Колку генерации од нашите предци најверојатно влијаат врз нас?
Ефект од влијанието по генерации на предците?
- Влијанието или делувањето на суптилните тела на преминатите предци од претходните три генерации, односно до генерациите на нашите прадедовци, е максимално.
- Суптилните тела на преминатите предци од последните седум генерации имаат значително влијание.
- Суптилните тела на преминатите предци после седмата генерација не влијаат многу врз нас. Тоа е поради тоа што со новото раѓање сметката на земање и давање во однос со предците е потполно завршена, или е завршена во голема мерка. Значи, во следното раѓање сметката на земање и давање во однос со предците во оваа сегашно раѓање, ако ја има, ќе биде занемарлива. Ако постои уште значителна сметка на земање и давање, повторно ќе се родиме во истото семејство.
- Предходно наведеното се однесува на тоа колку далеку достигнува влијанието по нашата лоза (односно по вертикалното семејно стебло). Ако погледнеме хоризонтално (или странично), врз нас влијаат суптилните тела на преминатите предци до второто колено на нашите роднини.
Ве молиме да обрнете внимание: Блиските пријатели не можат да влијаат врз нас, или не можат да не попречуваат како суптилните тела на преминатите предци. Тие можат да се обидат да ни помогнат ако се на повисоко духовно ниво, но ние тоа не треба да го прифатиме. Причината е, што тоа ќе ја зголеми врзаноста на тие суптилни тела за световните работи и ќе ги направи приковани за Земјата. Резултатот може да биде создавање пречки на нивното понатамошно патување после смртта. Наместо тоа, треба да се молиме да се насочат на својот духовен напредок.