SSRF одржува полугодишни духовни работилници во својот врховен духовно истражувачки центар во Гоа, Индија. Работилниците се бесплатни за сите учесници, со единствена цел да им се помогне во нивната духовна пракса. Учесниците ќе имаат среќа да бидат во друштво на Светци и да добијат лични совети за тоа како да ја подобрат својата духовна пракса. Работилницата која трае од пет до десет денови, има строг распоред и трагачите биваат изложени на многу практични сесии кои им овозможуваат да ги сфатат своите предности и слабости во духовната пракса. Учесниците-трагачи се во можност да учат од туѓи ситуации и да развијат вера слушајќи ги духовните искуства и личните трансформации на другите трагачи. Атмосферата е потполно насочена кон духовно учење и разбирање на духовната димензија. Трагачите можат да видат и доживеат многу единствени духовни феномени кои не се достапни никаде на друго место во светот.
Како може да се добие покана за духовна работилница на SSRF?
Оваа работилница е отворена за сите трагачи кои во својата духовна пракса вложиле искрен труд према советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Само ако еден трагател веќе го превзел обидот да практикува духовност редовно, може тој или таа, да има корист од ваквата работилница. Духовната наука е наука која се заснова на искуство и во која теоретското знаење е од ограничена вредност. Поради оваа причина, SSRF ја нагласува важноста и значењето на секојдневната духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.
Секој може духовно да напредува во овој живот доколку има желба за духовен напредок и на веб-страната на SSRF имаме обезбедено и овозможуваме јасни насоки за трагачи како духовно да напредуваат. Следи опис на чекорите кои обично ги следи секој кој е нов, односно само што стапил во контакт со SSRF, и сака да ги примени и следи советите препорачани од SSRF, во својата духовна пракса.
-
Прв контакт/среќавање со веб-сајтот на SSRF
-
Го чита веб-сајтот на SSRF
-
Започнува духовна пракса и продолжува да го проучува веб-сајтот на SSRF
-
Започнува да присуствува на сатсанзи (духовни средби) преку Skype (Скајп)
-
Започнува да обавува сатсева (служење на Апсолутната Вистина), зависно од неговата способност и талент.
-
Започнува духовна пракса на отстранување на недостатоците на карактерот и его и прави искрени напори за лична промена на подобро.