Според духовната наука повторувањето (пеење) на Божјото Име е препорачана основна духовна пракса во денешно време, те. во периодот на пеењето (Калијуга). Пеењето се врши во текот на целото духовно патување. Пеењето може да се практикува било каде и било кога и затоа е најсоодветна духовна пракса.
Оваа духовна пракса, освен тоа што е практична, исто така е во согласност со шесте основни духовни принципи за кои веќе говоревме малку порано.
Духивен принцип | Како пеењето е во согласност со шесте основни духовни принципи |
---|---|
Духивен принцип
|
Како пеењето е во согласност со шесте основни духовни принципи
|
Патишта кон Бога има колку и луѓе
|
Не се очекува од сите да го повторуваат истото Име. Секоја личност го пее името на Божеството/Бога според својата религија или традиција.
|
Од мнозинство кон еден
|
Од многу зборови во молитвите се оди кон еден збор – Името на Бога. Тој еден збор е концентриран облик на Божјата енергија.
|
Од грубото и материјалното (допирливото) кон суптилното (недопирливото)
|
Поединецот напредува од читање на Светите книги, обредното црковно Богослужење итн. кон суптилната духовна пракса, а тоа е пеењето на Божјото Име кое може да се применува било кога и било каде и не е ограничено со времето и просторот. Обично кога присуствуваме на обредно Богослужење, или одиме на аџилак, мислите ни се на друго место. Кога пееме, свесни сме за окружувањето, но мислите ни се со Бога.
|
Духовната пракса се врши според духовното ниво или духовниот капацитет
|
Овој едноставен вид на духовна пракса може да го работи секој. Пеењето е основа, а како се напредува кон вишите облици на духовната пракса така се усвојуваат вишите нивоа на пеење како на пример: пеење без помрднување на усните, потоа ментално и на крајот непрекинато пеење.
|
Вршење на духовна пракса која одговара на времето во кое живееме
|
Според духовната наука, пеењето е духовна пракса која се препорачува на човештвото за денешно време те. за оваа доба.
|
Да се понуди на Бога во согласност со својот талент и можност | Секој од нас има на располагање одредени ресурси. Сите тие ресурси сме ги добиле од Бога. Основниот принцип во духовната пракса е користење на овие ресурси како дел од нашата духовна пракса и за духовен раст како би му служеле на Бога. |