Со текот на духовната пракса нашето шесто сетило почнува да се буди. По пат на шестото сетило во состојба сме да ја перципираме (согледуваме, те. восприемаме) духовната димензија.
Но, што прво почнуваме да препознаваме во духовната димензија?
Во продолжение се прикажани фазите во развојот на способноста да се почувствуваат фреквенциите / вибрациите од духовната димензија:
- Првите вибрации и фреквенции кои можеме да ги почувствуваме од духовната димензија се фреквенциите со негативни вибрации. Причината за тоа е што вибрациите на духовите од најниско ниво се нај допирливи (нај материјални) и најлесно можат да се спознаат преку шестото сетило. Фреквенциите на духовно повисоките нивоа бараат многу поразвиено шесто сетило
- Следува приказ на фазите за препознавање на позитивните фреквенции:
- Првото ниво на позитивните фреквенции што можеме да ги почувствуваме доаѓа од позитивната духовна енергија (шакти).
- После фреквенциите на позитивната духовна енергија (шакти) лицето може да ги почувствува фреквенциите на духовната емоција (бав).
- Следното во хиерархијата на позитивните фреквенции се фреквенциите на Божествената Свесност (Чаитанија).
- Четвртиот степен по суптилност се фреквенциите на Блаженството (Ананда).
- Најсуптилните фреквенции во духовната димензија се фреквенциите на Спокојот (Шанти) и тие го имаат квалитетот на Врховниот Бог.
Светците емитуваат фреквенции од позитивни вибрации во зависност од нивното духовно ниво. Во продолжение е прикажано со кои видови на фреквенции тие зрачат.
- Светец на 70% : Духовна енергија (Шакти)
- Светец на 80% : Блаженство (Ананда)
- Светец на 90% : Спокој (Шанти)
Просечените медиуми (на духовно ниво од 30-35%) можат да ги почувствуваат само вибрациите што ги емитуваат нижите духови како што е обичниот дух. Тие воглавно не можат да ги спознаат и почувствуваат позитивните фреквенции. Во најголем број на случаи, позитивните енергии што тие ги чувствуваат се во суштина негативни енергии (духови, ѓаволи, демони, итн.) кои се претставуваат дека се позитивни. Просечниот визионер / медиум не може да ги почувствува вибрациите на Светец.