Проблеми предизвикани од предците поради непочитување на семејните традиции
Истражување на случајот
Махеш, трагач по Вистината од Индија, до 28. Февруари 2003. година, поминуваше низ многу животни проблеми, како што се пречки во учењето, постојани расправии со родителите, итн. На почетокот на својата духовна пракса, овој трагач престојуваше во Тане центарот на SSRF, град блиску до Мумбаи во Индија. За време на неговата духовна пракса, беше забележано дека неговото расположение многу брзо се менува – од нормална состојба тој ќе станеше неконтролирано бучен и гласен, како да повеќе не е тој и како да е опседнат и контролиран од некој друг ентитет. Трагачот беше испратен во ашрамот на SSRF во Панвел, град во Индија, на духовно исцелување за да трагачите коишто имаат способност за духовно восприемање му помогнат да ја пронајде вистинската причина на својот проблем. Веднаш беше откриено дека причината беше дух на негов предок.
Следува препис на разговорот помеѓу духот којшто се манифестираше во Махеш и трагачот којшто има способност да го види и да разговара со него.
Суптилното тело на преминатиот предок: Јас сум роднина на неговиот татко. Оставете ме во Карешвар (храм во Индија).
Трагачите: Зошто во Карешвар?
Суптилното тело на преминатиот предок: Го опседнав во храмот Карешвар, така да единствено можам таму да го напуштам. Неговата Светост Др. Атавле ми рече да го напуштам. Чувствувам дека треба да Го послушам.
Трагачите: Зошто го мачиш?
Суптилното тело на преминатиот предок: Затоа што никој во семејството не ја почитува семејната традиција ’обожавање на Богот Шива’ (Божјиот принцип на уништување) во Карешвар, и така не можам да бидам ослободен од оваа состојба на духот. Со оглед дека тие не ја продолжуваат традицијата, зошто да ги пуштам да живеат? Сакам да го уништам нивното семејство.
Трагачите: Зошто правиш толку врева и предизвикуваш многу проблеми?
Суптилното тело на преминатиот предок: Затоа што не можам да останам во ашрамот. Оставете ме во Карешвар. Немам доволно енергија да го напуштам во ашрамот.
Трагачите: Кога го опседна?
Суптилното тело на преминатиот предок: Го опседнав во храмот Карешвар кога имаше 4 години.
Трагачите: Какви проблеми му правеше?
Суптилното тело на преминатиот предок: Го расипав неговиот ракопис (трагачот имаше лош ракопис), му правев пречки во неговото образование. (Кога трагачот студираше да биде инженер, изгуби една година на факултетот. Подоцна многу учеше, но и покрај тоа, пак падна на испитот. Мислеше да го напушти студирањето, но другите трагачи го убедија да продолжи). Правев проблеми и на неговата мајка и се обидував да создадам сомнежи во врска со него во умовите на другите трагачи.
(Пред духот да зборува со трагачите, опседнатиот трагач зборуваше, ’Сакам да одам во Тане.’)
Трагачите: Што има во Тане?
Суптилното тело на преминатиот предок: Во Тане центарот можам да му создавам повеќе проблеми, но не и овде во Панвел ашрамот, затоа што овде има многу Света енергија (сатва компонента).
Трагачите: Ако го одведеме во Карешвар, дали конечно ќе го напуштиш?
Суптилното тело на преминатиот предок: Да, конечно ќе го напуштам. Се колнам на Карешвар! (духот ова го повтори трипати).
Трагачите: Додека одиме во Карешвар, ако и понатаму му правиш проблеми, нема да можеме да го одведеме.
Суптилното тело на преминатиот предок: Не, нема да правам проблеми по пат. Само ќе му правам проблеми кога ќе влезе во храмот и кога ќе се поклони пред симболот на Божеството Шива (Приди). (Духот трипати го повтори ова: ‘Нема да му правам проблеми додека одиме во храмот и нема повеќе да му правам проблеми’).
Кога опседнатиот трагач на 2-ри март 2003. година беше одведен во храмот Карешвар, додека се поклонуваше на симболот на Божеството Шива, духот повторно се манифестираше и рече:
Суптилното тело на преминатиот предок: Секоја година го доведувајте да го посети овој храм и замолете го наскоро да го посети светото место Каши (место за аџилак во Индија). Ова е моја желба. Му зададов многу проблеми и сега сум тажен. Пренесете го моето почитување на Неговата Светост Др. Атавле. Се чувствувам тажно додека заминувам.
Трагачот ја почувствува светлината, како да симна голем товар од себе, и после тоа немаше никакви проблеми.
Исто така потребно е да се напомене дека, надминувањето на проблемите со негативните енергии не изискува посетување на духовни исцелители, туку лицето може да се избори со духот со помош на пеење на Бојото Име и соодветната духовна пракса, како што овој трагач направи.