Повторување на соновите за преминатите членови на семејството и предците

Повторување на соновите за преминатите членови на семејството и предците

1. Вовед

Нашите читатели многу често прашуваат за значењето на зачестените сонувања на преминатите роднини. Некои на тоа се восхитуваат, а некои се преплашени. Се поставуваат прашањата: ’Дали мојот татко продолжил да живее после смртта?’, ’Дали заминал во Рајот?’, ’Што сака да ми каже?’, итн. Во овој напис, преку истражувањето засновано на духовната наука, ќе ја разјасниме оваа тематика од психолошко и духовно гледиште.

Ве молиме да го прочитате написот: ’Што е истражување засновано на духовната наука?

2. Зошто ги сонуваме преминатите членови на семејството?

Истражувањето засновано на духовната наука покажа дека постојат психолошки и духовни причини за сонување на преминатите членови на семејството. Во 30% од случаите причините се психолошки, а во 70% се од духовна природа.

Психолошките причини можат да ги вклучат чувството на вина, или жалење, поради недоволно поминатото време со саканото лице пред неговата смрт, или немир поради преминатиот член на семејството. Сликите што се јавуваат во сонот доаѓаат од потсвесниот ум.

Духовните причини се воглавно од две причини. Првата е дека суптилното тело на преминатиот член на семејството бара помош во животот после смртта и се обидува да контактира со потомокот на физичкото ниво на постоењето. Другата причина да бара освета, за да ги израмни судбинските сметки со членот на семејството.

 

2-MKD_ancestors-dream

Со истражувањето засновано на духовната наука откривме дека во околу 70% од случаите суптилното тело бара помош во животот после смртта, додека во 30% од случаите бара освета, или го плаши и вознемирува потомокот во физичкото ниво на постоење.

Може да се смета дека сонот е од духовна природа доколку се повтори најмалку три пати едно по друго за време од три дена. Преминатите членови на семејството најчесто контактираат со членовите на семејството (или им се појавуваат во сонот) за кои чувствуваат дека можат да им помогнат. Во животот после смртта, суптилните тела полесно комуницираат со своите потомци преку соновите, отколку за време на будна состојба. Кога лицето кое сакаат да го контактираат е будно и преокупирано со разни активности, сите пет стила и умот не му се доволно сконцентрирани. Во фазата на спиење или сонување, умот полесно и поквалитетно ги забележува пораките од суптилниот свет.

Откривме дека лицата, кои имале насилна смрт, или прерана смрт, почесто се појавуваат во соновите во однос на лицата кои имале природна смрт, на пример после долготрајна болест. Лицата кои преминале со природна смрт, ментално се подобро подготвени за смртта, па затоа полесно се движат во животот после смртта. Во само 10% од случаите може да се случи негативните енергии во соновите да се претворат во преминатите роднини.

3. Што ако се сонува близок пријател кој ненадејно преминал?

Сонувањето на покојник не е нужно ограничено на членовите на семејството. Понекогаш во соновите се појават преминати блиски пријатели. Најчесто бараат помош, затоа што чувствуваат поголема блискост со лицето што го контактираат отколку со членовите на своето семејство на Земјата. Следнава приказна што ни ја раскажа еден од членовите на Фондацијата за истражување заснованона духовната наука (SSRF) истражувачкиот тим дополнително ќе го појасни наведеното.

Мојот пријател Андреј (не е неговото вистинско име) неодамна ме посети во SSRF во истражувачкиот центар и раскажа како го исплашил сонот за неговиот близок пријател, кој загинал во трагична несреќа. Андреј раскажа дека за време на студирањето не отишол на патувањето со својот пријател. Се натпреварувал на некоја приредба, за која го тренирал неговиот пријател. На тоа патување неговиот пријател се удавил.

Андреј чувствувал вина и жалење што не бил со пријателот и што не бил во можност да му го спаси животот. Немал сила да присуствува на неговиот погреб. Кратко после погребот, преминатиот пријател на Андреј почнал да му се јавува во соновите. Истиот сон се појавувал неколку дена во текот на неделата и во текот на неколку години. Иако се плашел од тој сон не барал помош и објаснување.

Еден ден, после многу години, се соочил со својот страв и му се обратил на пријателот во сонот, ’’Слушај, жал ми е што не бев таму со тебе. Не можам да го променам минатото, но исто не можам да живеам вака и да те сонувам секој втор ден. Што и да бараш од мене… направи што мораш… убиј ме ако сакаш, не ми е гајле.’’ Од следниот ден па понатаму веќе не го сонувал тој сон. Андреј почувствувал дека со спротивставувањето на својот пријател во сонот бил исправен начин. Меѓутоа, од духовна перспектива, се што барал преминатиот пријател била духовна помош од својот близок пријател Андреј. Кога веќе еднаш сфатило дека Андреј никогаш нема да го разбере, суптилното тело на преминатиот пријател заминало и никогаш повеќе не го барало.

Исправниот чин што Андреј можел да го преземе е да се распраша за ритуалите кои би му помогнале на преминатиот пријател.

4. Што може да се стори, на духовно ниво, да се помогне на преминатите сакани, или членовите на семејството кои се појавуваат во сонот?

  • Пеење на името Шри Гурудев Дата има силно влијание на решавањето на проблемите кои се предизвикани од преминатите предци, или членовите на семејството.
  • Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) исто така препорачува за потешките проблеми предизвикани од преминатите предци, или членовите на семејството, со пеењето на името Шри Гурудев Дата, извршат и специфични ритуали како што е Нарајан Нагбали (Ритуал за ослободување од суптилните тела на преминатите предци), Трипинди Шадра, итн.
  • Духовното ниво те. способноста на свештеникот или дргото лице што го спроведува ритуалот и мантрата, најчесто се услов за решавање на проблемот, и да му се помогне на покојникот во животот после смртта. Ритуалите кои содржат само молитви се повеќе на психолошко ниво и имаат минимално влијание во однос на енергијата концентрирана на одредена мантра.

Сонови за преминатите предци кои се повторуваат