Содржина
1. Вовед
2. Фактори кои доведуваат до зависност – физички и психолошки
Физичките и психолошките причини зошто децата, како и момчињата и девијчињата тинејџери стануваат зависници од пушењето цигари, можат да произлезат од многуте сложни фактори како што се притисок од врсниците, бунт, потрага по возбуда и злоупотреба на слободата. Она што е уште повеќе застрашувачки е тоа што, еднаш откако едно дете или момче или девојка тинејџер, ќе влезе во овој маѓепсан круг, обидите на родителите и здравстевните работиници да им помогнат да се ослободат од оваа навика, често остануваат неуспешни.
Секој од нас знае дека пушењето предизвикува фатални болести како рак, емфизем и проблеми со срцето. На психолошко ниво, тоа влијае на менталниот сет (начинот на размислување) на детето, како и на момчето или девојката тинејџер. Доведува до чести промени во расположението, гнев, анксиозност и во некои случаи може да доведе до изолација и депресија. Меѓутоа, она што е помалку познато се духовните факотри кои доведуваат до зависноста. Во фондацијата за истражување засновано на духовната наука, преку духовно истражување откривме дека физичките и психолошките се само врвот од ледениот брег, додека пак духовните фактори всушност придонесуваат со повеќе од 80%, и во повеќето случаи се главната, основна причина за зависноста. Ова исто така, ја објаснува причината зошто некои деца стануваат зависници, додека други не.
3. Духовни фактори
Духовните причини произлегуваат од вознемирувањата кои ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци (кои биле пушачи, за време на нивниот живот), и опседнатоста од негативни енергии. Духовното истражување покажа дека, негативни енергии и суптилни тела на преминати предци ги опседнуваат луѓето, првенствено за да ги задоволат своите неисполнети желби и да предизвикаат вознемирувања. Бидјеќи децата и момчињата и девојчињата тинејџери се повеќе ранливи, тие се повеќе подложни на напади од страна на негативни енергии, кои ги користат како медиуми да ги задоволат своите желби. Во овој процес, негативните енергии уфрлуваат црна енергија во нивните тела и создаваат центри преку кои доминираат и ја опседнуваат нивната свест за еден подолг временски период. Во продолжение е дадена фотогравија на трагач, кој благодарение на духовната пракса, престана да пуши.
Стимулите или мислите од овие центри на негативна енергија, го вовлекуваат лицето да активно конзумира цигари, или било какви други супстанции кои предизвикуваат зависност. Таквите мисли полни со негативна енергија се значително силни, и тие одбиваат било каков позитивен стимуланс, кој би водел кон ослободување од зависноста. Постепено, како се зголемува влијанието од негативниот ентитет, обвивка од црна енергија околу лицето се зголемува, така да рехабилитацијата станува уште потешка. Оваа опседнатост, може негативно да влијае на лицето не само во еден живот, туку низ повеќе животи.
Нас не погодува тежината на духовната димензија, или не ја забележуваме, бидејќи нашето внимание е насочено само кон насилни манифестации на опседнатост. Но во реалноста, негативните ентитети продолжуваат во позадина пасивно да делуваат на нас, без да манифестираат било какви насилни епизоди, освен ако не биде изложен на повискои нивоа на позитивност. Позитивната енергија делува на тој начин што ги присилува да го напуштат лицето. Негативните енергии влијаат на децата и тинјеџерите кои пушат, до степен од 30%.
4. Решенија
4.1 На индивидувално ниво
Позитивна енегија може да се добие само од мерки за духовно исцелување и континуирана духовна пракса, која треба да биде во согласност со шесте основни принципи. Покрај тоа, SSRF препорачува, пеење на пеаницата “Шри Гурудев Дата”. Оваа пеаница е многу моќна, која помага во отстранувањето на духовните проблеми, кои настануваат поради суптилните тела на преминатите предци. Во почетокот, кога лицето се обидува да врши духовна пракса, негативниот енетитет се обидува да се бори против тоа, што може да се манифестира во форма на некое необично однесување; на пример, како отпор кон пеењето на Божјото Име според религијата во која сме родени, или избегнување на мерките за духовно исцелување. Но, клучот е во истрајноста. Како што Сатва компонентата се (која означува духовна чистота) зголемува преку истрајна духовна пракса, се намалува влијанието од негативниот ентитет, и се отвара патот за постојано и трајно исцелување. Некои од основните мерки за духовно исцелување кои помагаат да закрепнеме се третманот со солена вода, палење SSRF миризливи стапчиња и третман со кутии. Ефективноста на мерките за духовно исцелување и духовна пракса, може да варира во зависност од разните фактори, како што се силата на опседнувачкиот ентитет, судбината, итн.
SSRF исто така, препорачува пуштање аудио снимка на пеаницата ” Шри Гурудев Дата” во домот. Ова исто така, помага и во прочистување на куќниот простор. Исто така, препорачуваме да едно лице својата духовна пракса и духовно исцелување ги надополни со медицински или било кој психолошки мерки кој некој можеби ги применува.
4.2 На ниво на општеството
- Пожелно би било да тутунската индустрија запре со производството на цигари и ги инвестира своите пари во други, поправедни активности.
- Слично на тоа, замјоделците може да престанат да садат тутун и почнат да садат некои други растенија кои на луѓето им се потреби за исхрана.
- Според едно истражување, чии автори се Мајкл Рабиноф – доктор на науки, Николас Каскеј – доктор на науки, Ентони Ризлинг – магистар, и Кендис Парк: “Тутунските компании направиле значителен број на истражувања за развивање на употребата и додавањето на адитиви во цигарите, и индустријата признала дека користи 599 различни адитиви за цигарите. Нашите наоди покажуваат дека повеќе од 100, од вкупните 599 документирани адитиви за цигарите имаат фармаколошки дејства кои го камуфлираат мирисот на чадот од тутунот, кои се емитува од цигарите, зголемуваат или одржуваат транспоротот на никотин, може да ја зголемат зависноста од цигари, и маскираат симптомите и болестите поврзани со пушењето”. – Извор: PMC, US National Library of Medicine, National Institutes of Health.
- Непотрбно е да се каже дека горенаведената студија покажува како алчноста и неправедното размислување и однесување од страна на тутунската индустрија додатно ја отежнале борбата против зависноста од цигарите.
5. Одговорноста на родителите/возрасните
Други потенцијални фактори кои придонесуваат и кои доведоа до оваа деградација е целиот овој бран на индивидуализам кој дозволува зголемување на слободата, проследен со никаква контрола. Ова се споредни (нус) производи на едно општество каде што т.н. “индивидуални права и слобода” водат кон уште поголемо назадување на индивидуалните навики и на општестовто во целина. Децата и тинејџерите треба да бидат насочувани, бидејќи нивните способности не се развиени во целост за да би биле во можност да расудуваат и да донесуваат соодветни одлуки. Контрола и ограничување се потребни за да се скроти нивната енергија и канализираат кон продуктивни и здрави практики. Меѓутоа, со оглед на начинот на размислување дека на децата и тинејџерите треба да им се даде неограничена слобода, тоа резултира да на нивниот пат се здобијат со овие пороци. Во воздржувањето и самоконтролата, е и силата. Тие нас не одржуваат во системот на вредности кои во основа нас не прави луѓе. Ова нас само по себе не разликува од животните. За разлика од животните кои немаат интелект, Бог на нас ни подарил интелект. Заради тоа треба да се воздржиме од несоодветни (неконтролирани, недисциплинирани) однесувања.
Како дел од духовната пракса, тоа е и доложност на родителите да всадуваат добродетели кај децата и тинејџерите. Децата ги имитираат родителите. Кога ќе видат дека еден од родителите пуши, тие ќе мислат дека пушењето е кул. Доколку родителите престанат да пушат, тоа ќе има многу подалекусежен ефект, од тоа да родителите ги убедуваат децата и тинејџерите да не пушат.
Меѓутоа, родителите се повеќе се бават со себе. Животните стилови драстично се променија, а децата и тинејџерите се препуштени сами на себе. Децата и тинејџерите учат преку имитирање на постарите. За жал, на самите родители им недостасува само контрола, така да нема простор за децата и тинејџерите да учат од нив. Родителите треба да бидат свесни и да внимаваат на своите деца и момчиња и девојчиња тинејџери, и самите да се менуваат така да им пружат на своите деца подобра домашна средина.
Водете сатвик или духовно чист начин на живот.
Оваа промена е можна, ако инкорпорираме сатвик или духовно почист начин на живот. Во SSRF имаме бројни студии на случаи за тоа како животите на луѓето чудесно се промениле со практикување редовна духовна пракса. Многу луѓе придобија од ова, и посведочија дека успеале да престанат да пушат со помош на мерките за духовно исцелување и духовна пракса.
6. Заклучок
Како заклучок, не постои простор за самозадоволство, туку треба да правиме постојани свесни напори да се грижиме за нашите деца и момчиња и девојчиња тинејџери, и да ги заштитиме од зависности, како што се пушењето цигари. Редовна духовна пракса, заедно со водење духовно чист начин на живот, е единствениот начин да се надмине ова.