Причини и терапија за екцемот

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и на свое убедување.

Резиме

  • Екцемот (кожно заболување) го погодува секој петти човек во некој момент од животот. Медицинската наука се уште нема лек за екцемот.
  • Духовното истражување покажува дека проблемите како што е екцемот, ја имаат својата суштинска причина во духовната димензија и таквите случаи можат во целост да бидат излечени само со помош на духовни мерки.
  • Истражувањето покажа дека една од духовните причини за екцемот се духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн).
  • За да се пронајде лек за симптомите, се разгледувани разни духовни мерки.

Забелешка за читателите: Овој напис содржи фотографии на екцеми и отоци кои што можат да делуваат вознемирувачки за некои читатели.

1. Преглед на кожното заболување на екцемот

1.1 Што е екцем?

Екцемот во медицинската терминилогија е познат како Дерматитис, односно воспаление на кожата. Генерално, кај екцемот кожата е отечена, црвена и чеша. Екцемот, иако е често заболување, не е опасен по живот или заразен. Меѓутоа, поради него човек може да се чувствува непријатно и постојано да биде насочен на себе.

1.2 Разни аспекти и особини на екцемот

• Распространетост: Екцемот го погодува секој петти човек во некој момент од животот. Екцематозните болести прилично се чести со проценета распространетост повеќе од 10% во општата популација. Според статистичките податоци, 15-25% од сите лица кои што имаат кожно заболување страдаат од екцем. Истражувањата покажуваат дека распространетоста на екцемот се зголемува. (Извор: Dermis.net, mart 2006)

• Разни видови: Има разни видови на екцеми, пореметувањето настанува поради разни причини и различни манифестации.

• Знаци и симптоми:Вообичаените знаци и симптоми вклучуваат црвенило, оток, чешање и лезии по кожата.

• Тежина на болеста:Тежината на болеста може да варира. Кај благите форми кожата е сува, топла и чеша, додека кај тешките случаи кожата може да биде испукана, ранлива и може да крвари.

• Причини: Разни здраствени состојби, алергии, генетски фактори, физички и ментални стресови, и дразнење со средства, можат да предизвикаат екцем. Причините за некои видови екцеми се уште се непознати, иако се истражени нивните врски со факторите на опкружувањето и стресот. Психолошкиот стрес може да го испровоцира или влоши екцемот, веројатно така што ги попречува нормалните механизми на имунитетот.

• Компликации: Понекогаш отворените рани и пукнатини кои што можат да настанат кај екцемот (дерматитисот) можат да се инфицираат. Создавање на лузни е втората потенцијална компликација кај дерматитисот.

2. Терапија и лекување на екцемот

2.1 Истражување за стапките на излеченост на екцемот

Сегашните достапни истражувања за стапката на излеченост од екцемот ги даваат следниве наоди:

Заклучокот од споменатите студии е дека, медицинската наука не овозможува лек за екцемот.

2.2 Комплетно лекување на екцемот: Разбирање на суштинската причина и делување на него

Причина за непостоење на лек за екцемот, е во тоа што медицинската наука сеуште не е севесна за основната, те. суштинската причина за оваа заболување. Без разбирање на суштинската причина, не може да се примени соодветен третман, поради што ниту еден лек не може да делува на екцемот.

Според духовната наука, духовните причини влијаат на речиси 80% од проблемите во животот. Тоа значи дека повеќе од две третини од проблемите во нашите животи имаат духовни причини. Само ако научиме да ги идентификуваме и третираме духовните причини, ќе бидеме целосно успешни во надминувањето на проблемите во нашите животи. Проблемите можат да бидат различни, како што се финансиски проблеми, брачни недоразбирања, ментални стресови или физички болести како што е екцемот.

3. Зголемување на стапката на излеченост кога во режимот на третманот се вклучи и духовната димензија

Го претставуваме случајот на Мадав Гадгил од Индија, кој што страдаше од екцем два пати и двата пати беше во целост излечен без никакви медицински лекови.

Мадав Гадгил е инжењер по машинство и електро инжењер. Работеше 34 години за Централната железница во Индија. Тој практикува духовна пракса според советите на Фондацијата за истражување на духовната наука (SSRF). Мадав Гадгил го раскажа своето искуство.

3.1 Прв случај на екцем

Причини и терапија за екцемот

Живеам во Панвел, град во предградието на Мумбај, во Индија. Мојата сопруга и јас на 6-ти август 2003. година го посетивме центарот на SSRF во Мираѓ, кој што е оддалечен од Панвел една ноќ патување со воз. Следниот ден, моето внимание насочено кон учењето од трагачите во овој центар и служењето на Апсолутната Вистина (сатсева), често го одвлекуваше чудна сензација на чешање, кое што одеднаш се појави на мојот врат. Како што поминуваше денот, чешањето се зголеми така да и попречувњето се зголеми, затоа што постојаното триење со јаката на мојата кошула се влоши. Тогаш веќе станав вознемирен. Цел живот, се до овој момент, немав ниту една кожна болест. Тоа за мене беше сосема ново искуство.

Најлошто допрва доаѓаше, затоа што следниот ден целиот мој врат поцрвене и се разви црн печат од екцем. Ве молиме видете ја следнава слика.

 

eczema-without-cause

Чешањето од вратот се прошири по целиот грб. Побарав совет од Др. Камат, еден од трагачите во центарот на SSRF. Тој ми препорача на воспалените места да намачкам крема за кожа, но и покрај многуте обиди некако, поради разни причини, не можев да набавам таква крема.

После третиот ден повеќе не можев да го поднесувам чешањето и чувството на горење на мојот врат.

Бидејќи повеќе не можев да издржам, разговарав со друг лекар, Г-ѓа Маја Патил. Покрај тоа што беше квалификуван лекар, таа имаше и високо развиено шесто сетило (способност за суптилно набљудување) и затоа го водеше одделението на SSRF за знаењето на суптилната димензија. Таа утврди дека суштинската причина на мојот проблем е од духовна природа и поради тежината на проблемот веднаш ме упати кај Неговата Светост Др. Атавле.

Кога Неговата Светост Др. Атавле го виде зафатеното подрачје, рече дека ова попречување е настанато поради влијанието на дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн). Ми советуваше наизменично да ги пеам Имињата на Богот Ганеш и Богот Кришна. Веднаш го применив овој совет затоа што имав целосна вера во Неговата Светост Др. Атавле. Веќе следниот ден дојде до значително намалување на чешањето. После тоа, не можеа да се видат ниту траги од печатот на вратот! Бев целосно излечен од екцемот без никакви лекови. Мојот екцем беше излечен со помош на духовна пракса со пеење кое што го препорача Неговата Светост Др. Атавле. Верувам дека покрај третирањето на духовните причини со исправна духовна мерка , одлуката на Неговата Светост Др. Атавле овозможи така брзо и и ефикасно да бидам излечен. Неизмерно сум му благодарен на Неговата Светост Др. Атавле.

– Г-дин Мадав Гадгил, ашрам на SSRF, Панвел, Индија

3.2 Специфична духовна мерка која што ја применил Мадав Гадгил и начинот на нејзиното делување

Специфичната духовна мерка која што Мадав Гадгил ја применил имала два аспкти:

Аспект 1: Пеење на специфично Божјо Име

На Мадав Гадгил му е советувано да го пее Името на Богот Ганеш и Богот Кришна те. пеаницата „Ом Ган Ганапатаје Намаха, Ом Намо Багавате Васудеваја“. Кликнете овде да ја слушнете пеаницата.

Кога го пееме Името на Божеството, нашето тело го впива специфичниот Божествен принцип кој што извршува спечифична функција. Кога Имињата на две Божества се пеат едно по друго те. наизменично, се создава специфичен Божествен принцип кој што се разликува од двата принципи на секое Име поединечно.

Со повторувањето на овие Божества се концентрира специфична Божествена енергија. Таа потоа се бори со духот кој ги предизвикува попречувањата и го присилува да престане со нападот. Пеењето (повторувањето) на Божјото Име исто така создава суптилна заштитна обвивка од Божествена енергија околу лицето и така, како со штит го чува од идните влијанија на духовите.

Кликнете овде да прочитате за деталниот механизам на пеењето.

Аспект 2: Одлука на Неговата Сетост Др. Атавле

Духовно возвишените луѓе имаат способност да управуваат со настаните, така што треба само да посакаат нешто да се случи. Таа желба секогаш е во согласност со Божјата желба.

3.3 Втор случај на екцем

Околу месец и половина земав лекови против болки, за да ги ублажам болките во левата рака. Тогаш на 14-ти септември 2005. година на левата рака, од лактот до зглобот на дланката се појави кожен осип. Помислив дека тоа можеби е несакан ефект од лековите против болките. Поради тоа престанав да ги земам овие лекови, но немаше промени во симптомите. Подоцна осипот се прошири и од него почна да тече воденкаст секрет со крв.

Причини и терапија за екцемот


Причини и терапија за екцемот

Нејзината Светост г-ѓа Анѓели Гадгил доби знаење за суптилната димензија од октомври 2003. година.

Конечно на 18-ти септември 2005. година за својата состојба ја известив мојата снаа Анѓели Гадгил. Таа беше едена од трагачите во одделението на SSRF за знаење на суптилната димензија, и можеше да ми одреди духовна дијагноза на моето заболување.

3.4 Духовна дијагноза и третман

Таа дијагностицираше дека ме попречува дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) од повисоко ниво, кој што ме мачеше користејќи ги суптилните тела на преминатите предци. Духовните мерки што ми ги советуваше беа:

• Пеење: Требаше да ги пеам Имињата на Божеството Дата и Божицата Дургадеваја (Шри Гурудев Дата и Дургадеваја Намаха наизменично, три часа секојдневно, во текот на една недела. Пеењето на Името на Божеството Дата е советувано за да се бори против попречувањата од суптилните тела на преминатите предци. Пеењето на Името на Божицата Дурга беше насочено на борбата против духовите од повисоките нивоа или моќните негативни енергии (Мантриците).

• Свет пепел (Вибути) и Света вода (Тирта): За време на пеењето, требаше да ги ставам сите пет прсти од болната те. левата рака во вода измешана со Свет пепел. Исто така ми беше советувано да ја ставам болната рака во Света вода, за да црната енергија од духот биде вовлечена во Светата вода. После по завршувањето на пеењето требаше да ја фрлам оваа вода наполнета со негативна енергија од мојата рака.

3.5 Ефект од духовните мерки во вториот случај на екцем

Кога почнав да пеам држејќи ја левата рака во мала чаша со Света вода сместена во моето крило, јасно почувствував како топлина ме облеа во препоните. После два дена престана да тече воденкастата секреција од раните и тие се осушија. Тогаш прекинав со пеењето. Меѓутоа, на 23-септември 2005. година повторно се појавиа раните, затоа што не ги направив пропишаните три часа пеење. Кога ја сватив својата грешка, се заколнав дека нема да пропуштам ниту еден ден и навистина после тоа секој ден пеев по три часа. Тогаш забележав дека сите рани зараснаа и дека сум во целост излечен.

Многу сум му благодарен на Неговата Светост Др. Атавле, за тоа што ги води напредните трагачи како што е Анѓели Гадгил, кои за возврат, со Неговата милост, водат други трагачи и помагаат на многумина од нас да се ослободат од тешките попречувања.

– Г-дин Мадав Гадгил, Ашрам на SSRF, Панвел, Индија

4. Духовна перспектива за екцемот

Во случајот на Мадав Гадгил суштинската причина за чешањето беше попречување од дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.).

4.1 Како духот го предизвикува чешањето и кожните заболувања како што е екцемот?

  • Силното чешање на кожата е предизвикано со отровен гас кој што е поврзан со принципот на Апсолутниот Оган (Теѓ-татва). Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) ослободуваат големи количини од овој гас. Духот кој што е во прашање е од највисоко ниво те. вид на моќна негативна енергија. Видете го и написот – Видови на духови. Овие моќни негативни енергии создаваат отровен гас обавувајќи суптилни жртвени огнови (агори јаднии). Поради пренесувањето на тој суптилен отровен гас, погоденото лице прво се чувствува вознемирено, а подоцна почувствува слабост поради недостаток на здив.
  • Потоа фреквенцииете од црна енергија на духот, поврзани со принципот на Апсолутниот Оган, се пренесуваат во телото на погоденото лице. Духот тогаш ја презема контролата над петте витални енергии во регионот на папокот на погоденото лице. Поради големата брзина на преносот на виталните енергии, сега веќе импрегрирани со овие црни фреквенции, во телото се создава многу топлина, затоа што овие фреквенции се поврзани со принципот на Апсолутниот Оган. Како последица во телото се развива чувство на горење. Поради овој ефект на горење, почнува дезинтеграција и експанзија на клетките на кожата.
  • Ослабената кожа понатаму потпомага лесен пренос на суптилниот отровен гас, кој што го пренесува моќниот дух. Последично се појавуваат ерупции на кожата. Духот постојано повторно ја пренесува својата црна енергија и суптилниот отровен гас, кој што преидизвикува чешање преку овие ерупции на кожата. Ова предизвикува уште посилно чешање. Така вниманието на погоденото лице е свртено од секојдневните активности и било која духовна пракса што можеби ја обавува, како на пример пеење или служење на Апсолутната Вистина.
  • Значи, чешањето е симптом на кожното заболување, кое што го предизвикува цниот гас поврзан со принципот на Апсолутниот Оган. Поради постојаното чешање, кожата станува груба и дебела. Преку суптините рани предизвикани од зачестеното чешање, постојано се пренесува отровниот гас. Тоа доведува до физички манифестации на кожните заболувања како што се осипите. Со време моќниот дух создава отоци на или под кожата и прави центри од својата црна енергија во нив.

Духот прво прави свој центар во физичкото или материјалното тело (штула-деха), затоа што на него најлесно се влијае. Било кој дел од телото кој што веќе е зафатен од некоја болест, да речеме воспален зглоб, астматични бели дробови итн. каде што е зголемена Раѓа-Тама компонентата, станува погодно место за сместување на “центарот“ на духот. Кога ќе го направи центар или повеќе такви центри во физичкото тело, духот прогресивно ги попречува суптилните тела како што се менталното тело (мано-деха), интелектот или каузалното тело (каран-деха) итн.

4.2 Стадиуми и развој на екцемот и другите заболувања на кожата настанати поради попречувањата од духовите

  • Во првиот стадиум од влијанието на духот, содржината на водата во нападнатите клетки на кожата се намалува и кожата станува сува.
  • Потоа кожата почнува да изгледа како да е покриена со лушпи. Ваквата кожа го олеснува преносењето на црната енергија на духот.
  • После тоа, духот ја пренесува црната енергија поврзана со принципот на Апсолутниот Оган, преку медиумот на суптилни мали „дијаграми“ (јантри), поставени во околната атмосфера и доведува до дезинтеграција на клетките во тоа подрачје.
  • Во следниот стадиум на попречувањата, духот прави пукнатини на кожата поради дезинтеграција на клетките. Моќниот дух потоа, користејќи ги овие пукнатини внесува црна енергија и така всушност создава центар на црна енергија во телото на лицето.

5. Духовни мерки за разДуховна техника нијасните заболувања на кожата

5.1 Основни концети кои што треба да ги разбереме

За подобро разбирање на оваа област, корисно е да се запознаеме со темите кои што се детално обработени во текстовите до кои водат следниве линкови:

5.2 Мерки за исцелување во однос на симптомите на кожното заболување

Видови на кожни заболувања

  1. Сува кожа
  2. Чешање
  3. Осип
  4. Уртикарија (минлив осип на кожата предизвикан со алергиска реакција)

Доколку треба да се пее повеќе од едно Име на Божества, редоследот е следен:

1.1 – Пример, Ом Намах Шиваја; Ом Хам Нанумате Намаха (пејте наизменично)

1.2 – Пример. Ом Намах Шиваја; Ом Хам Ханумате Намаха; Ом Хам Ханумате Намаха (значи една пеаница на Името на првото Божество и потоа две пеаници на Името на второто Божество.)

1.1.1 – Пример, Ом Шри Дургадеваја Намаха; Ом Намах Шиваја; Ом Намо Багавате Васудеваја (по една пеаница од секое Бежество, една по-друга.)

Се трудиме да пееме во текот на целиот ден, колку е тоа можно. Можеме да пееме за време на секоја активност како што е капењето, шетањето, возењето итн. Нема ограничување во тоа каде треба да пееме.

6. Заклучок

Од двата претходно опишани случаи на заболување од екцем можеме да го видиме следното:

  1. Суштинската причина за наизглед физичката болест, може да биде духовна, што е потврдено со ефектот на брзиот и одговорен третман.

  2. Суштинската духовна причина на истата манифестација – во овој случај екцемот – може да биде различна. Во првиот случај тоа беше поради дух (негативна енерегија), а во вториот случај се работи за попречување предизвикано од суптилно тело на преминатите предци.

  3. Само лице со развиено шесто сетило или суптилна перцепција, можат да ја дијагностицираат суштинската духовна причина за нашите проблеми.

  4. Само со примена на специфични духовни мерки, можеме да ги надминеме проблемите кои што ја имаат специфичната суштинска духовна причина и постигнување на на брзи и целосни резултати.

Дури и ако не ја знаеме специфичната суштинска причина за проблемот, со сигурност можеме да заклучиме дека одреден суштински проблем има суштинска духовна причина доколку:

  1. Проблемот има неочекувано голем интензитет и тежина.
  2. Проблемот не реагира на соодветните третмани.
  3. Проблемот се решава со примена на духовни мерки.