1-MKD-vastu-vibrations

Пред да го прочитате овој напис, ви препорачуваме да се запознаете со следниве написи :

1. Вовед

Во нашиот претходен напис за просториите, научивме како фреквенциите се создаваат во празните простории, и како физичките својства, како и жителите во просториите одредуваат кои видови на фреквенции ќе се појават.

Во овој напис понатаму ги проучуваме лековите, кои можат да се примент со цел да се намалат вознемирувачките фреквенции во просториите, и да се зголемат пријатните. Многумина од нас ќе се пронајдат во примери, дека ние работиме подобро во чиста животна средина отколку во валкана. Ова е директна последица на духовните вибрации од чистата животна средина, се повеќе позитивни од оние на нечиста.

Во продолжение ќе презентираме некои практични точки, препорачани од духовната наука и науката за просториите (Васту Шастра), како да ги зголемиме пријатните фреквенции во домот.

2. Практични совети за подобрување на духовните вибрации во домот

2.1 Избегнувајте тама активности кои привлекуваат негативни вибрации

Неколку точки за намалување на негативните вибрации во домот се наведени подолу:

  • Најдобро е да се избегнуваат експерименти со ритуали или игри со цел да се привлекуваат духови. Ве молиме погледнете го нашиот напис за контактирање духови или преминати роднини преку медиум или одбор за духовни сеанси за повеќе информации. 

  • Од духовна перспектива, пушењето и консумирањето алкохол во домот е непожелно. Пушењето често е поттикнато од суптилните тела на преминатите предци така што тие можат да дојдат во домот, и да почнат да шират црна енергија низ домот кога некој пуши. Покрај тоа во чадот преовладува Раѓа-тама доминанта компонента и шири црна енергија низ домот. Алкохолот исто така е Раѓа-тама доминантен и затоа пиењето алкохол во домот на сличен начин ги привлекува суптилните тела на преминатите предци и нивната црна енергија. Покрај тоа алкохолот самиот по себе привлекува негативна енергија и духовно го загадува просторот во кој се чува. Затоа препорачливо е да не се држи алкохол во домот. Ве молиме погледнете го написот за духовна чистота на разни пијалаци.

  • Најдобро е да се избегне вклучување на телевизорот на подолги периоди, бидејќи шири негативна енергија во домот. Кога телевизорот е исклучен, неговиот екран може да биде покриен со Сатвик крпа бидејќи од екранот може да се емитуваат негативни вибрации и кога телевизорот е исклучен.

  • Корисно е да се избегне пуштање на гласна музика во просториите. Гласната музика привлекува и шири негативна енергија во животната средина. Овие вибрации можат да останат во домот подолго време.

  • SSRF препорачува воздржување од употреба на зли зборови и лош јазик во домот. Овој тип на јазик привлекува и шири негативна енергија во домот. Причината поради која луѓето го употребувааат е негативна. Мислите и намерите на личноста како и самите зборови духовно ја загадуваат животната средина.

2-MKD-Tips-vastu-vibrations

2.2 Внесете позитивност во домот

Доколку ги примените следните совети, можете во куќата да внесете позитивна енергија.

  • Одржување чистота и уредност: Постои една изрека која вели: “Онаму каде што има чистота, таму е Господ” или “Чистотата е побожност”. Чистотата и уредноста се божествени квалитети и ние треба да ги одржуваме нашите домови чисти, бидејќи нечистотијата привлекува Раѓа-Тама вибрации.

  • Држење врати и прозорци отворени: Петте космички елементи (панчататва) содржат божествена свесност (чаитанија) и тие се активни во нивните материјални форми преку земјата, водата, огнот, воздухот и просторот кој што го гледаме насекаде околу нас. Држењето на отворени врати и прозорци ни овозможува да се направи духовно исцелување преку петте космички елементи, па затоа е најдобро вратите и прозорците да се држат отворени секогаш кога е можно.

  • Растенија покрај просториите: Како што земјината парцела и просториите емитуваат духовни вибрации, растенијата во просториите исто такта емитуваат различни духовни вибрации. Некои растенија имаат тенденција да емитуваат повеќе сатва вибрации од други, па со засадувањето сатва растенија низ просториите ги прави просториите духовно почисти. Некои примери на сатва растенија се Светиот босилек (тулси), хризантема, хибискус и банана дрво. Секогаш кога е можно, корисно е да се засади сатва растение околу куќата или да се чува внатре во куќата, на пример во дневната соба.

  • Олтар поставен во правец исток-запад: Ако некој држи олтар во домот, најдобро е да го постави во правец исток-запад. Сонцето ослободува Божествени фреквенции како што поминува низ небото секој ден, а овие Божествени фреквенции се најдобро привлечени кон олтарот ако е поставен во правец исток-запад.

3. Важноста на духовната пракса

Следната табела дава компаративна важност на различни лекови за подобрување на духовните вибрации во домот.

Компаративно значење на мерките за духовно чистење на просториите

Мерка % на значење
Духовна пракса на жителите во просториите 30%
Жители во просториите кои што имаат пријатен карактер 30%
Ритуали за чистење на просториите 14%
Посета од страна на Светци 10%
Држење на вратите и прозорците отворени 2%
Отстранување на неправилностите во просториите кои влијаат на суптилни вибрации во просторот 2%
Избегнување експерименти со енергиите како што е маса за спиритуални сеанси 2%
Разно (засадувањесатвик растенија како што е Светиот босилек итн.) 10%
100%

Од горната табела можеме да ги извлечеме следните заклучоци:

  • Напорите за подобрување на духовните вибрации во просториите, спроведени преку дејствија како што се држењето на вратите и прозорците отворени, имаат свои ограничувања. Сепак важно е овие активности да се практикуваат колку е можно повеќе.

  • Жителите во просториите треба да имаат пријатен карактер. Секаде каде што тоа не е случај, тие можат да се стремат да се подобрат самите себе. Во тој поглед духовната пракса ни помага многу.

  • Нашата духовна пракса треба да биде редовна и постојана. За разлика од тоа што ни дава искуство на Блаженство (Ананда) исто така влијае и на духовните вибрации во нашиот дом. Местата населени од Светци емитуваат неизмерно пријатни фреквенции. Ова се должи на интензитетот на нивната духовна пракса.

4. Заклучок – Васту Шастра и духовната наука за домот

Со примена на советите препорачани од страна на науката Васту Шастра и духовната наука, можеме да ги избегнеме негативните вибрации и да се осигуриме дека нашите домови привлекуваат позитивни вибрации. Практичните совети презентирани во овој напис нема да ви помогнат само во вашите домови, туку и во простории како што се канцеларии, продавници итн.

Духовната пракса од друга страна, позитивно влијае на нашата личност и значително ги подобрува духовните вибрации во нашиот дом. Во прилог на ова, духовната пракса ни помага всушност да ги препознаеме пријатните и непријатните вибрации во просториите, и да ја разбереме духовната причина за таквите искуства.