Духовни ефекти од пцуењето и зошто треба да зборуваме тивко наместо гласно

Духовни ефекти од пцуењето и зошто треба да зборуваме тивко наместо гласно

За подобро разбирање на овој напис, предлагаме да ги прочитате следниве написи:

1. Вовед

Луѓето комуницираат со говорот, што е единствена карактеристика помеѓу сите други живи битиа. Повеќето од нас зборуваат редовно и во текот на целиот ден. Со време, човечкиот говор многу се изменил. Некои луѓе зборуваат агресивно и пренагласено. Денес повеќето луѓе зборуваат гласно, за да привлечат внимание или да го изнесат својот став. Пцуењето и користењето на грди зборови во општеството стана речиси вообичаена норма на однесување.

Нашето духовно истражување покажа дека начинот на кој што зборуваме, емитува одредени духовни вибрации, кои што влијаат врз нас и врз оние околу нас. Во овој напис го истражуваме духовниот ефект од тивкото зборување наспроти гласното зборување, како и ефектите од користењето на грдите зборови.

2. Духовно истражување за ефектите од пцуењето или користењето на грди зборови

Повеќето јазици имаат некои зборови кои се сметаат за грди и несоодветни. Овие зборови се нарекуваат пцовки или простотии, а луѓето често ги користат за да ги изразат чувствата како што се бесот, фрустрацијата, или да навредат, или да малтретираат некого или да се шегуваат на нечија сметка. Неодамнешните студии на снимените разговори откриваат дека од 80-90 зборови кои што се изговорат секој ден, од 0.5% до 0.7% се пцовки, со фреквенција на користење која варира од 0% до 3.4%. (Извор: Ѓеј Т. (2009): Користење и застапеност на табу зборови).

Од духовна перспектива, вообичаените намери зад пцуењето, како што се привлекување на внимание или изразување на негативни чувства, не оддалечуваат од Бога и не влечат кон Големата Илузија (Маја, материјалниот свет). Покрај тоа, нашето духовно истражување покажа дека грдите зборови привлекуваат негативна енергија Исто како што Божјото Име привлекува Божествени (позитивни) фреквенции, грдите зборови привлекуваат духовно негативни фреквенции. Тоа значи дека и самото изговарање на овие зборови без никакви придружни намери има духовно негативен ефект.

Го презентираме цртежот заснован на духовното знаење, кој што го нацрта Г-ѓа Јоја Вале, која има способност за перцепција со шестото сетило, за суптилните (духовните) ефекти од пцуењето. Неговата Светост Др. Атавле ги проверува сите слики засновани на духовното знаење кои што ги црта Јоја, пред да бидат објавени.

Точноста на цртежот што го нацрта Г-ѓа Јоја Вале, кој што ги покажува духовните ефекти од пцуењето, е 80%, што е многу повеќе од вообичаените способности на уметниците кои што го цртаат духовниот свет.

2-MKD-floul-languauge-subtle-pic
Следи објаснување на цртежот заедно со описот за она што Јоја доживеала.

  • Кога пцуеме се активира егото.
  • Вибрациите од пцовката и енергијата на привлекување (Акаршан шакти) ја привлекуваат негативната енергија од околината.
  • Во потсвесниот ум (чита) се активира прстен од негативна енергија.
  • Негативна енергија поради лошите мисли тече кон чакрата која што е сместена во областа на срцето, Анахата чакра, поради егото и недостатоците на карактерот на ниво на умот и кон Ајна чакра, чакрата помеѓу веѓите.
  • Негативната енергија тече од лицето кон околината и духовно ја загадува.

Негативното влијание на духовно ниво може да делува врз нас на психолошко и физичко ниво. На пример, можеме да добиеме негативни мисли или главоболки.

Другата забелешка што Јоја ја согледала е дека, кога пцуеме нема поврзаност со Бога, поради недостатоците на карактерот како што се себичноста, осудувањето на другите, недостаток на почитување, правењето важен пред другите итн. Лицето кое што пцуе стекнува гревови, а неговото его се зголемува.

Поради тоа не треба да пцуеме во никој случај.

3. Вести за забрана за непристојно зборување во медиумите и уметноста

Во Русија на петти мај 2014. година донесен предлог закон со кој ќе се забрани пцуењето во филмовите, музиката и јавните настапи. Книгите и ЦД-ата со експлицитни содржини ќе мора да се продаваат во затворени пакувања со јасно предупредување дека содржат непристоен говор. – Известува CNN

Законот ќе наметне казни од 1400 долари за правните лица и 70 долари за физичките лица. Повеќекратните престапници ќе се соочат со строги казни, како и мерка тромесечна забрана за работа.

Тим од експерти ќе ги дефинира точките на законот, и ќе одреди кои се зборовите што му стојат на патот на Кремаљ, за да ја заштити и развие јазичната култура. – Известуваат Time.com I CNN

4. Духовно истражување во врска со гласното зборување

Гласно зборуваме затоа што сакаме да привлечеме внимание или да се расправаме. Барањето внимание од другите е знак за его, а расправањето поттикнува негативни реакции во умот. И егото и негативните реакции не оддалечуваат од Бога кон Големата илузија (материјалниот свет). Тие создаваат и духовно негативни вибрации.

Благодарејќи на тоа, на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) им е полесно да влијаат врз нас кога зборуваме гласно. Некој кој вообичаено зборува гласно, почесто ќе биде попречуван од страна на негативните енергии.

Следува презентација на знаењето засновано на духовната наука, што го доби Г-ѓа Јоја за духовните ефекти од гласното зборување.

  • Во Анахата, чакра се создава прстен од чувства. Околу лицето се формира обвивка од црна енергија затоа што гласното зборување е знак за его.
  • Околу устата на лицето се создава прстен од црна енергија и таа тече од Анахата чакра до устата.
  • Честички од црна енергија и активна енергија се емитуваат од устата на лицето во околината. Од лицето се емитуваат и бранови од его поради зголемените очекувања од другите.

Како заклучок, гласното зборување има духовно штетен ефект. Затоа се препорачува да не зборуваме гласно. Луѓето кои што имаат оштетен слух, природно зборуваат погласно. Оние што зборуваат со нив исто така можат да зборуваат погласно за да лицето со оштетен слух подобро ги чуе. Во тие случаи нема духовно штетен ефект.

5. Духовно истражување за ефектите од тивкото зборување

Твкиот говор, од друга страна, помага да се развие духовно посакуваните квалитети како што се ставот за слушање, понизноста и интровертноста. Под поимот ’интровертност’ се подразбира квалитет на гледање кон внатре, обидувајќи се да бидеме во единство со Бога и вршење на сите наши активности со оваа цел на умот. Овие квалитети не доближуваат до Бога и помагаат во духовната пракса. Затоа создаваат позитивни духовни вибрации.

Навиката да зборуваме тивко, нам ни помага во духовната пракса и не заштитува од влијанието на негативните енергии. Таквиот говор е пријатен и за оние кои што го слушаат.

презентираме цртежот заснован на духовното знаење кој што го нацрта Г-ѓа Јоја Вале за духовните ефекти од тивкиот говор. Точноста на овој суптилен цртеж е 80%.

3-MKD-speaking-softly-subtle-pic

Следува објаснување за цртежот заедно со искуствата на Јоја.

  • Егото е пониско кога зборуваме тивко, затоа што мислиме на другите и ги почитуваме.
  • Во Ајна чакра се создаваат мали количини на чувствителни вибрации и од лицето се емитуваат помалку бранови и честички од енергија.
  • Преовладувачка енергија е Божествената свесност (Чаитанија). Од устата во околината се емитуваат бранови од Божествена свесност.
  • Околу лицето се создава заштитна обвивка од Божествена свесност. Божествената свесност се создава и активира и во Ајна чакра.

Затоа се препорачува да се зборува тивко, на тој начин имаме и духовни придобивки од зборувањето.

6. Зошто да зборуваме тивко – суптилен експеримент

Ако сакате можете да направите суптилен експеримент, со помош на кој директно ќе доживеете и имате духовни придобивки од тивкиот говор. Ве молиме да го пеете (повторувате) Божјото Име неколку минути, и потоа тивко зборувајте некое време. Забележете како се чувствувате и потоа продолжете да пеете уште 1-2 минути. Потоа зборувајте гласно некое време, и запишете како се чувствувате. Со изведувањето на овој експеримент, можеме да почувствуваме што се случува во духовната димензија кога зборуваме тивко наместо гласно.

7. Споредба – Какви се духовните ефекти од пцуењето, гласното и тивкото зборување

Во следната табела се прикажани ефектите од пцуењето, гласното и тивкото зборување и нивното споредување:

Пцуење или користење на грди зборови Гласно зборување Тивко зборување
1. Позитивна енергија 1A. Божествена свесност (Чаитанија) 2.3
1Б. Енергија (Шакти) 3 2
2. Негативна енергија 2A. Его 3 3 2
2Б. Емоции 2.5 1.2
2Ц. Енергија на привлекување 2 1
2Д. Вознемиреност 4 2.8
3. Природа (Врути) Екстровертна Екстровертна Интровертна
4. Ефект 4А. На самиот себе Зголемување на емотивноста и егото Привлекување внимание и зголемување на очекувањата Чувство на физичка и психолошка стабилност (Забелешка 1)
4Б. На другите Со оглед дека умот е повреден, тој е нестабилен Зголемување на вознемиреноста и нестабилноста на умот Нема негативни ефекти
4Ц. На околината Зголемување на раѓа-тама и негативноста
5. Дали се создава
грев?
Да Да Не

Забелешка 1 – Благодарејќи на смиреното зборување, секоја телесна активност, на пример, физичкото движење, како и изразот на лицето се стабилни.

8. Заклучок

Ако зборуваме тивко и избегнуваме грди зборови, си помагаме себеси и на оние околу себе да имаме повеќе Сатва компонента во нас.

Редовната духовна пракса, како што е пеење на Божјото име, околу нас создава заштитна духовна обвивка, која што не заштитува од елементите од духовната димензија, кои се создаваат кога некој зборува гласно или користи грди зборови.

Со вршењето на редовна духовна пракса се развива нашето шесто сетило и така стекнуваме внатрешно разбирање за тоа што е Сатвик, а што е Тамасик. Тогаш нам ни е полесно да правиме Сатвик избори, како што е изборот да зборуваме тивко, затоа што од внатре го сфаќаме неговото значење.