MKD_M_-Chanting-the-Name-of-God-for-health

1. Пеење за здравје – вовед

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), од самото свое основање, константно настојува да ја информира јавноста, дека вистинските проблеми во животот можат да бидат било од физички, психолошки или духовни причини. Истражувањето засновано на духовната наука, кое го спроведе SSRF, покажа дека вистинските духовни причини за проблемите во животот, вклучувајќи ги и здравствените проблеми, можат да придонесат и до 80%, и тоа без обзир за каков проблем се работи. Проблемите чија вистинска причина е духовна, најефикасно можеме да ги отстраниме со обавување духовна пракса и користење некои други методи за духовно исцелување. Во сегашната ера, се советува пеење на Божјото Име, според религијата на раѓање, како основна духовна пракса. Пеењето донесува физичка, психолошка и духовна благосостојба.

Ве молиме прочитајте го и нашиот напис – Ограничувања на модерната медицинска наука или медицина и потребата за духовно исцелување.

2. Со применувањето мерки за духовно исцелување, органите зафатени од болеста стануваат посилни

За да се разбере вистинската причина за болеста, духовните причини зад болеста, и процентот на духовната причина, сето тоа е дел од духовната или суптилна димензија која е тешко да се разбере. Покрај тоа, способноста на еден човек кој ја разбира суптилната димензија, и кој може да ни каже што треба да направиме, не е секогаш можно. Затоа, едно лице не е секогаш во можност да разбере точно кој орган е зафатен, кои духовни мерки (пеење, мудра и нијас) може да се применат, со цел органот да зајакне и да се ублажи болеста до одреден степен. Во делот пеаници за духовно исцелување се опфатени органите на телото и поврзаните со нив Биѓмантри и пеаници. Исто така овој дел ја опфаќа и мудрата која треба да се применува за таа одредена болест, и кој нијас треба да се примени на поврзаните чакри. Пациентите покрај тоа што треба да ја искористат предноста која им е овозможена од дадените духовни мерки, својот третман треба да го надополнат и со модерната медицина.

3. Пеаниците на Имињата на Божествата кои се одговорни за работата на одредени орагани во телото

Кога е потребно да се пее Божјото Име, со цел за духовно исцелување, треба да знаеме еден важен духовен принцип. За секој орган во телото е одговорен еден од Божјите Приципи, познат како Божество. Кога нечиј орган е под влијание на одредена болест поради духовна причина, пеење на Името на Божеството кое е одговорно за тој орган, најверојатно ќе резултира со позитивен исход. Божествената свесност (Чаитанија) од тоа одредено Божество (Име на Бога), го зајакнува тој орган на духовно ниво и се зголемува способноста на лицето да се бори против болеста.

Колку е поспецифична пеаницата баш за таа одредена болест, толку побрзо ќе се покажат резултатите и во поголем процент.

4. Како максимално да го искористиме исцелувачкиот ефект од пеаницата

  • Пеење со концентрација: Кога едно лице пее со концентрација, заштитна обвивка од сатвик вибрации се создава околу заболените клетки. По одреден период на време, можноста да се повтори болеста е многу намалена.
  • Пеење со духовна емоција (Бав): кога едно лице пее со духовна емоција, во органите се буди Божествена енергија. Како резултат на тоа, клетките во органите добиваат инфузија од Божествена свесност. Поради оваа зголемена духовна позитивност, вознемирувачките вибрации, во форма на бактерии кои ја предизвикуваат болеста, се уништетни, а клетките на оболениот орган се регенерираат.
  • Пеење со молитва: Ефективноста на пеењето повеќекратно се зголемува кога пеењето е проследено со молитви повремено. Всушност, само кога едно лице интензивно се моли со духовна емоција, вибрациите на тој одреден Божествен Принцип во Универзумот, се привлечени кон лицето. Божествените вибрации ја исполнуваат свесноста на лицето, што доведува до уништување на вознемирувачките вибрации на болеста. Пеењето без молитви исполнети со духовна емоција не е толку квалитетно, туку само квантитативно, што не донесува доволно придобивки за пациентот.