноста.

(Од милост и почитување кон Неговата Светост Др. Атавле, се обраќаме со името Парам Пуџа, што на Санскрит значи “Негова Светост”)

MKD-PPУредничкиот тим: Парам Пуџа, објавивте толку многу трудови и книги за Клиничка Хипноза и Клиничка Хипнотерапија кои на широко се признати и прифатени во многу земји, како авторитет во оваа област. Но потоа, откако започнавте духовна пракса, пишувате книги само за Духовноста. Парам Пуџа, која е причината за ваквата промена?

Неговата Светост Др. Атавле: Главната поента што јас ја сфатив е дека Духовните текстови се безвременски, додека другите теми се поврзани со Големата Илузија (Маја) и се корисни само ограничен временски период. Дури и книгите за важните настани како што се борбата за ослободување на Индија и Француската револуција беа значајни само за ограничен дел од светската популација и тоа само за временски период од 30-40 години, додека тие настани се случувале. Идните генерации имаат само минлив интерес во овие теми (што се случувало во историјата), а настаните кои се актуелни во нивните животи, секогаш се во центарот на вниманието. Од друга страна, ако ги погледнете  Светите текстови како Багавад Гита, Библијата, Куранот и списите напишани од Светци, остануваат релевантни за луѓето со векови.

Главната разлика е во тоа што, Духовните текстови се поврзани со Апсолутната Вистина или Божјиот Принцип, и затоа се безвременски. Со оглед на тоа дека целта на Светите текстови е спознавање на Бога, ова знаење е непроменливо и релевантно (значајно) за сите генерации без оглед на време и место. Темите поврзани за Маја секогаш се однесуваат на времето, местото и личноста, и затоа не се, односно не можат да бидат безвременски.

Уредничкиот тим: Парам Пуџа, пронајдовте ли некоја разлика во тоа, кога бевте автор, односно кога пишувавте книги поврзани со Маја (Големата Илузија) како што се Клиничика Хипнотерапија, и сега кога Сте составувач на Духовни текстови.

Неговата Светост Др. Атавле: Во Духовноста ние сме само составувачи. Сето Апсолутно знаење доаѓа од Бога и Универзалниот Ум и Интелект и се што правам јас е да го составам. Ако обавуваме духовна пракса и при тоа сме благословени од Гуру (духовно возвиешен водач), тогаш по Благодата на Гуруто, добиваме пристап до Апсолутното Знаење.

Авотрите на книгите поврзани со световните прашања, треба да ја истражат темата и додека ја подготвуваат нивната книга прибираат информации од различни извори. Кога Светци пишуваат книги за Духовноста, Самиот Бог дава инспирација и одговори. А со тоа и многу време и енергија се заштедува.

Ве молиме прочитајте го написот ‘Шесто сетило – Универзален Ум и Интелект’

Врз основа на моето истражување за Клиничка Хипноза и Клиничка Хипнотерапија, книгите кои ги напишав за тие теми беа ценети во неколку земји, како Австралија и САД. Тие влијаеа на лечењето на пациентите, и затоа само пациентите и нивните доктори можеа да придобијат од нив. После 25 годишното истражување и применување на наодите од истражувањето во мојата клиничка пракса како клинички хипнотерапевт, само неколку илјади примероци од тие книги се продадоа. Од друга страна, текстовите кои денес ги пишувам за Духовноста, ќе му бидат од корист на секој човек, некогаш во овој живот, или барем во некој следен. Во последните 10 години, се преведни на 12 јазици и продадени повеќе од 2.5 милиони од овие текстови, составени од мене на разни теми во Духовноста.

Уредничкиот тим: Парам Пуџа, да не заборавиме, самиот SSRF веб-сајт е посетуван од десетици илјади луѓе секој месец од целиот свет, и дека на многу од нив им помогна да го подобрат својот живот.

 Универзален ум и интелект: Исто како што луѓето, животните итн. имаат ум и интелект, така и целокупната Божја креација, Универзумот, има Универзален Ум и Интелект. Тој ги содржи апсолутните изворни информации за сите работи во Универзумот. Можеме да го сметаме за Божји Ум и Интелект. Како што се развиваме духовно нашиот суптилен ум и интелект се соединуваат со Универзалниот Ум и Интелект. Така можеме да имаме пристап до информациите за целокупната Божја креција.

Неговата Светост Др. Атавле: Било кој текст има вистинска вредност кога читателот има придобивка од перспектива на основната цел на животот. Од оваа перспектива, сите теми поврзани со Маја (Големата илузија) даваат само ограничени информации. Текстовите за Духовноста ни овозможуваат водство до фаза на спознавање на Бога, и се со нас преку многу животи. Благодарение на компилацијата од различни теми за Духовната наука, духовната љубопитност на стотици илјадници читатели е задоволена, а и понатаму продолжува. Вера во Праведност (Дарма) е пробудена во нив. Илјадници од нив започнаа со некоја форма на духовна пракса, и тоа ми причинува задоволство, бидејќи луѓето тргнале кон исполнување на основната цел на животот.


Клучни учења од горенаведениот дијалог со Неговата Светост Др. Атавле за вредноста на пишување книги само за Духовноста.

  • Од перспектива на остварување на основната цел на животот, духовните текстови се безвременски, додека другите теми поврзани со Маја (Големата Илузија) се корисни само за ограничен временски период.
  • Само духовните текстови им биваат од корист на читателите, бидејќи само тие им овозможуваат и помогаат во постигнување на основната цел на животот. Затоа лицето кое потполно го разбира ова, исклучиво пишува книги за Духовноста. Ве молиме осврнете се на написот кој опишува како на читателот се случува духовно исцелување, поради Божествената свесност (Чаитанија) која се емитува од Светите текстови.
  • Сите информации во една книга напишани од Светец или Гуру се од Универзалниот Ум и Интелект, па затоа не се потребни писмени препораки, за разлика од книгите поврзани со Маја (Големата илузија).
  • Духовните книги имаат максимум (Чаитанија), кога тие се напишани од Светец или Гуру. На ова ниво на духовен развој, благодарените на благословот од Нивниот Гуру, Тие можат да пристап до Универзалниот Ум и Интелект.