Расфрлање на пепелта од урната – духовна перспектива

Накратко

Начинот на кој што го расфрламе пепелот на нашите сакани после кремирањето, може да им помогне во животот после смртта, или да им го попречи нивното понатамошно патување. Спроведеното духовно истражување покажа дека, единствено расфрлањето на пепелот во вода може да им помогне на нашите предци. Овој напис ни дава информации за причините за духовно исправните методи кои што треба да ги усвоиме – од собирањето на пепелот па се до неговото крајно депонирање.

1. Вовед

Луѓето во последно време за погребен обред, повеќе ја избираат кремацијата отколку погребот. Погребниот обичај на кремирање се спроведува со спалување на телото на оган, или во крематориум. Телото целосно не се уништува. Остатоците се во пепел и се враќаат на семејството во урна. Целиот процес од примањето на урната до расфрлање на пепелот е значаен од духовен агол. Во зависност од тоа кој процес е избран, можеме да им помогнеме на нашите сакани што заминуваат, духовно да напредуваат во својот живот после смртта, или можеме да допринесеме за нивната врзаност за Земјата. Живите роднини, меѓутоа, обично не се запознаени со духовно исправниот начин на расфрлање на пепелот.

Во написот, ’Кремирање или погреб – духовна перспектива’ опишавме како духовите можат да го попречуваат трупот и како го спречуваат напредувањето на суптилното тело после смртта. Пепелот после кремацијата претставува последен остаток од лицето и поради тоа има исти фреквенции како и преминатиот предок.

Знаеме дека е можно медицински да се идентификува распаднато тело, кое што е можно да се препознае, со помош на ДНК тестови затоа што и мал остаток од забите, или косата совршено се совпаѓаат со ДНК  на лицето. Слично на тоа, на суптилно, недопирливо ниво, најмалите остатоци од трупот, дури и пепелот имаат исти фреквенции и вибрации како и кремираното лице.

Овие фреквенции генерално се негативни. Бидејќи 50% од популацијата е на духовно ниво под 30%, фреквенциите што ги емитува телото се суптилни основни раѓа-тама  фреквенции. Исто така, со оглед дека 100% од популацијата е под влијание на духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.), фреквенциите што ги емитува телото и пепелот се Тама вибрации. Затоа на суптилно ниво за нас се непријатни.

Ве молиме прочитајте го написот – Три суптилни основни компоненти Сатва (чистота и знаење), Раѓа (акција и страст) и Тама (инерција и незнаење) во однос на духовното ниво.

Помеѓу пепелот и преминатиот предок, постои и духовна врска поради нивните исти фреквенции. Духовите можат да ги искористат овие фреквенции и суптилната врска за да направат замки во патувањето на суптилното тело после смртта. Со правењето на замки во патувањето после смртта, негативните енергии го фаќаат и на крајот го контролираат суптилното тело. Тоа им овозможува да направат проблеми на суптилното тело, или да го присилат да прави многу непожелни работи според нивната желба, како што е правење проблеми на другите. Во речиси сите случаи кога предците се врзани за Земјата, тие во даден момент почнуваат да предизвикуваат проблеми на своите потомци.

Прочитајте го написот – Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?

Во овој напис ви го претставуваме духовното истражување спроведено со цел, да се идентификува духовно најдобриот начин, кој што треба да се примени од моментот на преземањето на пепелот после кремацијата, па се до неговото расфрлање. Примарната цел е да им помогнеме на преминатите предци да продолжат со своето патување после смртта со минимални негативни влијаниа врз живите роднини.

2. Каде треба да ја држиме урната додека пепелот не се расфрла?

Како што е објаснето претходно, пепелот од било кое лице кое што не е Светец, обично содржи многу раѓа-тама. Секој контакт со него ја зголемува раѓа-тама компонентата во нас и може да биде причина за непријатност. Затоа се препорачува пепелот да се расфрла веднаш откако се собере. Носењето на пепелот во домот исто така ја зголемува врзаноста на суптилното тело на преминатиот предок и го прави врзан за Земјата, наместо да му даде забрзување во животот после смртта.

Доколку од некоја причина пепелот не може ведаш да се расфрла, запечатената урна најдобро е да се држи некаде надвор, врзана за дрво и слично.

3. Колку долго треба да го чуваме пепелот?

Ако кремацијата е извршена со спалување на погребен оган, пепелот обично се собира после третиот ден. Причината за тоа е што обично се потребни толку дена огнот да изгасне и да се олади пепелот. Доколику кремацијата е извршена во крематориум, пепелот може да се добие веќе следниот ден. Која и да било метода на кремирање, што побрзо се расфрла пеплот, помало е влијанието од раѓа-тама фреквенциите.

Има случаи кога роднините кои што живеат далеку, не се во можност да пристигнат на погребот, а сакаат да бидат дел од обредот на расфрлање на пепелот. Во овој случај треба да пресметаат што е поважно, духовната придобивка за суптилното тело на преминатиот предок и превенција за сопствените непријатности, или задоволување на емотивните потреби на роднините, и да изберат дали пепелот да се расфрла веднаш или подоцна.

4. Кој е духовно најдобриот начин за расфрлање на пепелот од урната?

4.1 Расфрлање на пепелот во вода

После кремацијата, расфрлањето на пепелот во вода е духовно најдобар начин на депонирање на пепелот. Причините за тоа се следниве:

  1. За негативните енергии е полесно да остварат контрола над пепелот и суптилното тело и да го злоупотребат во случај да го најдат пепелот на едно место на Земјата. Со расфрлањето на пепелот во вода, тој се разредува и духовите не можат да го најдат соберен на едно место за полесно над него да воспостават контрола.
  2. Со оглед на тоа дека водата има способност да впива, таа ги впива непријатните вибрации кои што се останати од мртвото тело во пепелот и другите Апсолутни космички елементи кои што се однесуваат на суптилното тело, како што се Апсолутните Земја, Оган, Воздух, итн. Тоа помага да се раскине преостанатата врска на суптилното тело за неговото физичко тело на Земјата. Затоа веројатноста дека суптилното тело ќе остане близу до регионот на Земјата и да биде попречувано од духовите, прилично е намалена.
  3. Гревовите на лицето ги зголемуваат раѓа-тама фреквенциите на пепелот. Со расфрлање на пепелот во вода, гревовите те. раѓа-тама фреквенциите кои што се однесуваат на гревовите се прочистуваат во водата.
  4. Морската вода е најдобра за депонирање на пепелот, затоа што морската вода има максимална количина на впивање во споредба на другите видови на вода. Помеѓу другите видови на води, светите реки се најдобри. Свети реки се оние реки, чија што вода има многу висока содржина на основната суптилна сатва компонента. На пример, во реките како што е Ганг во Индија, основната суптилна сатва компонента е висока, иако водата физички е многу загадена. Генерално, течната вода е најдобра за расфрлање на пепелот, затоа што многу повеќе го разредува и обидите на духовите практично се невозможни да воспостават контрола над суптилното тело преку пепелот.

4.1.1 Што треба да направиме со урната после потопувањето на пепелот во морето?

Со оглед на тоа дека пепелот се собира во урна, таа ги впива вибрациите од пепелот. Чувањето на урната, или нејзиното подоцнежно користење, може да ги зголеми непријатностите поради вознемирувачките вибрации кои што се присутни во пепелот, како што е објаснето претходно. Затоа е најдобро ураната да се потопи во водата заедно со пепелот.

4.2 Закопување на пепелот

Некои култури практикуваат закопување на пепелот со се урната после кремацијата. Тие исто така тврдат дека телото е Божји храм и треба да се погреба, а не да се кремира.

Како што е објаснето погоре, закопување на пепелот со се урна, го прави лесна мета за негативните енергии, на кои што после им е полесно да воспостават контрола над суптилното тело на преминатиот предок. На духовно ниво, негативниот ефект од закопувањето на пепелот на суптилното тело е еднаков на закопувањето на телото, само што е со послаб интензитет. Погребувањето на мртвото тело, како и закопувањето на пепелот, духовно е многу погрешна пракса. Земајќи ги во предвид погребите до сега во текот на вековите, и оние кои што следуваат, евидентно е дека сите мора да се соочат со последиците од зголемувањето на основните суптилни раѓа-тама вибрации, кои што се создаваат со оваа погрешна пракса. Кога на Земјата ќе дојде до зголемување на раѓа-тама вибрациите, доаѓа до пораст на природните катастрофи, војните, тероризмот, социјалните немири, итн.

4.3 Чување на пепелот во накитот

Некои луѓе прават накит со ставање на прамен коса од преминатиот, исушен цвет од погребот, итн. во медалјон, приврзок, нараквица, итн. На тој начин се нанесува штета на суптилното тело на преминатиот предок така што:

  • Се зголемува неговата световна врзаност, се попречува неговото напредување на патот после смртта и се врзува за Земјата. Самиот чин на носење на пепелот, предизвикува зголемена врзаност на суптилното тело на преминатиот предок за потомците и неговиот претходен живот на Земјата.
  • Се изложува на ризик од влијанието на духовите.

Ваквиот накит е штетен и за потомците:

  • Директно се изложуваат на раѓа-тамата на подолг период.
  • Се изложуваат на ризикот од попречување на суптилното тело на предокот, како и духот кој што по пат на пепелот може да го контролира суптилното тело.

4.4 Расфрлање на пепелот од авион, или на омиленото место на преминатиот

Најдорбо е пепелот да се расее тивко и без многу врева, како знак на почитување кон преминатиот и како начин неговите световни врски да ги ограничиме на минимум.

Како што е опишано претходно, најдобро е пепелот да се расфрла во вода.

5. Како треба да се изврши обредот на расфрлање на пепелот?

Секој може да го расфрла пепелот; обично тоа е најблискиот роднина. Најдобро е тоа да го направи еден човек, за да контактот со пепелот биде минимален.

6. Од каков материјал треба да се направи урната?

Производителите на урни за кремација нудат широк спектар на производи за избор. Урните за кремација варираат во однос на материјалот од кој што се произведени, нивниот дизајн и форма.

mkd-Cremation-Urn

Од духовна перспектива, кај изборот за урна треба да се води сметка за следново:

  • Материјал: За собирање и чување на пепелот, најдобро е да се користи обична земјена урна. Урната не би требало да биде од материјали како што се керамика, стакло, порцелан, итн. После потопувањето во вода, земјената урна целосно се раствара и предизвикува минимално, или никакво загадување на околината. Таа исто така содржи голем процент од елементот на Апсолутната Земја. И пепелот е воглавном составен од елементот на Апсолутната Земја. Бидејќи и земјената урна и пепелот припаѓаат на истиот Апсолутен Космички елемент, нивните фреквенции не се судираат. Затоа е добро да се користи земјена урна.
  • Дизајн: Било кој вид на дизајн може да биде сатвик, раѓасик или тамасик. Само ако лицето има напредувано до ниво, на кое може да ја почувствува чистотата во уметноста или дизајнот, може да ги почувствува позитивните или негативните вибрации кои што зрачат од дизајнот на урната. Поради тоа се препорачува да на урната нема никаков дизајн. Доколку во дизајнот суптилно преовладува раѓа-тама компонентата, тој ќе ја зголеми веќе постоечката раѓа-тама на пепелот. Така дизајнот ќе предизвика дополнителни непријатности или пречки на суптилното тело на преминатиот предок на неговото понатамошно патување.
  • Форма: Урните се произведуваат во сите форми и големини. Тие обично се коцкасти, цилиндрични, во форма на пирамида, итн. Урните со остри агли како во претходно споменатите форми ги зголемуваат острите, спротивставувачки фреквенции во кои што доминира основната суптилна раѓа-тама компонента. Со ова се зголемуваат негативните фреквенции на пепелот. Тоа исто така значи зголемување на основната суптилна раѓа-тама компонента на суптилното тело. Духовното истражување покажа дека најдобро е да се избере обична кружна правилна форма, затоа што таа не ги зголемува раѓа-тама фреквенциите.

Некои производители на урни за кремација, рекламираат накит кој што овозможува на роднините, дел од пепелот да го задржат во некоја нараквица, или приврзок. Во овие приврзоци тие чуваат и прамен коса од преминатиот предок, исушен цвет од погребот, или малку земја од местото на погребот. Од духовна перспектива, ова е многу штетно за суптилното тело на преминатото лице, како и за лицето што го носи тоа. Ве молиме видете ја точката 4 за појасано објаснување, зошто не треба да го чуваме пепелот.

За да се запечати урната, од моментот на собирање на пепелот па се до расфрлањето, најдобро е да користиме бела памучна ткаенина.

7. Што да правам со пепелот на мојот домашен миленик?

Се препорачува и пепелот на домашниот миленик да се расфрла во вода, од истите причини како што се претходно наведените.

Некои луѓе изразиле желба, да го закопаат пепелот од кучето или мачката заедно со својот пепел. Духовното истражување покажа дека такво нешто е многу штетно. Тоа е затоа што на тој начин ја одржуваат врзаноста и со тоа ја зголемуваат можноста да останат врзани за Земјата. Покрај тоа, пепелот од домашните миленици е повеќе тама преовладувачки отколку човечкиот пепел.