Во продолжение се дадени примери на очигледните и вистински причини за проблемите низ многу димензии од нашиот живот. Сите овие се примери на случаи од реалниот живот каде Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), откри дека причините за проблемите се духовни по природа.
Доста често бараме решение на погрешно место, и затоа некои проблеми никогаш не заминуваат, бидејќи нивниот корен е духовен по природа и може да се третира само со духовни средства.
1. Проблеми кои влијаат на поединци или семејства
Анализа на случај 1: Брачни проблеми
Доколку сопружниците се депресивни поради брачни проблеми и не можат да ги решат самите, би можеле да побараат помош од брачен советник, кој е дипломиран психијатар.
Која е духовната причина за брачната дисхармонија?
Духовите на преминатите предци може да предизвикаат брачна дисхармонија, што пак води во депресија. Па според тоа, вистинската причина за депресијата е чувство на вознемиреност предизвикано од страна на суптилните тела на преминатите предци. Преку ова, предците се обидуваат да го привлечат нашето внимание како би направиле нешто што ќе им помогне духовно во проблемите кои што ги имаат по напуштањето на телото.
Анализа на случај 2: Болка во градите
Ако ние патиме од болка во градите, докторот обично не праќа да извршиме низа тестови, вклучувајќи електрокардиограм (ЕКГ), снимање (X-зраци) на градниот кош, анализа на крв итн. Ако ништо не се појави во резултатите од тестовите, лекарите обично кажуваат дека е случај на срцева невроза, што е болка во градите која произлегува поради психолошки конфликти.
Која би можела да биде вистинската причина за болката во градите?
Болка во градите која се повторува и која неможе да се третира од страна на модерната наука, генерално, има своја причина во духовната димензија.
Духовната причина зашто ова би можело да се случи е поради тоа што е блокиран суптилниот енергетски систем во телото. Блокадата генерално се должи поради недостаток на духовна пракса (садна)
Анализа на случај 3: Финансиски проблеми
Лицето коешто минува низ финансиска криза, може да ја препише големата загуба во бизнисот поради лошата работа на работниците, и може да ангажира консултант да му помогне.
Која би можела да биде духовната причина за лошата работа на работниците?
Необјаснивиот губиток во бизнисот и покрај најдобрите напори може да се должи поради вознемирувачките енергии во целиот простор на фабриката.
Во секоја зграда, присутна е одредена енергија. Во зависност од архитектурата и поставувањето на мебелот и машинеријата, може да се создадат негативни вибрации. Како последица на ова може да дојде до недостаток на ефикасност кај работниците и раздор помеѓу нив.
Анализа на случај 4: Зависност од дрога
Во некои случаи ги гледаме луѓето како стануваат зависници од дрога – но зошто тие стануваат зависници – центарот за рехабилитација обично тоа го препишува на депресијата или несоодветното растројство кај личноста.
Духовното истражување покажа дека во сите случаи на зависност, вистинската причина за зависноста е тоа што сите зависници се опседнати од дух.
Анализа на случај 5: Девојче ги губи своите родители во сообраќајна несреќа
Понекогаш можеме да видиме дека животот може да биде навидум нефер – мало девојче постанува сираче, каде што тоа преживува сообраќајна несреќа во која умираат нејзините родители. Луѓето обично се прашуваат која е причината за ваков еден настан – зошто мораше ова да ми се случи баш на мене – што направив за да го заслужам ова? Поголемиот дел од времето, луѓето околу нас не можат да ни дадат било каков одговор. Најдобро што можеме да му помогнеме на ова девојче да закрепне од инцидентот е да обезбедиме тоа да оди во добар згрижувачки дом.
Судбината е моќен фактор во одлучувањето на текот од нашите животи. Тоа е оној дел од нашите животи кој не е под наша контрола. Всушност сите големи настани во нашите животи, како што се раѓање, смрт, брак, и големи несреќи се предодредени.
Ве молиме погледнете го написот – Што е судбина (карма) а што слободна волја
2. Проблеми кои влијаат на општеството
Анализа на случај 6: Насилство во училиштата
Што е со проблемите кои влијаат на општеството во целина. Зошто настануваат и како ние се обидуваме да ги решиме.?
На пример растечкиот тренд на насилство во училиштата? Ние можеме да ја препишеме причината за ова поради недостатокот на почит и толеранција. Еден од лековите за ова може да биде едуцирање на децата да ги почитуваат и толерираат другите деца и да ги третираат со добрина.
На ниво на општеството, кога постои деградација на праведноста (Дарма) ќе се одрази на однесувањето на нашите деца.
Шанкарачарија кој беше голем Светец, ја дефинираше праведноста како поим кој обединува три задачи:
- Одржување на социјалниот систем во одлична состојба
- Спроведување световен напредок на секое живо суштество и
- Остварување напредок и во духовната димензија.
Анализа на случај 7: Зголемување на интензитетот на природните катастрофи
Кога имаме природни катастрофи како цунами или поплави кои збришуваат цели градови, таа појава обично ја препишуваме на различни географски причини. Геолозите трошат многу години и милијарди долари обидувајќи се да ги предвидат следните природни катастрфи, но без успех.
Кога ги читаме/гледаме вестите во денешните медиуми, забележуваме дека се исполнети со војни, разни природни катастрофи, поплави, земјотреси и пандемии.
Главната причина за ваквиот драстичен пораст, навистина лежи во духовната димензија. Физичкте фактори, како што се штетните гасови придонесуваат за ова зголемување само 30%.
Зголемувањето на Раѓа и Тама компонентите во светот, е како акумулацијата на прашина и нечистотија во нашата куќа. Зголемуваењето на природните катастрофи, пандемии, и војни се начинот на кој природата ја чисти нашата планетата.
Ова подетално е објаснето во нашиот напис “Глобалното затоплување причините и фактите – духовна перспектива.“
3. Резиме
Накратко, Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) открива дека голем број од секојдневните проблеми кој сите ги имаме во нашите животи, вистинска причина за поголемиот дел од нив лежи во духовната димензија. Разликата може да биде од мал проблем како што е брадавица или плускавец, до погрешни одлуки кои влијаат на остатокот од нашите животи.
Во следната статија, ние ги резимиравме различните вистински причини за проблемите во духовната димензија и веројатноста за нивното влијание врз нас.