За оние кои се во дилема околу тоа, дали да планираат венчавка по ненадајна смрт на член од семејството, пример татко или мајка, добро би било да ги имаат на ум следниве духовни перспективи:
- Се препорачува барем најмалку една година по смртта на член од семејството да не се планира венчавка. Ова е затоа што периодот по смртта на член од семејството се смета за духовно неповолен. Причините се:
- Во времето на смртта и во периодот по смртта се зголемува основната суптилна Тама компонента (Тама – инерција и незнаење).
- Поради неисполнетите желби на лицето кое неодамна починало, во домот каде лицето живеело присутни се силни вибрации настанати поради врзаноста на тоа лице.
- Во домот каде живеело преминатото лице се осеќа неговото суптилно присуство. Дури и кога потенцијалниот младоженец живее во друга држава, поради цврсти кармички врски тој и неговиот дом ќе бидат погодени.
- Духовното истражување покажува дека луѓето со кои имаме силна емоционална врска како близок пријател, не спаѓаат во категоријата блиски роднини во духовна смисла.
- Во такви случаи, ако бракот се склучи во текот на првата година по смртта на член од семејството, младиот брачен пар може да подлежи на попречувања од суптилното тело на преминатиот предок кое суптилно е присутно околу членовите на семејството. Покрај тоа, доколку суптилното тело на преминатиот предок има духовно попречување како демонска опседнатост, тогаш и сите присутни на венчавката може да се соочат со духовни попречувања.
- Затоа се препорачува да не се планираат венчавки или било какви други семејни прослави барем најмалку една година по смртта на блиски членови од семејството.
- Најдобриот начин да се намалат штетните ефекти од смртта на близок член од семејството е редовно обавување духовна пракса.